Споделам искуство на греење со FH35VE, во големата просторија, не споредувам за останатите бидејќи се во помали простории и не е проблем.
FH35VE сместена во 35m2 простор на јужна страна над неа таван со плоча неизолирана и кров панелен 8-10 цм.
Под неа не се грее, до неа спална која се грее ептен благо.
Од изолација единствено 3 стакла, рехау генео профил. Куќа со мачканица 25cm блок, без никаква изолација. Плус јужна страна е со откирен гитер кој влече директно ладно низ фугите.
До сега за декември има потрошено 213kw, со тоа што последните недела дена се температури денски 0 степени коа се затемни во Штип до -3.
Температура во соба над 19-20 степени константно, ноќеска 19 денски 22 до 24.
Климата е со поместен внатреше сензор. При што цело време е на ауто и користи 3та у 4та брзина поголем дел од времето ако брка температура.
Еве каде е поставен сензорот.
Еве го сензорот.
Како што можам да забележам на надворешни -2-3-1 мерачот мноогу често го гледам на 700-800-900w а кога постига температура се смирува и дува со 450-500w и послаб фан.
Особено ако во собата е 19-20 степени и ако ја ставам температурата на 26 на далинското, дува климата со максимум брзина за да постигне но и троши маме ебе. Еве слика од темп на издув со потрошња.
И тоа тршоши над 1600w константно час време за да постигне температура.
Можам да кажам дека поместувањето на сензорот ја прави климата ептен сензитивна, ако е поставена 20 степени и оддржува 20 степени во соба со 1-ва или 2-ра брзина и трошк 450-500w, покачување за само 1 степен ја ланчира климата во 3 та или 4та брзина каде троши 800w за да качи температура 1 степен. Па се смирува во 1 или 2 ра брзина.
Како што гледам Декември ќе имам околу 300-320kwh потрошено нонстоп уклучено. Што за овој простор во ваква куќа треба да е супер.
Sent from my iPhone using Tapatalk