@nikola2004mkd, Цените на електриката и техниката се паднати 2-3 пати. LCD, Plasma,мобилни, лаптопи, се е далеку поефтино сега. Кина сега прави фабрики во другите азиски и афрички земји и го надокнадува проблемот со скапата работна сила. Кај и да е, ќе отворат и во Македонија, затоа што имаме најефтина работна сила во светот. Но еднаш направивме ретроспектива и на суровините за изработка на климите, ништо не е поскапено.Перални, фрижидери, бојлери, греалки, апсолутно ништо не е поскапено, освен климиве, кои навидум се поефтинети, но не се. Намалена им е тежината на изменувачот, намален им е компресорот, зголемена им е декларацијата за моќност а цената е иста. Треба да се тужат, но искористуваат празен простор каде не е ништо правно регулирано.
Значи
Hansol18 -20 би требало теоретски да грее. Има компресор QXA-B141zF030A со 22000btu или на рамно 2X помоќен компресор од Hansol12 -20. Надворешната единица е потешка само 3.5кг, што укажува на фактот дека можно е изменувачот да е истиот а разликата да е само во компресорот. Но Грее.мк бара баснословна цена за овој модел од 65.000 денари

Многу пари за појак компресор.
@Chicco69 , ете и кај тебе може да прави исто дефрости како и кај мене. Работата е што имам 10 годишна Грее клима која не прави. ја силувам, никогаш не сум ја сервисирал, може фали фреон, има 1 метар цевки, надворешната и внатрешната никогаш не се чистени, но не прави дефрост, нема направено ниту еднаш ова зимо. Затоа знам дека не треба да прави дефрост на ова време, затоа мислам дека е (пре)слаб компресоров на Hansol12 -20. Инаку, сега за сега кратки дефрости прави.
@tzlatko , поздрав

, не се знаеме, но ќе ме научиш. Јас те цитирав тебе - постот за вакумирање, па се разви дискусија за тебе и те одбанираа. Не се нервирам за старо железо. Не напаѓам нешто за кое немам доволно информации. Кога ќе измериме нешто ќе имаме основа за суд. Нема зошто да се брзаме и да донесуваме непотполни заклучоци, зимата е пред нас а информациите цело време се изнесуваат на форум. Да бидеме коректни и да се придржуваме до точностите. Ако не чини климава тоа сите ќе го дознаеме овде, како и постопродажниот однос од грее.мк. Доколку грее смета дека може да реагира и да провери дали е во ред надворешната единица, може во секој момент и без да го побарам тоа, да покаже интерес кон постоечките клиенти, мојата клима за нив е достапна во секој момент да ја проверат (Здраво
@Gree info wave). Во суштина сите вие ќе имате повеќе корист од моето искуство со грее отколку јас самиот. Вториот впечаток веќе го кажав: одлична клима, запустена со слаб компресор. Значи ова е една од тие 'можеше да биде одлична само да не ...'
Го чекаме третиот суд после 3 месеци.