Одамна ја листам темава и понекад се чудам колку неблагодарни луѓе постојат околу напредокот на клубов.
Постов ќе биде подолг ама ова е мој став околу ерава на новиов Вардар. Прост пример ми е Стојков. Пред ангажманот у земјава на козо-ебачиве(албанија) беше најдобар поединец у Вардар/Работнички. Овде се трескавте од земја како е можно сериозен клуб како Вардар да го потпишува на 6месеци, па да се манипулира со него околу нов договор за на крај да иде албанија. Епилог? У управа имаше еден куп "фудбалски бауци" како дел од вас овде и Стојков си обезбеди животно финансиско (за нормални мак-услови сосема доволно)прашање со скоро никаков учинок на терен.
Други пак се дрзнавте да ги искористите дел од екстремитетите, за на тастатура да пишете лош коментар за Чеде. Ало?! Па само неговиот стаж у екипи кој се слика и прилика за наш Вардар е поголем од фудбалски текми што имате вие изгледано. Но за Чеде и старо-новиве вардарци у управа нешто потоа...
Која беше есенцијалната стратегија на клубот?
Тоа што се двои у ПМФЛ, и вториот ешалон на мк играчи у странство, односно помлади со никаков придонес у тамошноте тимови и некои што беа у залес на кариера со претходен белег у некоја посилна лига да се приберат дома.
Е сега кој е моментот?
За нивни крампон да стапне на нивана у Турново, свињарникон од Слога и ламинатон у Ѓорче требаше дебели договори, што исите ги добија а овде бевте страшно фасцинирани (а и ја) дека Вардар го донесе Попов, Пача, Грне и ред други. Кога истите сфатија дека со една нога може да се освои првенството овде а без никакви амбиции за излез у Европа, нивниот професионален живот едноставно го снема. Причина? Немање никаков авторитет врз играчи од тој калибар.
Доаѓањето на Седло (не толку омилен лик за мене) го разниша нивниот концепт на функционирање у клубот. Каков и да бил карактер и колку да се збори у врска со провизии преку менаџери или нз што, со него Вардар почна да личи на клуб, и што е најинтересно ... најплатените и звездите у тимот се зациментираа на клупа а играчи како Спировски кој преседа еден период на клупа стигна до носител на игра не само и Вардар, него и у А-репрезентација.
Што е следно?
Аутсајдерот Вардар од една мизерна лига каде тешко може фудбалскиот живот да се окарактеризира како професионален ,направи дворски шутеви од играчи на Малме, Копен и Фенер.
Апетитите кај нас пораснаа и почна да се маргинализираат игрите од квалификации а да се популаризира бледата игра у групи. Пак имам едно ало?! до вас... Значи добро посочив погоре од каква лига доаѓа Вардар, со цел тој замор иде на мегдан со двата (според мене) најголеми фаворити за полуфинале/финале у Лига Европа. Тим предводен од Манчини и кој најмалце у нивна лига игра против голем број на екипи слични на нив или приближно и против тим кој у шпанска лига, статистички најдобрите дефакто клубови у свет (реал, барса) имаат најтешки гостувања у Шпанија.
Епа момци таму кулминиравте со ругање колку тимов изгубил на квалитет и како Чеде не е кадар за Вардар( а на последново и стварно се смеев). За и на крај да ви докажат дека може да се носат и дома и гости со тимови од калибарот на Розенборг.
Дека е дефинитивно замор у прашање а не стратегија докажа завршетоков на сезонава, како што имаше поголем простор за одмор Вардар играше подопадлив фудбал и имаше налик на ланскиот Вардар.
Полусезоната заврши како што заврши, титула изгубена или не времето ќе покаже ама мое мислење е дека Вардар е тим на колектив и кој било да има лош ден има кој да покрие, за разлика од Искра која тимот им се сведува на двајца па и слободно ќе кажам ултра добри играчи, што значи било какво неиграње на еден од нив, Искра е за 30% послаба.
Денеска прочитав две одлични вести, дека заминале двајца просечни странци што според мене место за странец треба да зафаќа тип на играч што стварно ќе двои како Фелипе макар имало само двајца у тим и земале плата колку моменталниве 8 заедно и другата е дека менаџментот е сериозно разработен на производ на играчи од вардаровите младински категории, што оваа сезона и не е баш факт (слабо котираат сите младински категории)ама ако се земе у предвид дека Чеде е сериозен околу Вардар(што реално неверуав дека ќе дојде се додека не се појави на Александар Велики) а околу него има структура која барем ни дава до знаење што сака, а има целосни услови за да продуктира таков план.
Заклучок? Вардар извлече една огромна поента што значи вистинското фудбалско светло. Таму ништо не е случајно, нит па они стигнаа случајно каде што ги гледавме. Секоја позиција на терен има посилен играч од секоја прошла сезона, секоја година Вардар е тим кој што има се поголем број на репрезентативци, а и стана производител на репрезентативци, што е огромна реклама за да привлече добар странец.
Па драги поддржувачи на брендот Вардар, секој ова што го прочита нека му биде репер за понатамошна поголема воздржаност на излив на негативни емоции и ругање на било кој што има допринос(ама вистински допринос) у колективот Вардар , посебно у фудбалската парцела.