Aleksandar Rusjakov
пред 39 минути ·
ПРОГЛАС
Во името на ОТЕЦОТ и СИНОТ и СВЕТИОТ ДУХ
Наскоро ќе мине полноќ.
Ќе започне нов ден.
ВОВЕДЕНИЕ на ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА
Беспомошноста ме убива.
Чувствувам како срцето сака да излезе од градиве.
Душата ми е столчена, распарчена, искината.
Чувствувам немоќ.
Ме убива таа немоќ.
Луѓето од „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се обвинети за ТЕРОРИЗАМ.
Обвинети се за злосторничко здужување.
За рушење на уставниот поредок.
Во затвор се.
Затоа што ја сакаат МАКЕДОНИЈА.
Затоа што ја бранеа нејзината УНИТАРНОСТ.
Која гледаме како се распродава низ соседството.
Ме убива беспомошноста, не знам како да помогнам.
Во последните три години уставниот поредок на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА трипати беше срушен.
Со злосторничко здружување.
Не од терористи, туку од политичари.
Пржински договор.
Пеење химна на странска држава во Собранието.
Нелегално избирање собраниски спикер без пребројување присутни, гласови, без записник и стенограми.
Уставниот суд ништо не превзема.
Кривичниот суд ништо не превзема.
МВР ништо не превзема.
Ама оние што го бранеа уставниот поредок, сега се судат за тероризам.
Иако, единствениот ТЕРОР и ТЕРОРИЗАМ, во изминативе 27 години се спроведува врз МАКЕДОНИЈА, македонскиот ИДЕНТИТЕТ и македонскиот НАРОД.
Ме убива немоќта што не знам како да и помогнам на МАКЕДОНИЈА, на оние што ја бранеа, а сега се политички затвореници.
Немам организациски способности.
Немам политички амбиции.
Веќе не ме интересираат протести затоа што видов како тие завршуваат: шарените по владини кабинети, родољубите во затвор.
Ме убива немоќта, беспомошноста, тагата.
Никогаш, никого не сум посакал да повредам.
Затоа одлучив да се повредам себе,
Од оваа полноќ, со ВОВЕДЕНИЕ на ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, јас, Александар Русјаков, започнувам ШТРАЈК СО ГЛАД.
Првите два дена ГЛАДУВАЊЕ, ќе ги минам на нога, затоа што ветив и дадов потпис дека ќе играм во краток филм.
Останатите денови ќе ГЛАДУВАМ дома.
Кој сака може да се јави, да дојде, да провери.
ГЛАД и МОЛИТВА, оти не гледам дека нешто друго ми останува.
Без разлика на последиците.
И тоа ќе трае се додека не биде тргнато политичкото монтирано ОБВИНЕНИЕ за ТЕРОРИЗАМ против луѓето од ЗАЕДНИЧА МАКЕДОНИЈА со кое судот ги изедначи оние кои ја бранеа УНИТАРНОСТА на МАКЕДОНИЈА со терористите на ИСИС, ЕТА, ОНА, ИРА и други.
Многумина ќе се радуваат, ама сеедно, јас тоа не го правам за нив.
Многумина ќе ликуваат, ама и за нив ќе се молам.
Многумина ќе речат, лаже, глуми, фолира, се преправа, но тие, меѓу своите истомисленици нека ги пронајдат оние кои вистински ме познаваат, кои ми биле дома, дел од животот, срцето, постелата и слободно нека запрашаат кој сум, каков сум и што носам во срцето.
Многумина ќе се вознемират, загрижат, натажат, но за нив имам една мисла, не моја, туку на старецот Силуан, а гласи, ДРЖЕТЕ ЈА ГЛАВАТА ВО ПЕКОЛОТ И НЕ ОЧАЈУВАЈТЕ.
ШТРАЈК со ГЛАД и МОЛИТВА, додека не се тргне обвинението за тероризам против оние што ја бранеа МАКЕДОНИЈА со чисто срце.
ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ, ПОМИЛУВАЈ МЕ МЕНЕ ГРЕШНИОТ