Крушево

Како се движат цените за сместување еве, некаде после Нова год?
dokolkuu e smestuvanje vo hotel verovatno nekade dokaj 1000 do 2000 a ako e po krusevskite kuki po dogovor mozi da bide od 300 pa nagore poz
 
Приватно сместување во Крушево? Инфо нешто?

Бев пред еден месец на 10 дена и стварно убаво си поминавме па се договараме со друштво да го посетиме еден викенд пак после колоквиумска, па би било убаво некој-а форумџија/форумџика ако има од таму да ме извести по пп да го/ја прашам некои работи :)
 
Прекрасно градче, го обожувам Крушевскиот чист планински воздух :)
 
Дечки инфо за приватен смештај нешто?
Кој може да ми помогне нека ми прати пп :)
 
Пред две недели пратив еднен Маил до општината со неколку идеи околу средување на просторот помеѓу спомен куќата на Тоше Проески, гробиштата и Македониумот. Кој според мене би требало да прерасне во еден огромен парк/плоштад. Секако не добив никаков одговор до сега. Ме интересира дали знае некој како може директно да се изконтактира градоначалникот, зошто очигледно маил адресата што е н аофицијалната страна за Крушево никој не ја користи.
 
Не сум видел дека има тема за мојот роден град(че) :)
Отсега па натаму, на кој да му треба инфо за сместување нека ме исконтактира мене, ќе му најдам сместување, не е проблем :)
Убаво местенце е за да се одмориш, да се напиеш, да прошеташ, и да вдишеш чист планински воздух.
@dzonyb џабе пишуваш, сигурен сум дека нема никој да ти врати :), дури и да ти најдам некако контакт до градоначалникот, џабе ти е, нема да те послушаат :D
 
После Скопје, Крушево е местото кај што буквално имам израснато особено зимно време и сум поминал најубав период од детството. Поради тоа што има роднини таму секогаш го посетувам градот 4-5 пати во годината. Лиснатите ѓевреци кај Ѓоко, топеното сирење кај Скар, локумот, шетањетто до Гумење, терените, до Св. Преображение, чистиот воздух, свежите лета се ова ми е рај за душа. Да не ја заборавам и Панорама. Во Панорама толку Нови години имам прославено, коријата околу Панорама па се до терените е местото каде што секогаш се враќам, кој прошетал по таа патека таму знае како е.
Штета што градот измура и едиснтвено се спомнува само на 2-ри Август и толку. А градот е преубав има многу потенцијал, но ете ќе стане град на пензионери.
 
Во Крушево сум била два пати - септември 2012-та и октомври 2013-та. Го обожавам оваа мало планинско гратче, како да е собран цел мал свет таму. Ми се допаѓаат луѓето, сите се почитуваат, се знаат... а како зборуваат со Тоше, никогаш не сум слушнала некој да зборува со толку љубов и почит во гласот.
 
prasanje
kako tece zivotot na DEVOJCETO,kade e,kaj kogo,sto raboti,familija i dr.
na Stojanco i Bosilka ,strelani kako Partizani vo 1943 g. ( N.N.B. )
 
Да препорача некој ресторан у Крушево ? Го фалат Крушево по сирењето во фурна... па да пробам.
 
Има ли снег мометално (и за по пат прашувам, Плетвар и сл.)?
Патот до таму каков е, моментално?
 
Некој инфо во кои денови и од колку до колку часот работаат Македониумот и Спомен куќата на Тоше Проески ?
 
Што се дешава со Крушево бе? За Илинден утре само Милошевски ке биде?
Го испоебаа празникот до максимум.
 

... советник или провокатор,
најде обичен возрасен човек да го снима, провоцира, еееееее тука падна на испит советниче Иван Цулаковски,
„ајде бегај таму“ се вика на човек за време на работа и постар од тебе само да докажеш нешто таму против Владата, па после криви се работниците оти ти ги провоцираш, ниско од твоја страна, да беше во друг град ќе си го јадеше немиен!
 
Back
На врв Bottom