Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Зaгaдувaњетo не е oд вoзилaтa,туку пoрaди немaштијaтa и лугетo гoрaт се и сештo,штo ке им фaти рaкaтa.Еднo дoмaќинствo зaгaдувa кoлку 200 aвтoмoбили oтприликa.И дa престaнaт вooпштo aвтoмoбили дa се кoристaт немa дрaстичнo ништo дa се смени
 
P

psychostasia

Гостин
Не сакам да звучам ко да го правдам Шилегов, напротив сметам дека е скроз пасивен околу проблемот со загадувањето во Скопје и нема компас кај тера човекот па уште и обвинува за политичко организирање против него :гик:. Ама (и тоа големо ама) не се решава проблемов преку ноќ и треба убаво седнување и потење за да се реши и притоа треба сите да учествуваме. Трамвај не е лошо решение, зголемување на возниот парк на ЈСП за да има почести автобуси и воведување нови релации, зголемување на зелени површини, воведување пар-непар и бесплатен јавен превоз во критичните периоди и намалување на цената на јавниот превоз е најмалку што може да се направи. Филтри на оџаците на загадувачите, стимулирање преку субвенции за домаќинства да се намали загадувањето, забрана за горење пластики и гуми... и купица други мерки може да се воведат. Делумно имаме сите одговорност колку и да се правиме удрени. Полесно е да запалиш кола за три километри што можеш да ги поминеш за 15 мин. со автобус, да може што вика членот над мене со кола во кафич, продавница, канцеларија. Плус што дури и во ваква ситуација никој не мрднува да организира протест или било што за да ги притиснеме малку градоначалниците кои што заборавија што зборуваа во кампањите. Вака сите само седиме и крекаме како е загадено и никој со прст не мрднуваме.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.176
Поени од реакции
16.307

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Вмро имаше план за гасификација на Македонија со ефтин руски гас. На некого не му одговараше тоа, и излегоа бомби.
Сега дишете, gragani.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Тешко е за метро. Софија што е дупло поголема од Скопје па метрото е само со две станици. Скопје прашање е дали ќе може да се изведе со две станици, најверојатно само една, а тоа би значело дека малце луѓе ќе опслужува, од друга страна ќе кошта многу пари, воедно нема да биде некое големо решение за загадувањето.
Не те разбирам добре. Искаш да кажеш че метрото в Софија има само две спирки?
Ето карта на транспорта в Софија:


Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Вмро имаше план за гасификација на Македонија со ефтин руски гас. На некого не му одговараше тоа, и излегоа бомби.
Сега дишете, gragani.
HAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAAHAHAHAHAHAHAHAHA
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Вмро имаше план за гасификација на Македонија со ефтин руски гас. На некого не му одговараше тоа, и излегоа бомби.
Сега дишете, gragani.
Wait, what? Гасот што и сега се користи во Македонија е руски гас. Да не имат повеќе типови гас Русите?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Вмро имаше план за гасификација на Македонија со ефтин руски гас. На некого не му одговараше тоа, и излегоа бомби.
Сега дишете, gragani.
ВМРО со мал милион потези придонесоа за оваа состојба.
А сите вие до вчера друга песна пеевте кога имавме 1218 лани. Крајно двоаршинска претстава.
Едни викаа дека власта не е одговорна за тоа, други лупетаа уште поголеми небулози, како на пример - нема право да се буни за загаден воздух, тој што пушел цигари, пошто и он загадувал, потоа идиотизмот според кој загадувањето идело од Косово и сл.
Таквите небулози, од пред една година, кои лесно можат да се цитираат, само во вашите очи можеби личеа како оправдување за власта и нејзините погрешни потези на тој план (прво: градежното мафијашко владеење, толеранција кон идиотскиот однос на Топлификација, веднаш по нејзиното преземање, сечата на градското зеленило во корелација со првата ставка, субвенциите за огреввно дрво, дозволата за увоз на прастар канти, апсолутно еколошки-индиферентниот карактер на минатото владеење и други). Дури ни вие во себе, не верувате во тие глупости. Што не ве спречи никако да ги лиферувате послушно. Како што сега послушно сосема спротивно истапувате.

Како и да е, ја не сметам дека власта нема одговорност, што и да наследила од минатата. ОК, срања се праени цело време од сите власти, ВМРО му удри појачање и ете дојдовме до тоа лани да имаме 1218. Оваа година можеби и појако ќе биде. Ќе видиме.

Не може власта да се потпира при решавање на овој алармантен проблем, на зголемување на свеста кај граѓаните, кога токму немањето на свест во редовите на власта доведе до ова. Што не имаа свест тие на Стефче кога на Бадник се собраа (или некој друг празник) скришно (како Грујо амнестијата) да протнат измени на ДУП ШМУП, кои пак директно придонесуваат за состојбава, чие решавање тие го гледаат главно во зголемување на нашата свест?
Ме боли уво кој е крив. Ти си власт - казни го. Ситуацијата е алармантна и луѓето имаат полно право да протестираат. Децата нема да идат у школо на 20-ти. Тоа е.
Градот имал само тројца инспектори за тоа. Ми се свиѓа овој начин на држење на ниски бројки на јавна администрација.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom