- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.987
- Поени од реакции
- 37.268
Еве ме. Конечно. Да, освен темата за Оскарите за 2013, сите други, 4 на број, сум ги отворил пред 30 ноември. Особена чест и задоволство ми е што по шести пат ќе ја отворам токму јас темата за најважната награда во светот на филмот, наградата на Американската филмска академија (во продолжение AMPAS или Академијата), која овојпат ќе се одржи по јубилеен, 90-ти пат, засенета од низата обвинувања за сексуални малтретирања и вознемирувања од страна на т.н. холивудски предатори, како Харви Вајнстејн, Кевин Спејси, Луис Си Кеј, Ларс фон Трир и низа други. Се уште е непознато како скандалите ќе се одразат на наградата и на филмскиот свет, ќе видиме до година, кога ќе бидат доделени златните статуетки. За сега, имаше само една голема промена - Харви Вајнстејн стана вториот член на Академијата во историјата кој бил избркан од неа! А со оглед на тоа што држеше огромен сноп на конци во Холивуд кои сега му се скинати, промената дефинитивно ќе има огромно влијание врз Оскарите за 2017.
Да се вратам назад на нашата тема. Оскарите за 2017 официјално започнаа пред некој ден, кога на годинешните Governors Awards им беа врачени почесни Оскари за животно дело на Charles Burnett, Owen Roizman, Donald Sutherland и Agnès Varda, и уште еден Оскар за особени достигнувања во областа на филмот за Алехандро Гонзалес Ињариту за неговиот проект со виртуелна реалност Carne y arena. Продолжуваат со презентирањето на кратките листи на филмови кои ја продолжуваат трката до номинација во некои категории како странски филм, краток анимиран, документарец, визуелни ефекти, музика, песна и сл., подоцна, на 23 јануари 2018 со објавувањето на номинациите во истите 24 категории како изнинативе десетина и повеќе години, за да финишираат на 4 март 2018 (малку подоцна од вообичаено заради Зимските олимписки игри 2018 кои се одржуваат во февруари) во Dolby Theatre во Холивуд, Лос Анџелес, каде ќе бидат доделени златните момчиња на „најдобрите“ меѓу „најдобрите“. Втора година по ред шоуто ќе го води комичарот Џими Кимел (прв пат по Били Кристал во 1997 и 1998), а ќе биде продуцирано и од истите продуценти: Michael De Luca и Jennifer Todd.
А што прави толку рано темава тука? Сме го збореле ова, вратете се назад во претходните теми:
2012
2013
2014
2015
2016
Еве објаснувањето од лани:
Стандардно, до објавувањето на номинациите пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум. И секако, по доделувањето на Оскарите, четвртите по ред Kajgana Film Awards!
Еве ги годинешните фаворити во некои од главните категории:
_________________________________________________________________
ФИЛМ (ранг листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)
СИГУРНИ НОМИНАЦИИ, ВЕРОЈАТНО ЕДЕН ОД ТРИТЕ ЌЕ ГО ЗЕМЕ И ОСКАРОТ:
1. THE SHAPE OF WATER - Guillermo del Toro (7.6)
2. DUNKIRK - Christopher Nolan (8.3)
3. THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING, MISSOURI - Martin McDonagh (8.5)
УШТЕ ЕДНА СИГУРНА НОМИНАЦИЈА, И СПОРЕД МЕНЕ, СИЛЕН КАНДИДАТ ЗА ОСКАРОТ, ИАКО НЕ МИСЛАТ СИТЕ ТАКА:
4. CALL ME BY YOUR NAME - Luca Guadagnino (8.4)
НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАТ НОМИНИРАНИ И:
5. LADY BIRD - Greta Gerwig (8.5)
6. DARKEST HOUR - Joe Wright (6.0)
7. GET OUT - Jordan Peele (7.7)
8. THE FLORIDA PROJECT - Sean Baker (8.1)
НАЈГОЛЕМИ ФАВОРИТИ ЗА ТЕОРЕТСКИ ПОСЛЕДНИТЕ 2 НОМИНАЦИИ:
9. THE POST - Steven Spielberg (N/A)
10. THE BIG SICK - Michael Showalter (7.7)
11. MUDBOUND - Dee Rees (7.5)
12. BLADE RUNNER 2049 - Denis Villeneuve (8.4)
МОЖНИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“:
13. WONDER WOMAN - Patty Jenkins (7.6)
14. I, TONYA - Craig Gillespie (7.6)
15. PHANTOM THREAD - Paul Thomas Anderson (9.1)
СЕ СПОМНУВААТ УШТЕ И:
16. BATTLE OF THE SEXES - Jonathan Dayton, Valerie Faris (7.0)
17. DETROIT - Kathryn Bigelow (7.6)
18. LAST FLAG FLYING - Richard Linklater (7.3)
19. MOLLY'S GAME - Aaron Sorkin (7.1)
20. DOWNSIZING - Alexander Payne (6.2)
До крајот на листата за оваа година има уште 28 (+) филма, но нивните шанси се речиси еднакви на 0 - ако можам, ќе ја продолжам листата подоцна.
Исто така, ќе направам слични листи и за останатите позначајни категории.
И пак, copy-pasted од лани: ве молам немојте повторно со муабетот „рано е за темава“ - наместо одговор, видете ги мислењата од минатите години, сто пати имаме дискутирано на таа тема.
Let the Oscar season begin!

Оваа година, има една значајна измена меѓу сајтовите кои ги дадоа предвидувањата: наместо со години стандардниот Variety кој годинава се уште нема објавено свои листи со предвидувања, го зедов во предвид мислењето на магазинот The Playlist. Останатите 4 се истите: Indiewire, Awards Watch, Awards Circuit и блогот Animation Alley. А исто така, заради првата утка во мојот систем (за прв пат лани најдоброрангираниот филм La La Land не го зеде Оскарот за најдобар филм, туку го зеде Moonlight, кој иако беше со ист број на бодови, беше треторангиран), оваа година одлучив, само во категоријата најдобар филм, да земам во предвид предвидувања на уште 3 филмски портали: EW, Collider и GoldDerby.За тие кои не знаат како функционира мојот систем: ги земам во предвид предвидувањата на 5 сајта кои се ориентирани кон филмот, и преку систем на бодување на филмовите од нивните предвидувања, добивам ранг листа на филмовите кои веројатно најдобро ќе поминат на доделувањето на Оскарите, и ја презентирам тука. Иако голем дел од овие филмови сѐ уште немале ни премиера по кино салите во Америка (поточно, во Лос Анџелес), овие предвидувања се прават на основ на нивните проекции и прием од публиката на филмските фестивали и секако, по скринерите доставени до членовите на Академијата и новинарите (иако сѐ уште е рано за кулминацијата на сезоната на скринерите, кои обично се најбројни пред Нова година)
Стандардно, до објавувањето на номинациите пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум. И секако, по доделувањето на Оскарите, четвртите по ред Kajgana Film Awards!
Еве ги годинешните фаворити во некои од главните категории:
_________________________________________________________________
ФИЛМ (ранг листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)
СИГУРНИ НОМИНАЦИИ, ВЕРОЈАТНО ЕДЕН ОД ТРИТЕ ЌЕ ГО ЗЕМЕ И ОСКАРОТ:
1. THE SHAPE OF WATER - Guillermo del Toro (7.6)
2. DUNKIRK - Christopher Nolan (8.3)
3. THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING, MISSOURI - Martin McDonagh (8.5)
УШТЕ ЕДНА СИГУРНА НОМИНАЦИЈА, И СПОРЕД МЕНЕ, СИЛЕН КАНДИДАТ ЗА ОСКАРОТ, ИАКО НЕ МИСЛАТ СИТЕ ТАКА:
4. CALL ME BY YOUR NAME - Luca Guadagnino (8.4)
НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАТ НОМИНИРАНИ И:
5. LADY BIRD - Greta Gerwig (8.5)
6. DARKEST HOUR - Joe Wright (6.0)
7. GET OUT - Jordan Peele (7.7)
8. THE FLORIDA PROJECT - Sean Baker (8.1)
НАЈГОЛЕМИ ФАВОРИТИ ЗА ТЕОРЕТСКИ ПОСЛЕДНИТЕ 2 НОМИНАЦИИ:
9. THE POST - Steven Spielberg (N/A)
10. THE BIG SICK - Michael Showalter (7.7)
11. MUDBOUND - Dee Rees (7.5)
12. BLADE RUNNER 2049 - Denis Villeneuve (8.4)
МОЖНИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“:
13. WONDER WOMAN - Patty Jenkins (7.6)
14. I, TONYA - Craig Gillespie (7.6)
15. PHANTOM THREAD - Paul Thomas Anderson (9.1)
СЕ СПОМНУВААТ УШТЕ И:
16. BATTLE OF THE SEXES - Jonathan Dayton, Valerie Faris (7.0)
17. DETROIT - Kathryn Bigelow (7.6)
18. LAST FLAG FLYING - Richard Linklater (7.3)
19. MOLLY'S GAME - Aaron Sorkin (7.1)
20. DOWNSIZING - Alexander Payne (6.2)
До крајот на листата за оваа година има уште 28 (+) филма, но нивните шанси се речиси еднакви на 0 - ако можам, ќе ја продолжам листата подоцна.
Исто така, ќе направам слични листи и за останатите позначајни категории.
И пак, copy-pasted од лани: ве молам немојте повторно со муабетот „рано е за темава“ - наместо одговор, видете ги мислењата од минатите години, сто пати имаме дискутирано на таа тема.
Let the Oscar season begin!
Последно уредено: