old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
- Член од
- 11 август 2009
- Мислења
- 6.153
- Поени од реакции
- 5.921
Тебе никако да ти дојде памет дека вакви булшит вести не поминуваат на форумов, а? Пратиле 2ца Грци протестно писмо до сенатот во 2004та, ти тоа во 2017та го објавуваш ко сензационална вест. Бог да чува...На големо ни се спрема бришење се што е македонско.Целокупната машинерија од предавниците на СДС,апетитот на албанските националисти за голема Албанија потпомогнати од грчките и бугарските фашисти работат со полна пареа за уништување на македонската нација.
Фактот дека УСА го подржува нивниот план не претставува тајна него реалност.Во прилог неколку документи за вистината на признавањето на уставното име на Р.Македонија од страна на УСА.
Прегледај го приврзокот 181835
До почитуваниот Колин Пауел, секретар на Стејт департментот - 22.11.2004
Драг Секретару Пауел
Ви пишуваме за да ја изразиме нашата голема загриженост од одлуката на Стејт департментот да на сегашната Поранешна Република Македонија (ФИРОМ) како „Република Македонија“. Ова нагло, еднострано отстапување од долгорочната позизција на политиките на САД, ЕУ и НАТО е контрапродуктивно. Ваквите акции влијаат на нашите многу успешни напори на нашиот сојузник Грција, да донесе економски напредок на ФИРОМ и да донесе мир и стабилност на Балканот. Грција е број еден инвеститор во ФИРОМ и овие две држави ги зајакнуваа своите взаемни односи на многу полиња.
Ова е повеќе од проблем околу името за грчкиот народ. Како што можете да се потсетите, над 50.000 грко-американци на 31 мај 1992 на меморијалниот собир во Вашингтон, за 42.000-дите грчки граѓани кои ги загубија животите кога овој дел од поранешна Југославија се обиде да создаде „македонска“ нација. Кога овие животи се загубија, нашиот Државен секретар, Едвард Стетениус Јуниор, го нарече „говорот за македонска нација...неосновано демагошко претставување кое не е ниту етничка ниту политичка реалност“ и „прикриени агресивни намери против Грција.“
Моментумот на овој запаллив потег, во изминатите години беше пригушуван со интервенцијата на САД и на напорите на Обединетите Нации да се разрешат разликите за името на ФИРОМ. Неодамна министрите за надворешни работи на Грција и ФИРОМ заедно ги најавија своите намери да се забрзаат овие напори на ОН. Оваа еднострана акција на САД се оддалечува од мирните, конструктивни напори да се преговара за овој проблем. Истото така е и во спротивност на историските факти за Македонија и непотребно ја повредува културата на нашиот верен сојузник Грција.
Со почит бараме Стејт департментот да се врати на долгорочните политики на именувањето на ФИРОМ. Дополнително цврсто ве поттикнуваме да работите во насока да ниту една друга држава од ОН ги прекрши овии политика и цврсто ве поддржуваме, како што тоа го побара Ариепископот Деметриос, напорите на ОН да резултираат со решение за името кое е прифатливо за двата народа на Грција и ФИРОМ.
Ви благодариме за вниманието
Членови на Конгресот - Мајкл Билиракис, Каролин Малони
Следува одговорот.
Прегледај го приврзокот 181836
Прегледај го приврзокот 181837
Стејт департмент, 7.12.2004
Драг г-дин Билиракис:
Ви благодариме за вашето писмо од 22 ноември во врска со одлуката на администрацијата да и се обраќа на Македонија со нејзиното уставно име.
По долго и внимателно разгледување, одлучивме дека овој чекор е неопходен во насока на постигнување на стабилност на Балканот. Бевме свесни дека оваа одлука ќе предизвика значајни контроверзи во Грција, како и помеѓу многу американски граѓани. Го направивме овој чекор за да ја зајкнеме стабилноста во Македонија во критичен момент бидејќи граѓаните се соочуваа со значаен избор за иднината на нивната држава.
Повеќе од една декада, ги консултиравме нашите партнери во Атина и во Скопје да се обидат да направат спогодба во врска со името во Обединетите Нации. Во отсуство на спогодба, и со брзото надоаѓање на потенцијално дестабилизирачкиот референдум во Македонија на 7 неомври, САД мора да дејствуваат брзо. Оваа одлука во никој случај не треба да се восприеми дека е насочена против Грција. Наша единствена цел беше да се помогне во избегнување на оживувањето на интер-етничкиот конфликт со потенцијални трагични последици за целиот регион, со афирмирање на нашата поддршка за Македонија како унитарна, демократска, мулти-етничка држава во своите постоечки граници. Следејќи ја оваа наша одлука, референдумот во Македонија беше неуспешен во значителна мерка. Убедени сме дека грците и оние со грчко потекло во САД како и оние ширум светот ја делат целта на стбилност на грчките граници.
Во голема мерка го цениме нашето партнерство со Грција, нешиот близок пријател и НАТО сојузник, со кого делиме стратешки интереси и длабоки културни врски. Ќе продолжиме да работиме со Грција во насока на остварување на заедничките цели...
Признавањето е поврзано исклучиво за саботирање на референдумот против територијалната поделба подржана од Црвенковски и раководството на СДС.
Денеска гледаме репризи од 2004 но овој пат не е територија во прашање него духовното богатство на македонецот.Повторно главен подржувач е СДС.
Со среќа!
Џафери: Промена на името во Собранието, доколку тоа го посака парламентарното мнозинство
http://lider.mk/2017/12/15/џафери-промена-на-името-во-собранието/
Оди на некоја фејсбук група каде што продаваат ајвар и ракија објавувај вакви вести.