АКТЕРКА (ранг листа)
БИТКАТА ЗА ОСКАРОТ ЌЕ СЕ ВОДИ МЕЃУ:
1. Sally Hawkins - The Shape of Water
2. Frances McDormand - Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
3. Saoirse Ronan - Lady Bird
4. Margot Robbie - I, Tonya
5. Meryl Streep - The Post
6. Judi Dench - Victoria and Abdul
ОСТАНАТИ МОЖНИ КАНДИДАТИ ЗА НОМИНАЦИЈА:
7. Jessica Chastain - Molly's Game
8. Annette Bening - Film Stars Don't Die in Liverpool
9. Kate Winslet - Wonder Wheel
10. Emma Stone - Battle of the Sexes
11. Diane Kruger - In the Fade
МОЖНИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“:
12. Carey Mulligan - Mudbound
13. Michelle Williams - All the Money in the World
14. Gal Gadot - Wonder Woman
15. Vicky Krieps - Phantom Thread
16. Jennifer Lawrence - mother!
17. Nicole Kidman - The Beguiled
18. Daniela Vega - A Fantastic Woman
ОСТАНАТИ КАНДИДАТИ, РЕЧИСИ БЕЗ ШАНСИ ЗА НОМИНАЦИЈА:
19. Brooklynn Prince - The Florida Project
20. Salma Hayek - Beatriz at Dinner
21. Debra Winger - The Lovers
22. Rachel Weisz - My Cousin Rachel
23. Hellen Mirren - The Leisure Seeker
24. Sally Hawkins - Maudie
ОСТАНАТИ КОИ БАРЕМ ЕДНАШ СЕ СПОМНАТИ, АУТСАЈДЕРИ:
25. Tatiana Maslany - Stronger
26. Millicent Simmonds - Wonderstruck
27. Claire Foy - Breathe
28. Cintya Nixon - A Quiet Passion
29. Frances Pugh - Lady Macbeth
30. Daisy Riddley - Star Wars: The Last Jedi
31. Margaret Qualley - Novitiate
32. Brie Larsson - The Glass Castle
33. Rebecca Hall - Professor Marston and the Wonder Woman
34. Charlize Theron - Atomic Blonde
35. Rooney Mara - A Ghost Story
36. Allison Williams - Get Out
37. Sareum Srey Moch - First They Killed My Father
38. Lily James - Baby Driver
39. Seo-Hyun Ahn - Okja
40. Emma Watson - Beauty and the Beast
41. Elisabeth Olsen - Wind River
42. Isabelle Hupert - Happy End
43. Anne Hathaway - Colossal
44. Sienna Miller - The Lost City of Z
45. Natalie Paul - Crown Heights[DOUBLEPOST=1513104907][/DOUBLEPOST]
Пред да продолжам со другите категории, мала анализа на она што од наградите помина до сега:
GOTHAM AWARDS - награди кои ги доделува Здружението на независни филмски работници во САД, и обично се наградуваат само инди-филмчиња. Последните 3 години освојувачот на Оскар за најдобар филм освои и Gotham награда за најдобар филм: Moonlight лани, Spotlight за 2015 и Birdman за 2014. Во 2013 Inside Llewyn Davis ја зеде наградата, иако освојувачот на Оскар 12 Years a Slave беше меѓу номинираните.
Годинава, наградата за најдобар филм ја зеде
Call Me By Your Name, кој е 4 на мојата листа. Номинирани беа и: The Florida Project (8 кај мене), Get Out (7), I, Tonya (14) и Good Time (го нема на мојата листа). Покрај него, голем победник на вечерта беше и
Get Out (7), кој освои 3 награди: најдобро сценарио, најдобар прв филм на режисер и награда од публиката. Вреди да се спомене и наградата за
Mudbound (11 на мојата листа), за најдобар актерски ансамбл. Останатите награди, актерски и сл. откако ќе ги објавам моите листи за тие категории.
Оваа награда не може секогаш да е релевантна, и покрај коинциденцијата да ги погодат последните 3 освојувачи на Оскар, затоа што филмовите финансирани од големите студија не можат да се најдат меѓу номинираните и наградените, а годинава такви се топ 3 филмовите од мојата листа.
Тука ќе ги спомнам само наградите од позначајните доделувања, па така, некои, како HFA (Hollywood Film Awards) кои не се многу значајни, ќе изостанат.
NATIONAL BOARD OF REVIEW AWARDS - ги организира NBR, здружение кое е основано пред повеќе од еден век, во 1909 година, и се едни од најзначајните награди во Холивуд. Награди доделуваат од 1920 до денес. Освен наградата за најдобар филм, и другите категории, ги бираат и ТОП 10 филмовите на годината. Во 2008 последен пат го погодиле Оскаровецот за најдобар филм, Sludog Millionaire. По тоа, наградите отишле кај: Up In The Air, The Social Network, Hugo, Zero Dark Thirty, Her, A Most Violent Year, Mad Max: Fury Road и Manchester by the Sea - со исклучок на некои, сите номинирани за најдобар филм во нивната година, но никој не освоил Оскар. Но, од 2004 навака, освојувачот на Оскар за најдобар филм секогаш е во нивната листа од ТОП 10, па претпоставувам таму треба да го бараме и годинава. Лани погодија и 7/9 номинирани. Не ги погодија само Fences и Lion.
Годинава, најдобар филм беше прогласен
The Post (9 кај мене). ТОП 10 филмови на годината се: Dunkirk (2), Call Me By Your Name (4), Lady Bird (5), Get Out (7), The Florida Project (8), Phantom Thread (15), Downsizing (20), The Disaster Artist (30), Baby Driver (36), Logan (41). Зошто ги нема најголемите 2 фаворити од мојата листа, не можам ни да претпоставам. Вреди да се спомене и дека наградата за најдобар ансамбл ја доделија на
Get Out (7).
NEW YORK FILM CRITICS CIRCLE - името на организацијата само кажува кој членува во неа - филмските критичари од Њу Јорк. Постојат од 1935, награди доделуваат од 1936. Последен пат го погодиле освојувачот на Оскар во 2011 - The Artist. По него, добитници на најдобар филм според нив биле: Zero Dark Thirty, American Hustle, Boyhood, Carol и La La Land. Пак како и кај NBR, освен Carol сите други биле номинирани за Оскар.
Годинава наградите се доделија пред 2-3 дена, а најдобар филм е
Lady Bird (5 кај мене), а награда за најдобар дебитантски филм доби
Get Out (7)
Во месецов следуваат следните награди:
- Европски филмски награди - 09.12
- Британските независни филмски награди - 10.12
- објавување на номинации за Златен Глобус - 11.12
- објавување на номинации за SAG (Screen Actors Guild) наградите, едни од најзначајните, зашто меѓу нив е најголемото гласачко тело на Академијата - актерите - 13.12
а во јануари 2018:
- Palm Springs International Film Festival - 02.01
- Златни Глобуси - 07.01
- објавување BAFTA номинации - 09.01
- Critics’ Choice Awards - 11.01
- PGA (producers guild) Awards - 20.01
- SAG (screen actors guild) Awards - 21.01
- објавување на номинации за Оскар - 23.01
- Art Directors Guild Awards - 27.01
и во февруари и март 2018:
- DGA (directors guild) Awards - 03.02
- WGA (writers guild) Awards - 11.02
- BAFTA (British academy film) Awards - 18.02
- CAS Awards - 24.02
- Independent Spirit Awards - 03.03
- ОСКАРИ - 04.03
Во меѓувреме ќе има и еден тон Critics Awards од здруженијата на критичарите по градови, а најинтересните, како Los Angeles, National Society od Film Critics, и сл. ќе ги следиме и тука. Следете ја темава![DOUBLEPOST=1512124005][/DOUBLEPOST]Заборавив, од она помина до сега, може да се види дека ќе биде разновидна филмска година на награди, и може да се очекува да има некое изненадување, со оглед на тоа што, ете, ТОП 3 филмовите од филмските портали речиси и да не ги спомнаа на првите 3 доделувања на награди (2 од нив и буквално не ги спомнаа).
Продолжуваме со наградите кои поминаа до сега:
LOS ANGELES FILM CRITICS ASSOCIATION (LAFCA) AWARDS - LAFCA е здружение на филмски критичари од Л.А. кое постои од 1975. Минатите 2 години ги погодија добитниците на Оскар - Moonlight и Spotlight, но претходните неколку години по ред правеа утки.
Оваа година за најдобар филм го прогласија
Call Me By Your Name, пред
The Florida Project, на второ место. За прв пат сезонава и The Shape of Water се најде меѓу наградените, за најдобра режија, па некако го вратија филмот во живот по драстичниот пад меѓу предвидувањата по првите неколку награди.
CRITICS' CHOICE NOMINATIONS - Меѓу номинираните доминираше The Shape of Water (1) со 14 номинации. За најдобар филм се номинирани: The Big Sick, Call Me By Your Name, Darkest Hour, Dunkirk, The Florida Project, Get Out, Lady Bird, The Post, The Shape of Water и Three Billboards Outside Ebbing, Missouri. Или, преведено по нашки - првите 9 од мојата листа, и единаесеттиот.
AFI (AMERICAN FILM INSTITUTE) MOVIES OF THE YEAR - Институт основан во 1965 од независни филммејкери, кој секоја година прави своја топ 10 листа со најдобрите филмови на годината. Обично секогаш дел од таа листа е и освојувачот на Оскарот за најдобар филм.
Оваа година топ 10 се: The Big Sick, Call Me By Your Name, Dunkirk, The Florida Project, Get Out, Lady Bird, The Post, The Shape of Water, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri и Wonder Woman. Пак од мојот топ 10 скоро сите се тука, освен седмиот Darkest Hour и десеттиот Mudbound кои ги заменуваат единаесеттиот The Big Sick и тринаесеттиот Wonder Woman.
ЕВРОПСКИ ФИЛМСКИ НАГРАДИ - Шведскиот
The Square на Рубен Ослунд освои се што можеше да освои, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм (и уште 4 други, т.е. сите категории во кои беше номиниран). Единствено наградата за најдобра актерка отиде во рацете на главната актерка од унгарскиот On Body and Soul. Интересно е што првиот ја освои Златната палма во Кан, а вториот Златната мечка во Берлин годинава.
GOLDEN GLOBES NOMINATIONS - Најголем победник при објавувањето на номинациите е
The Shape of Water со вкупно 7 номинации, пред
The Post на Спилберг со 6. За најдобра драма номинирани се: Call Me By Your Name, Dunkirk, The Post, The Shape of Water и Three Billboards Outside Ebbing, Missouri, а за најдобра комедија/мјузикл: The Disaster Artist, Get Out, The Greatest Showman, I, Tonya и Lady Bird. Најголемо изненадување е All the Money in the World кој заработи 3 номинации, иако на претходните доделувања на награди не беше ни спомнат, а најголемо разочарување - The Big Sick, кој беше тотално исклучен од сите категории.
----------------------------------------
Наградите толку. Академијата објави уште 2 кратки листи во две категории на неколку филмови кои продолжуваат понатаму во трката до номинација.
НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ:
“Abacus: Small Enough to Jail,” Mitten Media, Motto Pictures, Kartemquin Educational Films and WGBH/FRONTLINE
“Chasing Coral,” Exposure Labs in partnership with The Ocean Agency & View Into the Blue in association with Argent Pictures & The Kendeda Fund
“City of Ghosts,” Our Time Projects and Jigsaw Productions
“Ex Libris – The New York Public Library,” Ex Libris Films
“Faces Places,” Ciné Tamaris
“Human Flow,” Participant Media and AC Films
“Icarus,” Netflix Documentary in association with Impact Partners, Diamond Docs, Chicago Media Project and Alex Productions
“An Inconvenient Sequel: Truth to Power,” Paramount Pictures and Participant Media
“Jane,” National Geographic Studios in association with Public Road Productions
“LA 92,” Lightbox
“Last Men in Aleppo,” Larm Film
“Long Strange Trip,” Double E Pictures, AOMA Sunshine Films and Sikelia
“One of Us,” Loki Films
“Strong Island,” Yanceville Films and Louverture Films
“Unrest,” Shella Films and Little by Little Films
НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ:
“DeKalb Elementary,” Reed Van Dyk, director (UCLA)
“The Eleven O’Clock,” Derin Seale, director (FINCH)
“Facing Mecca,” Jan-Eric Mack, director, and Joël Jent, producer (Dschoint Ventschr Filmproduktion)
“Icebox,” Daniel Sawka, director, and Camille Cornuel, producer (Iceboxthefilmco)
“Lost Face,” Sean Meehan, director, and Sam McGarry, producer (Soma Films)
“My Nephew Emmett,” Kevin Wilson, Jr., director (New York University)
“Rise of a Star,” James Bort, director, and Boris Mendza, producer (Fulldawa Films)
“The Silent Child,” Chris Overton, director, and Rachel Shenton, writer (Slick Films)
“Watu Wote/All of Us,” Katja Benrath, director (Hamburg Media School)
“Witnesses,” David Koch, director (Lux for Film, Diez Films and Paradoxal)