Шах

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Овде може да се следат партиите во живо од мечот Карлсен - Ананд (само табли, без камера) со анализа и со engine
http://www.chessbomb.com/arena/2014-wcc
На овој канал на youtube има добри секојдневни анализи после партиите
ВМ Даниел Кинг ги прави анализите.
https://www.youtube.com/user/PowerPlayChess
 
Добра партија.....извади шупак Ананд хахахахахх
Ќе беше штета прва партија со бели да ја изгубеше :)
 
Добра партија.....извади шупак Ананд хахахахахх
Ќе беше штета прва партија со бели да ја изгубеше :)
Добро ја отвори Ананд, ама Карлсен презема иницијатива накај средината. Свидлер коментираше дека клучен момент што го спаси Ананд беше 42 потег кога наместо топ на е3 Карлсен изигра топ на е2. Интересно е тоа што потегот 44. дама на х1 не го виде ни свидлер ни таа што коментираше со него, беа малку изненадени, всушност тоа беше и единствениот потег со кој Ананд можеше без проблем да ремизира.
Ќе биде интересно сега да видиме како ќе изигра Карлсен со бели фигури, дали ќе тргне во напад веднаш или ќе оди на завршница која што е и негова најсилна страна.
 
Да да, Карлсен сам си ја заеба..... ја пратев на Стокфиш цело време, и дама на x1 беше ептен она компјутерски потег :)

Некако навијам Ананд да ја врати титулата....иако многу тешко, ама добро ќе биде за шахот.....посебно во ова натпреварување, за светски шампион, што ми е ептен драго, уште од времето на Каспаров кога сум бил копиљ :D
 
Јас го почитувам Ананд и за него навивав, посебно кога играше против Топалов :) Сега некако сум повеќе за Карлсен, онака мислам дека е време младите полека да преземат. Па во иднина очекувам некој мега дуел Карлсен - Каруана, или Гришчук ако игра и понатаму како оваа година (веќе ја помина границата 2800). Ама на крај и Ананд да победи не е проблем, само да има одличен шах :)
 
Се е ок..само не ми се допаѓаат енџините од страната...треба да ги нема и да се стават кога ќе заврши партијата...
 
Карлсен поведе со 1-0. Малата предност што ја стекна на отворањето ја претвори во силен притисок на кралското крило.
Ананд успеа да ги размени фигурите и да се одбрани од првичниот напад, но притисокот продолжи, и на крај притиснат и од времето направи прилично
тежок превид кога играше пешак на х5 после што и ја предаде партијата. На прес конференцијата Ананд изјави дека погрешил што изиграл 18. ловец е6 наместо
дама на ф7 при што во голема мера би го спречил притисокот кој го оствари Карлсен и би бил доста поизедначен во отворањето.
 
:vozbud:
Уживав у овие 3 и кусур саати, незнам што чудесија беше првите десетина потези......кој кого надигра во подготовката хахахахахх
Очигледно "c" пиунот се покажа како одлучен :)
Напред Ананд :D
 
:vozbud:
Уживав у овие 3 и кусур саати, незнам што чудесија беше првите десетина потези......кој кого надигра во подготовката хахахахахх
Очигледно "c" пиунот се покажа како одлучен :)
Напред Ананд :D
Одлична партија од Ананд, очигледно "домашната подготовка" завршила добра работа.
Уште од почетокот го диктираше темпото и супериорно ја доби партијата. Според мене ваквите отворени фајтерски партии каде што има доста теорија во отворањето се најголема шанса за Ананд.
Зошто ако дозволи затворена партија каде што ќе има стратешко надмудрување и завршници, тешко би се справил. Мислам дека го најде вистинскиот пат, сега е ред на Карлсен да одговори. За сега одлични партии, нека продолжат така :)
 
Во стилот на Каспаров :)
Збунити противника хахахахахх
 
Каква партија беше шестата. Карлсен имаше одлична предност која ја упропасти во само еден потег, но за жал на Ананд, не ја виде и му возврати со иста таква грешка.
Интересно да се види двајца од најдобрите шахисти во светот да пропуштата да видат прилично едноставни тактики.
Карлсен сега пак го презема водството и во понеделник игра повторно со бели фигури.
 
Некој овде игра bullet/lightning шах? Не знам кој е соодветниот македонскиот термин.
 
Честитки за Магнус Карлсен, успеа да ја одбрани титулата со победата над Ананд во 11 партија :)
Конечен резултат 6.5 - 4.5 (3 победи за Карлсен, една за Ананд и 7 ремија)
 
Што си е Карлсен подобар, подобар си е......Ананд нешто проба, ама недоволно. Имаше можност незнам која партија беше после превидот на Карлсен, ама и он не виде. Да изедначеше ќе имаше борба уште малку.
Карауана ќе го чекаме, ако он не направи нешто никој друг нема.....ма да тешко некако.
Сакам да има борба, ако си биде шампион Карлсен без мака не е добро за шахот. Затоа ќе ми беше мило Ананд да ја врати титулата....ама што е тука е. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom