Final Cut: Ladies and Gentlemen беше, во најмала рака, еден од најчудните филмови кои сум ги гледал. И навистина сум во една многу незавидна положба - не би знаел како да го оценам ова. Од една страна, веројатно е најоригиналниот филм кој сум го гледал, од друга - дали е ова воопшто филм? Дали воопшто режисерот и може да се нарече режисер (може, зашто создава almost-masterpiece, рециклирајќи), или само монтажер (што de facto е). За подвигот, и реализацијата заслужува не 10, туку 11,3 (Амди Бајрам style
), ама многу е тешко да се следи. Понекогаш во кадарот се појавуваат по повеќе од една жена или маж. Која е нашата? Што всушност се случи? Вакви прашања многу често си поставував. Плус, ОК, разбирам, не ни може нешто покомплексна приказна да се направи од ваков мозаик, и онака и ова одзело цели три години на креаторите, ама филмов најмногу страда баш таму, во приказната. Да, сфаќам, наједноставната од сите можни приказни е, клише-љубовната: маж и жена случајно се запознаваат, излегуваат на состанок, имаат неверојатен секс, одлучуваат да бидат заедно, рутините ги одделуваат еден од друг, а војната и бебето на крај ги враќаат пак заедно, the end, ама мене ми беше здодевна. На крај, кога би балансирал помеѓу едното и другото, сепак една солидна 7/10 мислам дека филмов заслужува.
Е сега, ако ги оставиме на страна сите аспекти кои обично и традиционално ги оценуваме кај еден филм, и се задржиме кон анализа на нешто ново, на уметност која пре-создава од веќе создадено, која менува контексти на сцени кои нам ни се познати, вистински филмофил не може да не го сака ова. Забележав многу сцени и од нашите филмови тука, во клубот: All About Eve, Titanic, Life is Beautiful, Singin' in the Rain, The Crow, City Lights, Phantom of the Opera... можеби и други. Забележав кадар од некој југословенски (на еден весник пишуваше: Умро је друг Тито), само не знам кој е филмот. Забележав уште еден куп кадри од познати филмови ставени во нов контекст, и сето тоа ми беше преубаво и презабавно. Значи, пак ќе речам - ако го гледаш ова како мозаик отфрлајќи ги оние работи кои конвенционално ги оценуваме во филмовите, ова е вистинско ремек дело!
А речиси и да немаше два последователни кадра од ист филм. Можеби и немаше воопшто.
Не речиси и да немаше, туку немаше. Една од договорените работи при монтажата била од секој филм да има по максимум 2 кадри. Е сега, бидејќи режисерот бил огромен фан на Линч, единствено само со неговите филмови направил отстапки.
За Пред дождот прочитав дека го имало, ама јас не го забележав баш тој кадар, и ми идеше да си пукнам од мака на крај.
Исто така многу од кадрите не беа баш со најдобар квалитет, најверојатно пресудно била можноста за набавка на сите овие наслови.
Огромен број од филмовите ги симнале од торент. Затоа благодарноста за isohunt. Интересно е тоа што во некоја прилика самиот режисер рекол: од торенти го создадовме, како торент и ќе го споделиме. Филмов освен проекциите по фестивали и веројатно по кино сали, не се продавал како DVD/BR или што и да е, туку самиот режисер го поставил за симнување на паблик тракерите.
Еден интересен факт за филмов: во делот во кој е претставен сексуален чин е употребен кадар од порнич. Употребени се и кадри од ТВ серии.
Исто така, не знам дали забележавте, кон крајот на филмов, од 59:30, до 01:01:00 некаде, и после од 01:12:00 до 01:13:30 некаде се истите кадри, по ист редослед.
За оние кои сакаат да одат на повисоко ниво и сами да препознаваат, еве ја комплетната листа на филмови од кои е создаден:
https://letterboxd.com/iwittmann/list/final-cut-ladies-and-gentlemen/ Јас сум гледал 84 од нив, или 19%.