Нам, членството во ЕУ дека ќе не оправи преку ноќ тоа мало морген. Единствено што отвора е некаква перспектива за некоја подалечна иднина. Ние, нашите 5 минути сите овие години на независност добро ги прокоцкавме. Наместо да создадеме добра подлога, да изградиме држава со функционални институции, напротив ние се доведовме пред свршен чин.
Ние да бевме малку паметни немаше да се доведеме во ситуација да бидеме толку очајни за членство по секоја цена, туку ќе си оставевме простор за маневар по битните прашања, како што е спорот за името на пример.
Повеќе нема време за купување, нема време за глумење држава. Ние досега требаше да го решиме проблемот со името, да бидеме членка на НАТО уште во 2008 и да водевме паралелни преговори со ЕУ за членство и кога ќе се отвореа вратите за влез, ние требаше да бидеме први а не Црна Гора и таму некоја Србија која до пред 15-ина години беше држава со нула демократски капацитети, во целост водена од подземни криминални структури, разрушена од војни и бомбандирања.
Само изгледа некој немаше интерес за влез, инаку како ќе се случеа сите овие глупости изминативе 11 години, како ќе се пренесеше пола држава на приватни сметки на Белизе.
Еве и да останеше ситуацијата статус кво, да немавме остварено никаков напредок на полето на евроатланските интеграции, барем да имаше некаков напредок во другите области, економија, правосудство, образование, здравство...реално да беше намалена невработеноста и реално да пораснеше стандардот, ете тогаш ќе имавме некаква основа и простор да преговараме и со Грци и со ЕУ за членство и ќе имавме поширок простор за маневри. Вака што остана од нас?
Дисфункционална држава која е во длабока политичка криза, презадолжена, ограбена, корумпирана до срж со малцинство кое ужива поголеми права од мнозинството, да бидеме именувани како фактор на дестабилизација во регионот.
Ние самите си го сменавме името баш заради сите овие работи од погоре, сами си ја запечативме судбината делумно и со нашата незаинтересираност и менталитет како народ.
Затоа сега мислам дека е малку доцна за компромиси.
Единствено што можеме да се надеваме е дека наредната година ќе се реши спорот и дека ќе отпочнеме преговори, за да - ако некој таму од ЕУ, до 2025, се сожали па не набута заедно со Србите внатре.
Под услов ЕУ да не влезе во некоја нова економска и политичка криза.