Македонски серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Годинава, како никогаш досега, имавме наплив на македонски серии. Некои добри, некои катастрофални, ама се забележува напредок од пред две-три години кога немавме ни една домашна серија во сезоната. Иако обично сезоните се од септември-мај низ цел свет, кај нас генерално мал пазар или шта веч сезоната трае од септември до ноември/декември и потоа долг период на постење. Ќе се обидам да направам еден мал рекапитулар на македонските серии што се даваа во 2017 година.

Периодот од јануари до јуни мислам дека немаше ништо на тој план.

Јуни ако не се лажам, се појави детската серија „Вистински приказни“ на МРТ1. Режисер на серијата е Кузман Кузмановски, попознат по детските серијали „Патување со рабробил/рабробус“ што одеа пред десетина години. Лошо сработен проект, лоша работа со деца + вметнувањето приказни од Библијата во детски серијал за мене е премногу.

Вториот адут на МРТ за 2017 година беше не знам веќе која сезона од детскиот серијал „5+“. Веројатно најдоброто детско серијалче што се појавило кај нас со години. Забавни песнички за децата, шарено серијалче, поучни приказни, полчасовна забава за најмалите.

Сител ја отвори сезоната со првата лиценцирана серија „На терапија“, работена по израелскиот оригинал Be Tipul. Одлично сработена серија од технички план (сценографија, костимографија, фотографија), одлична актерска екипа (со мали исклучоци) ама за жал сценаријата не ме освоија. По само неколку изгледани епизоди изгубив желба да го продолжам серијалот.

Вториот серијал кој Сител го даваше беше втората сезона од глупоста наречена „Среќа во вреќа“. Потполно непотребно нешто од кое и самите автори се срамат, ако судиме по тоа што не си ги пишале своите ценети имиња на најавните и одјавните шпици.

Алфа и годинава продолжува со катастрофалниот серијал „Комшиски приказни“. Втората сезона ни носи нови македонски приказни, преработени во модерно руво.

Телма сезонава го емитуваше серијалот „Инсајдер“ - помпезно најавувана 100% македонска серија. За жал потфрлија со најавувањата, а серијалот страдаше од мала гледаност, благодарение на лошо скроените сценарија.

Второто нешто што одеше на нивниот канал беше минисеријалот „ТВ бокс“. Лошо скроен серијал од сценарио до глума до се.

Последното нешто што го даваа беше играниот филм „Ах, љубов моја“ поделен на 5 полчасовни епизоди.

Канал 5 и сезонава продолжуваат со кој знае која сезона од „Народните приказни“.

Вториот ас во ракавот им беше „Фамилијата Марковски“. Серијалот преку 8 епизоди беше добар показател на македонското општество и чинам најмногу ги освои македонските гледачи.

И најголемото изненадување за годинава беше ТВ 24 која годинава покрај двата странски серијали на македонските гледачи им ја понуди и долгоочекуваната втора сезона од серијата „Преспав“. По мене најиздржаниот македонски серијал во изминативе две години и единственото нешто што дава некоја светлина во овој наплив на лошо сработени или досадни серии.
 
Се на место, само што ретко која од телевизииве ги има продуцирано овие серијали, што значи, и не се нивни, туку само се прикажуваат на тие телевизии. За 5+ фамилија, сосема се согласувам. Една од најдобрите детски серии во државава. Ever. Само што МРТ, чинам, нема ништо во неа. Серијата е на невладината организација ОХО (здружение за едукација, комуникација и консалтинг), и претходно одеше и на други телевизии (Телма, последно). Последниве 2 сезони ја даваат на МРТ, што е цела среќа за нив, зашто нивната продукција одамна е на апарати кои ја одржуваат во живот. Пред умирање, што би се рекло.[DOUBLEPOST=1514477047][/DOUBLEPOST]А, да, и, десетта сезона е. ;)
 
Последно уредено:

Знам дека 99% од серијаливе или се поддржани од УСАИД или со свои пари крпат, али претпоставувам дека телевизиите имаат дадено некој денар за да ги прикажат.
 
Ги гледав Фамилија Марковски и Преспав.
Првата серија е ОК сега за сега ама ОК, Преспав е срање.

ТВ Бокс... :pos:
Многу лошо.
Канцер.
 
Последно уредено:
Можда зашто нема никаква поента у одиграното? По гледање на една епизода имав осечај да ги тужам због заради загубеното време.
За кого како...мене ми беше топ. Да, на моменти беше досадна, а и конфузна со 42343 ликови, али и на доста моменти смешна. Треба да се има предвид и целата позадина на проектот. Неспоредливо со фамилија Марковски или тие гомната на Алфа.
 
Алфа Акција некој?
Иако беше многу глупа глупа интересна ми беше.
 
Се планираат ли новие серии да се снимаат во Македонија или тоа е засега се ?

Онаа Македонија што воопшто ни епизода немаат снимено пропадна, Преспав се држи добро иако смени телевизија на емитување и термини, На Терапија само прва сезона е според лиценцата, Марковски прва сеозна и не знаеме дали ќе ја продолжат, Инсајдер не верувам да снимаат втора сеозна.
 
Денес Наша тв почнаа со прикажување на култната детска серија Наше Маало. Денес ја даваа првата епизода а во понеделник во 15 часот повторно ќе ја има првата епизода.

Би замолил Кој има Наша тв и пред се има време нека ја снима серијава да видат новава генерација деца каква македонска серија имаше со поучна содржина. Би сакал некој да ја снима бидејќи ја нема целосна на Јутјуб и никаде на друго место со подобра снимка.
 
Салон Хармони, Комедијанти, Погрешно време... тоа се серии
 
Денеска прочитав во интервју на Тијана Дапчевиќ дека новата телевизија на Бојан Јовановски TB 1 ќе снима и своја серија во која и Тијана ќе имала улога. Инаку Тијана ќе игра и во третата сезона на Преспав која ќе се снима на пролет а која се сеќавам дека уште во септември таа најави во интервју дека ќе се снима.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom