Ако има некој што го интерсира воопшто:
Од денес почнува шаховската олимпијада која оваа година се одржува во Батуми, Грузија.
Ќе учествуваат скоро сите најсилни шахисти (со исклучок на Магнус кој се спрема да ја брани титулата во Ноември).
Фаворити за титула се Американците со дрим тимот (Каруана - кој во ноември ќе игра за титулата со Магнус,
Со и Накамура), Кинезите со чудото од дете Веи Ји и секако Русите кај кои на првата табла се враќа Крамник, а тука се и Карјакин и Непо.
Ќе им фали Гришчук. Фаворит од сенка е секогаш Азербејџан на чело со Мамедијаров и Раџабов.
Тука се и други добри екипи како Индија (повторно на чело со Ананд), Англија предводена Адамс, Холандија со Гири, Украина итн.
За Македонија се враќаат Кирил и Владимир Георгиев, заедно со Недев, Панчевски и новата надеж во македонскиот шах (каква таква), Никола Николовски
од кој јас очекувам по некој добар резултат.
http://batumi2018.fide.com/en