Скроз погрешно!
Напонот во Македонија изворно беше 220 ВОЛТИ, како и секаде во Европа. Во Британија беше 240V, и со нејзино пристапување во Унијата, мораше да се унифицираат работите.
Така се одбра тој "измеѓу" напон од 230V, но со +-5 или 10% толеранција и така сите среќно си живееја. Во пракса ништо не се смени првите години. Потоа GB малку го намали напонот, а ние останатите го зголемивме... Сето тоа е неважно.
Климите имаат SMPS напојување и толерираат големи варијации на напонот без никаков проблем од расипување, исто така тоа не им влијае на моќноста, т.е. потрошена е.енергија/испорачана топлинска енергија.
Теоретски има мали разлики, ама тие се повеќе од академско значење, ништо не менуваат во пракса.
Тоа дека Цементара била проблем за Лисиче, или РЕК Битола бил најголем загадувач во Европа се прикаски за мали деца. Индустријата учествува со симболичен процент во загадувањето на воздухот. Исто како и возилата.
Европа со своите бескрајни уцени радо би не принудила самите да си ставиме клуч на РЕК Битола, за да може да ни продава струја од нивните нуклеарни централи. Најважно од се, да не направи
енергетски зависни.
Така најлесно се манипулира со една мала држава.
Треба да бидеме среќни што ја имаме РЕК Битола, од неа добиваат струја не само нашите клими, туку и грчките. Со еден киловат, мегават, што и да е, добиваме x 4 во топлина. Тоа е екологија, а не бутање влажни даски, иверици, скинати чорапи, пластични шишиња, сунѓери, алишта, штофови и што уште не во ќумбиња со затнати олуци и оџаци што се чистат од зорт или откако сами од себе ќе се запалат од насобрани саѓи и смола...
Да им се помогнело на трујачите, субвенции, молење... Абе само ригорозни казни и европски закони! Во Виена да не се греат на дрва? Или во Лондон?
Секој што има 30К за 10 кубика дрва може да купи едно Ломо или АЕРИ. Со ќумбето секако не може да стопли повеќе од една просторија (радијациска топлина). Со климата има поголеми шанси да го стопли барем + ходникот, ако не и повеќе и после првата зима ќе биде ќар.
За жал ниту една власт нема да донесе такви ригорозни закони, затоа што така се губи гласачкото тело и се губат избори. Еееее Македонијо......