Полска веќе е заобиколена со гасоводот Северен Поток - за кој интересно, Германија воопшто не се противи на неговата надградба, додека за Јужен Поток маваа со дрва и камења по Русија поради нејзината "монополска" позиција.
Но ако им тргне новата љубов на Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган после неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година, и ако се изгради Турски Поток, Украина исто така ќе биде заобиколена и ќе може само да го продаде постоечкиот гасовод како старо железо откако Русија ќе ги затвори вентилите од нејзина територија, а Русија и понатаму ќе не држи нас - балканските народи - за тестисите.
Зајко кукурајко и плавите жолтици сега продаваат магла со планираниот Транс-Јадрански Гасовод ТАП, но додека да стане реалност таквиот гасовод - а самата негова реализација сеуште е под знак прашалник - Русија во меѓувреме ќе ја зацврсти својата позиција на Балканот и во источна Европа, а Украинците ќе откријат дека уште еднаш биле изиграни од западот - првиот пат во 2004 година со таканаречената Портокалова Револуција, а вториот пат 10 години подоцна - во 2014 година со таканаречената Мајданска Револуција - која баш и не им беше потребна, бидејќи и онака на Виктор Јанукович му завршуваше претседателскиот мандат во февруари 2015 и можеа на избори да го симнат од власт ако толку не им чинеше.
Две горчливи апчиња во 10 години и сеуште не им доаѓа паметот, во основа се исти како нас Македонците - менување на знаме за да се задоволи хирот на некој од надвор, па прифаќање на преговори за име исто така за да се задоволи хирот на некој од надвор, па менување на Устав, амнестирање на терористи и давање власт на истите, па менување на границите на општините во корист на малцинска етничка заедница, па сега и двојазичност и бришење на фашистичките учесници од учебниците по историја - и сепак на секои наредни избори се гласа за една од двете најголеми криминални банди во државата. Изгледа и на нас и на Украинците таков ни е` менталитетот - 2 напред, 3 назад.