Dunkirk
Филмов требаше да го фурам у кино знам дека неколку дена пред неговата премиера си репризирав нешто од Нолан како мала увертира за тоа со кој ќе се соочам у кино и што ме очекува сепак не отидов на премиерата ....
Е сеа шо се дешава
-Ликовите: Актериве од филмов ми се чинеа дека беа собрани од документарец за титаник во продукција на BBC кој се прикажува на сител 3 по 76 пат кастаингов беше мизерија штета Cillian Murphy е стварно добар момак ама како никогаш да не сум го видел да се соочи со главна улога се е у споредна и Нолан сум приметил дека у сите филмови го носи со него како да му е џебно ноже.
-Приказната:Со оглед дека е на вистински настан и дека се работи за соработка од повеќе земји сигурно исцрпиле најмногу што можат се гледаше дека филмот многу се заджруваше на кадрови од вода и облаци не поради фактот дека е таму сместен настанот туку и пукање ќорци.
-Снимање: Го обожавам ова кога се е отворено и широко чуство на слобода.....
-Времетраење ако добро знам мислам дека ова ќе да е еден од пократките филмови во историјата на Нолан 95 минути од кој може слободно да се скратат уште 10 мин+ можеби Фолловинг да е со исто времетраење инаку другово се е над 2 саати.
-Соундтрак ќе се сложам со момчето од мокриево да не беше Ханс филмов ќе го дава на
http://sutel.com.mk
Ханс ти е брат една од најуспешните локомотиви кој продолжува да вози и да вози и да вози до недоглед мислам да се земе и еден од најлошите филмови на планетава ако во него има соундтрак на Ханс дека тоа ќе биде тензија до јупитер ...
Инаку морам да напоменам дека изгледав уште 3 филмови со тема од војна тоа се Land of mine(Клуб)-8/10,The Siege of Jadotville 8/10 и Hacksaw Ridge 9/10 не случајно ги пишувам имињата и оценките на овие филмови бидејќи секој од нив ми се допадна повеќе од најновото издание на Нолан да не кажам ама мислам дека Нолан го доживеа својот прв филмски пораз исто како Тарантино со the hateful eight за се си има прв пат иако ќе бидам добар и ќе го заокружам со 7/10.
Ако добро забележав на летербокс тројца луѓе го дарувале со 10че нема да ви замерувам,реплицирам но ако навистина вистински сте уживале,и се поврзавте со настаните,снимањето,музиката и се тоа што е вклучено во тие 95 минути и ако после некој месец-година ако повторно го репризирате и ако исти емоции ве брануват значи тоа е тоа како јас и таа магична конекција на Интерстелар.
Момци и девојки ви посакувам пријатна ноќ каде и да сте.
Со почит whatto.