Како надоврзување на претходните постови на
@Dexter26, денеска забележав дека Вип и во Карпош 1 и 2 до голем број на згради веќе има поставено подземни црева за кабли, и исто така воочливо е дека и ова претставува заедничка инвестиција на Телекабел и Вип, бидејќи по иста линија истовремено се пуштани црева и од Телекабел и од Вип. Како што успеав да забележам овие објекти се веќе поврзани на постоечката мрежа на Вип која е преку коаксијални кабли.
Да се надеваме дека ќе го следат примерот на Телекабел со поставувањето на оптика.
Прегледај го приврзокот 180900
Мразам да го рушам оптимизмот кој го поттикнав на темава, но можно е сепак да си бил во право за тоа што го спомна дека пуштањето на овие црева е поради преместување на постоечката кабелска мрежа под земја поради регулативите воведени од страна на АЕК.
Денес поминав во Лисиче, каде што исто така на некои улици се пуштени подземни црева за оптички кабли, не застанав за да видам од кој оператор се, но се погоди да наидам на монтери од Вип ТВ кои пуштаа коаксијален кабел кон краен корисник. Ги прашав монтерите дали цревата кои ги пуштаат се за оптички кабли, а тие ми рекоа дека Телеком Австрија никаде не пушта оптички кабли до крајните корисници, дури ни во неговата матична држава Австрија, туку секогаш се фокусирани исклучиво на хибридниот DOCSIS кабелски Интернет.
Си помислив дека можеби типот појма нема за што му зборувам, па затоа ме мавта, но ги проверив пакетите на Телеком Австрија во Австрија и на Випнет во Хрватска, и никаде не нудат Интернет пакети со симетрични Интернет брзини.
https://www.a1.net/internet/festnetz-internet/tarife/s/internet-pur
За волја на вистината, хрватскиот Випнет нуди оптички пакети, но без симетрични брзини, што говори дека најверојатно станува збор за хибридниот DOCSIS кабелски Интернет кој веќе го користиме во Македонија.
http://www.vipnet.hr/kucni-internet
Така да, навистина мразам да бидам песимист поради ваквите инвестиции на Вип, бидејќи вака полесно би можеле да пуштат подземни оптички кабли наместо само да ги преместуваат коаксијалните кабли под земја, но можно е целиот оптимизам од минативе месец дена да е чиста илузија, вистинска штета.
Освен ако - дај Боже - Македонија стане една од првите држави во кои Телеком Австрија ќе почне во блиска иднина да нуди оптички Интернет пакети со симетрични Интернет брзини кај кои оптичките кабли ќе завршуваат кај крајните корисници - дај Боже ова да биде опфатено со ребрендирањето во А1 Телеком. Во спротивно, за жалење се парите кои Вип ТВ ги има фрлено на раскопувањата на улиците и на пуштањето на подземните црева за оптички кабли, а да не заборавиме дека тоа претежно се пари кои дошле од нас - корисниците.