Што си запнал со клими и топлотни пумпи, кој може ќе си дозволи!
За жал многумина не можат, тоа е!
Шетам низ Лисиче и на секоја куќа гледам најмалку по една клима. На тие поголемите има по две, три. Колку од нив работат? Ниту една.

Ги чуваат за во лето да се ладат. А кога ќе дојде лето, сите по бавчите, во фолии под најлон, да лапнат некој денар од сермија. Немаат време за ладење...
Лупале инфаркти, изливи, епа така им било пишано.
(појаснување за Климе, инфаркт = инфракт.)
Се ќе направат, ама клима не уклучуваат.
Важно оџакот да им чури!
На прашањето зошто буташ иверица и пластични шишиња, одговорот е:
- Тоа све низ оџак излегува, не се трујам јас.
А неговите деца играат во дворот...
Свест нема, само драконски казни и ригорозни закони!
На гасификација не се надевајте многу. Кога ќе им побараат 2000 - 3000 евра за приклучок на трујачите што немаат тингл во џебот, што мислите, што ќе одберат?
Друго е Русија. Па и во една шугава Бугарија се направи гасификкација на сите поголеми градови уште пред 50 години, ама бачушка го праеше тоа, исто како во Украина, а не тие домародните со две леви раце.
Ако дојде денот кога цела Македонија ќе биде гасифицирана, рачунајте дека сите светски резерви на гас одамна се исцрпени...