Ало!
Уште се бавите со други луѓе!
Зошто вие како личности не го покажете во животот најдоброто од вас па никој и ништо да не ви пречи?
Мразам насилство и bullying!
Секој човек каков и да е има право да се идентификува како сака
Не постои ЛГБТК пропаганда, тоа е природна последица на омразата кон оние со нетрадиционална сексуална ориентација. Ако сте доволно мудри ќе сфатите дека сите ДВИЖЕЊА постојат дури да се оствари целта. Во овој случај целта е ЛГБТК луѓето е најнормално да се третираат и да бидат НОРМАЛНО ПРИФАТЕНИ во општеството.
Ако тоа се оствари, после нема потреба од паради и сл...
Све ќе си биде нормално, како што си е и сега, ама некој не може да прифати дека има поразлични.
Не се криете зад некаков концепт за ЛГБТК пропаганда. Секој си се бори за своите права и немате право да негирате нечија борба ЗА САМ СЕБЕ. Што ви погрешија тие луѓе? Ништо, само филмо во вашите глави.
Ако има ЛГБТК пропаганда и таа ви пречи, сетете се дека на ТВ се шири најголемата конзумерска пропаганда со децении. Не ви пречи наметнатиот национализам, омраза, лажна и искривена историја, лаги и манипулации, а ви пречат ЛГБТК луѓето.
Тогаш нешто не е во ред со вас
П.С Ми се темни кога библии и „свети книги“ се цитираат
Тоа е одраз на тотална глупавост и дезинформираност
Прво ќе кажам дека немам ништо против геј популација и точно е дека кај нас има многу што се векови наназад. Тоа треба да се промени ама неможе преку ноќ. Уште последиците од робство се осеќаат и има расна дискриминација а вие очекувате сите со отворени раце да ја пречекаат геј популацијата. Луѓето од секогаш се плашеле од поинаквото и секогаш ќе треба време да се прифати.
Е сега секој има право да се чувствува како што сака и тоа е точно, но некој кој би го променил полот неможе да речеме бил машко ама се осеќал ко женско и ја направил промената, неможам и никогаш нема да го наречам таа, од проста причина што неможе биолошкото да го смени. Што и да направи нема да има матка нема да има јајници и да овулира и ред други работи.
И за крај за пропагандата, ја има и те како. Пред некоја недела во Ирска во школите имаше acceptance week. Иако така се вика точката беше ставена на геј популацијата за расна,верска и ред други збор не се кажа, ама ај може имаат други такви евенти.
Значе ова се одвива во училишта каде децата се од 7 па нагоре. Прво на 7 години не ме интерсира,без разлика дали стрејт или геј, нит дечко нит девојка да слушнам.работава е Од веце уште готово вика па за дечковци или девојки ќе ми збори.
Е следно е мотото. Имаше две. Првото: Being gay is cool! Од кога тоа е кул?! Дали е моден детал па да биде кул?! Не being gay is ok, being straight is ok. Човек може да биде кул. Не си кул ако си геј.
Второто мото беше: Taste the rainbow! Па нели не е избор?! Нели LGBT заедницата се залага да докаже дека тоа не е избор и дека едноставно си таков од роџење? Зашто ,ако имаме слоган Taste the coke или taste the drugs тогаш ќе се крене паника. Па нека пробаат сите од тоа па ќе решат дали им се допаѓа или не. Имам другари кој се геј и разговаравме на темава со пропагандава. Тој што е геј и си е сигурен во тоа дека не е избор не ја подржува пропагандата.
А што прави оваа пропаганда е страшно. Од една селективна страна го подржува нели правото на слободно изразување и определба, а не дај Боже јавно да кажеш дека не се согласуваш, или да речеме да отидам во школото на моето дете и да кажам дека не се согласувам со евентот. Жив ќе ме изедат и ќе бидам најголемиот хомофоб. Вие тука сега ќе ме нападнете одма и ќе бидам непријател број еден. А кај е моето право да се изразам слободно, м?
На крај ќе кажам дека ако прочепкате подлабоко ќе видите зашто се тера таа пропаганда(кај нас во уште не сме развиени за таква пропаганда до душа). Во развиени земји геј популацијата ги има правата и дискриминацијата е мала. Секојдневно гледам како си се љубакаат на клупи низ Даблин и никој не ги гледа чудно или ги напаѓа. Да има уште што не ги прифаќаат ама како што кажав со примерот за робството неможе преку ноќ да се промени. Зашто тогаш таа пропаганда во развиените земји? Светот станува пренаселен и тоа е факт. На големците и влијателните тоа им смета. Во не развиените земји популацијата ја контролираат си болести. Пример за тоа е сидата во африка. Во развиените земји каде што ,верувајте, децата се разгалени и имаат се , се прават работи од каприц. Е тука влегува во игра таа пропаганда. Знам дека делува ко теорија на заговор ама кога стварно ќе прочепкате и истражите по длабоко ќе видите дека има нешто во ова што го зборам.
На крај секој нека си прави што му одговара се додека не наштетува на другите.
Поздрав и сакајте се
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)