- Член од
- 2 октомври 2017
- Мислења
- 183
- Поени од реакции
- 330
Среќна нова година на сите членови на кајгана!
Помина декември и со тоа дојдоа нови цифри за потрошувачка. Мерен период од 01.12.2017-31.12.2017. Не го ресетирам енергени, ќе работи цела сезона како саат за струја а јас ќе запишувам состојба:
-потрошени kwh: 446
-работни саати h: 644
-просечна цена за 1kwh: 5.35 денари
-цена за греење за месец декември 2387 денари.
-eнергени прави пресметка за потрошувачка со една ефтина тарифа и е прилично прецизен.
-просечна потрошувачка на саат 706W/h.
-најчесто работи на сетпоинт 25 во 4та брзина фан. Внатрешна температура е 20 степени мерено на прозор и паркет, 23-27 во внатрешноста од собата.
-климата работи од 05-24 часот, но доколку темепратурата падне под нула (-6 до 3 степени) работи 24 часа, со тоа што тогаш и ноќе работи на 25 степени. Во декемви работеше 24 часа околу 5 дена.
Не запишував дневна надворешна температура за ноември и декември, но може да се претпостави дека декември беше малце поладен од ноември. Сепак потрошувачка во декември е пониска, а тоа се должи на изолацијата, 10цм камена волна на таван. За 1 година изолацијата ќе се исплати самата себеси.
Просторија што се грее:
Грејно тело: инвертер 3.5 Хансол -20, види потпис. Уредов досега работи солидно. Замерки имам на дефростите што ги прави на температури околу нулата и даљинското кое некогаш не ги прима сите команди и покрај новите батерии. IFeel се однесува чудно, пробав да го користам кога сакав да ја натерам климава постојано да влече максимална струја, со тоа што даљинското го ставав на поладни локации (20 степени), но не успеав да постигнам максимален издув. Измерен е COP 3 на надворешна од 5 степени во импровизирани услови, понатаму ќе има повеќе тестирања.
Зимата за сега е топла и сметките за греење се ниски.
Следни чекори:
-мерење на делтаТ, максимален издув и COP со новите сензори со сонда.
-набавка на ласерски мерач на температура за мерење на температура на зид со цел анализа на топлинските загуби.
-во лето ќе се постави надворешна изолација, стиропор 5цм.
Од она што успеав да го заклучам досега, што е најекономично греење: изолација! Секое грејно тело грее испушта топлина. Битно е како ќе се чува таа топлина во просторијата. Сега топлината бега низ дебелите зидови.

Attachments
-
26,5 KB Прегледи: 21
Последно уредено: