Голем дел од криминалците што имаа проблеми овде со законот или со други криминалци бегаа на некое време во Бугарија, особено тие што имаат бугарски пасоши. Иако Хероинот влегува во најголем дел од Грција а Марихуаната од Албанија на пазарот во МК па и за надвор од МК се наоѓало и роба од Бугарија. Орце Коруновски Пикадили беше човек што моќ и заштита црпеше од врските со бугарската мафија според некои и директно од Мултигруп... Еден од најстарите дилери на дрога од
Франкфурт Мафија, Павле Пајо кои имал и своја група, беше во бегство па по неколку години го уапсија во Благоевград каде и таму развил мрежа на нарко бизнис во соработка со локалните дилери, Уште еден од Ф.М. што избега од канцелариите на СВР Велес при распит веднаш по апсењето со десетици кила марихуана, избегал нелегално во Бугарија и никогаш не се вратил повеќе во државава, Јованче Црното 2005 г. настан. Пред извесно време ми раскажуваа за некој од Пробиштип што имал бизнис со Бугарски кланови, и ова онака од ракав иначе има многу тоа историја во криминалот меѓу нив и нас