B
Bafra
Гостин
Ок, ти си во право.Член 3
Заради интересите на безбедноста организаторот на јавниот собир може да го извести Министерството за внатрешни работи за одржување на јавнот собир и мерките што се преземени за неговото одржување. Известувањето за јавен собир од ставот 1 на овој член се поднесува во 3 подрачната единица на Министерството за внатрешни работи на чие подрачје се одржува јавниот собир најдоцна 48 часа пред почетокот на одржувањето на јавниот собир. Во известувањето организаторот ги наведува следниве податоци: целите на одржувањето на јавниот собир; местото и времето на одржувањето; организаторот на јавниот собир; мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организаирање на редарската служба.
Член 4
Заради заштита на правата на граѓаните, нормалното одвивање на сообраќајот, снабдувањето на населението со лекови, храна, гориво и слични неодложни потреби, како и заради почитување на обврските од меѓународни договори, организаторот на јавниот собир е должен да го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и да организира редарска служба. Доколку организаторот побара, а Министерството за внатрешни работи определи обезбедувањето на одржувањето на редот на јавниот собир да го врши полицијата, трошоците за тоа обезбедување ги поднесува организаторот. Организаторот е должен да го прекине одржувањето на јавниот собир, ако дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот. Во случаите од став 3 на овој член, организаторот е должен веднаш да го извести Министерството за внатрешни работи.
Моментално запрен сообраќај и истиот не е низ цел град туку на одредени раскрсници. Не станува збор за никакво запирање на снабдување со лекови, храна, гориво и слични неодложни потреби.
Сепак дефиниција за нормални работи, запирање, неодложни потреби кај секого е различно
Притоа можеше уште еден член да цитираш веќе кога почна:
Член 1-а Правото на граѓаните на мирно собирање може да се оствари на начин со кој мирно ќе го изразуваат јавниот протест и притоа нема да се ограничува правото на граѓаните кои не учествуваат во јавниот собир на слободно движење и другите права утврдени со Уставот на Република Македонија.
Ова колку за информација за денеска :
Партијата од 15 до 17 часот ќе ги блокира раскрсниците кај Соборен Храм, кај „Мавровка“, кај „Нова Македонија“ и делегацијата на ЕУ и раскрсницата кај Црвен Крст.
Неможе од 09-11 или од 17-19, туку баш работно време кога завршува, за поголем стрес, повеќе гужва и загадување, повеќе гориво да се троши, народ да не мисли на други работи итн итн.
Психолошко ебавање на народот беше специјалност на Протуѓер