Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Види у суштина кога државен службеник носи Монклер јакна на просечна плата од 300 ЕУР и 40% незапосленост, не име него држава треба да се смени. Ама ти тоа не го сфаќаш така, ти си емотивно врзан за државата и животот би го дал за неа само никако да го дадеш да го ебам.



Суљо е добро дете. Многу несреќна животна приказна ама нема покварено срце. Баш таквите беа најголем таргет на Монако патриотите. А како бекап имаа разни волци клинчиња иреали да ти релативизираат се во нивна сврха.
Шптим бе, немој ти се молам ти и твојата универзумска мудрост да ми го правите ова, земи си го Мигоцицалот граѓански сеа, од каде го увезуваат шо е толку ефикасен сеа, нема квичење за мртви новороденчиња а притоа нема министер?

Или не се бројат овие, режимските во време слободарско? Тие подруги беа, слободарски ама во време режимско.

Проѕирни сте бе.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
posle talat i arsim gi rebra sdsmovcive.
bikje interesno ako nekoj potegne za odgovornosta na talat so negasenjeto na sobraniskiot mikrofon.odgovornosta na artan so bodrenjeto na `teroristite` i so mastermind-ot ali koj sto uvek e otsuten od cas koga biva sranja.
ama ako, za glupi sdsmovci malku e ova rebranje.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.173
Поени од реакции
16.304
Црни Вторници и Бели Лаги
Арсим Зеколи

Традиционално, големите бељи во Македонија редовно се случуваат кога Премиерот е вон земјата. Уште потрадиционално е кога и вториот по хиерархија, спикерот на Парламентот, онака – коинцидентално! - е на службен пат. Но за разлика од минатите режими кога хистеричната братија реформисти, денес комотно сместена под опашот на власта, умееше да врисне до небо „Грујо патува, црно ни се пише”, сега веќе никој не се потресува од чудната „случајност” на полит-татковските службено-патни отсатности во црни часови. И тоа не е единствената симптоматична коинциденција од „црниот вторник” во која се апсеа виновниците за „црниот четврток”. Но наместо да ви бидат сервирани готовански, интересните подударности од минатото и сегашноста побарајте ги сами преку поблиску набљудување на ликовите кои завршија зад решетки, домашни притвори, домашни претреси и потполно отсаство од било каква санкција на ревносната едноока полиција на дискредитираниот Спасовски Оли.

Гледано од страна, апсењата беа лекција во живо за хиерархиите и кастинските недопирливости во распоредот на улогите низ партиите. Па така, од апсењата дознавме дека Чавков е сепак ситно рипче-залаче во споредба со Гордана Јанкулоска или Владимир Пешевски. Исто како што на времето дознававме дека Љубе е пери-носи роба за еднократна-употреба, за разлика од Верушевски и Мијалков. Што севкупно води кон заклучокот за министерските профили и судбини во земјава базирани врз непишаното правило дека не си ербап министер, ако не си бајаги криминалец со сопствена клан-банда, медиумски загари(ци) и гарантирана евро-американска индулгенција. Доколку не, задоволи се со тоа да те нарекуваат Министре Билгим, Тевдовски, Адеми, Сугаревски. Трај си, знај си мукаетот, трулеј во фотеља, не се рчкај со газдите. И, побогу, не пипај копчета!

Изветреан кривично-правен наратив

Тоа е и поуката од вторничките настани. Наместо посакуваниот шок ефект врз јавноста, апсењата на опозициски сардини и гарнири ја принуди истата да се потсети на настаните од 27 април. Но сега од поурамнотежен, покритичен и здраво-циничен агол на согледување на нештата. Со дрската, безобразна, провидна вторничка акција на селективни апсења, Спасовски успеа да го изветрее кривично-правниот наратив за линчот во Собранието и ја сведе на политички процес во која допрва нема да може да се дестилира слепата правда од дневната политика. Бидејќи, колку и да ми се лично одвратни како појави и ликови типусите од сојот на Дамевски, Бетмени, Дурловски и слични бајати гарнири на минатата режим-мафија, единствено принципиелно е да се бара заштита на правата, правото и правдата се демонстрира токму кон таквите, за почит недостојни, ликови. За да утре правдата за обичните и немоќните биде сосема нормален, безмалку протоколарно очекуван свршен чин кој се подразбира сам по себе.

Малку пауза од теоријата и ред-два практични и јавни прашања до Спасовски, Заев и Бејли. Зошто изјавите на наведените ликови давани пред и за време на настаните од 27 април се сметаат како достаточни за нивно приведување, а притоа ја пренебрегнувате изјавата на Зијадин Села во која безмалку отворено се сомничи Али Ахмети за учество во настаните? Зошто таквата „по дојавен збор” информација не е доволна за да се преземат мерки, барем за сослушување во полициска станица? Дали часовникот на Фатиме Лукас за мерење минути и секунди за Груевски нема сказалки за годините и месеците на чекање на Ахмети? Зошто гестикулациите на ВМРО-вските тетки ги сметате за корпус деликти, но не и релаксираните клештења на пратеници на ДУИ додека бесната толпа околу нив линч-ликуваше низ собраниските простории? Зошто Чавков е ексклузивно таргетиран како виновен за неспречување на упадот во Собранието, а притоа Агим Нухиу е „разбира се” однапред амнестиран од секаква одговорност поради наводна „неинформираност”? Иако токму неговиот партиски лидер Ахмети бил навремено, со часови (или денови?) предупредуван од СДСМ и Заев да не присуствува на седницата поради безбедносна закана по неговиот живот? Зошто Заев, свесен за заканите по безбедноста, навреме не го предупредил Нухиу да биде на штрек во испраќање помош, познавајќи ја поставеноста и наклонетостите на Чавков? Зошто за сомнителни лица се сметаат само оние кои наводно комуницирале со домашните и странските лица вмешани во нападот, но нема ниту збор за јавните лица со блиски, семејни и бизнис врски со странските разузнавачи вмешани во инцидентот?

Бели лаги на естаблишментот

Овие, и барем дузина други прашања и дилеми за смислата на Спасовски, Јанева, Заев, Бејли за спроведување на правдата ќе останат да висат неодговорени. И по нивна, не наша вина, одговорот ќе го бараме во сомнежот дека сите наши „црни вторници, понеделници, четвртоци” се бели лаги на естаблишментот низ кој се менаџираат успоните, падовите и преживувањата на моќниците. Потсмевот на нивните платенички мегафони е веќе недоволен за да таквите сомнежи однапред се дисквалификуваат како шпекулации и „многу гледање филмови”. Посебно не доколку разбереме дека единствените добитници од оваа последна драмолетна епизода се Груевски, Заев, Ахмети, а најголем губитник – опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, како што редовно бива, нај љубопитната глетка од пост-апсаната не е прошетката на Груевски низ барикади, туку неочекуваната замолчаност на про-реформските гласови од водството на ВМРО-ДПМНЕ, пред се генералниот секретар Мицковски и грст пратеници наклонети кон суштинска реорганизација на партијата од самиот врв па надоле. Втората љубопитна коинциденција е што апс-нападот врз „командантското” крило се користи како полигон за востоличување на генералскиот статус на Груевски. Но и навремена сопка за обидите на новите сили на ДПМНЕ да низ претстојните се-партиски „цивилизирациски”дебати во Германија и Франција се обидат да ја претстават сопствената реформска и модерирана програма. Во која нема место за Груевски и хибридниот клан на ВМРО – Демократска Алтернатива за македонско национално единство во улога на опозиција по мерка на Заев и Ахмети. Всушност, ако е Заев македонски Ахмети, што пречи да Груевски биде македонски Мендух?

Каде е опасноста?

Така е можеби замислено. Но пресметките од дома не секогаш врват на пазарот. Посебно во парично тегобниот јануари во кој муабетите по европски меани ќе се паметат колку и пијанствата од новогодишни пречеци. Но затоа вторничките апсења на „стоката за потрошувачка” ќе остане запаметена како настан-меѓник помеѓу излитеноста на "Вистината за Македонија” и растечката љубопитност на јавноста за „Лагата за Македонија”. Половично сервираните вистини на СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ и кооперативното крим-крило на СДСМ веќе не предизвикуваат ниту внимание ниту емоции кај граѓаните, барем недоволни за да привлечат и одржат внимание подолго од едно деноноќие. Следствено и во склад со некогашната максима на СДСМ дека "цело е кога има се”, нејзината Вистина за Македонија ќе биде целосна единствено кога некој ќе ги објави и вистините за дружбата на Заев и Шеќеринска, начините низ кои ја приграбија власта и нивните frenemy односи со дружбата Груевски – Мијалков. Парадоксално до болка и според логиката на нештата, доколку Вистината за Македонија ни ја сервираа лажливци и измамници, неминовно е дека Лагата за Македонија останува линкот кој недостасува во целосно разбирање, разоткривање и отрезнување за реалноста во која не имаат сместено. Капитален пример и доказ за судирот помеѓу Лажната Вистина за Македонија и Вистината за Лагите во Македонија е какатоничниот молк на сите четири за улогата на Али Ахмети и ДУИ. Кои остануваат како традиционален литмус тест со кој се докажува ВМРО-СДСМ-овската споделена ментална, политичка и духовна матрица базирана врз криминал и корупција. Која ниту Моне, ниту Шуман нема да можат – ако воопшто сакаат – да ја изменат. Се додека не разберат и јавно признаат дека опасноста за Македонија и синдромот на нејзината пропаст не лежи во судирите помеѓу посточеките menage-a-troi партии. Туку напротив, во нивната соработка.
Зеколи е најдобар новинар кај нас, но сега бадиала и јавност и било што
http://puls24.mk/mk/vesti/izvrsitel-od-tetovo-se-pretstavuva-kako-najdobar-drugar-na-zaev-i-se-izzivuva-so-gragani
нели тука на Кајгана даваа правна помош како да се жалат против извршителите што работат незаконски ??
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
На Талат му гори под нозе. Сега не толку, ама како што ќе поминува времето, се повеќе и повеќе.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Види у суштина кога државен службеник носи Монклер јакна на просечна плата од 300 ЕУР и 40% незапосленост, не име него држава треба да се смени. Ама ти тоа не го сфаќаш така, ти си емотивно врзан за државата и животот би го дал за неа само никако да го дадеш да го ебам.



Суљо е добро дете. Многу несреќна животна приказна ама нема покварено срце. Баш таквите беа најголем таргет на Монако патриотите. А како бекап имаа разни волци клинчиња иреали да ти релативизираат се во нивна сврха.
https://store.moncler.com/en-gb/men/shop-by-mood/grenobleasfw17-section?banner_campaign=mgrenobleasfw17&banner_id=box1&banner_pagetype=Homepage
damn cenive
ama pa i ova mi tekna
https://store.prada.com/en/pradagb/woman/woman-new-arrivals/?cc=GB
i mi tekna na ovie sto drkaat na govorite za rabotnicki prava od sopstvenickata na doticniot brend
lud,zbunet
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Најново инфо кое секако може да се докаже дека е невистинито. Мијалков побратимот си се има договорено уште пред година дена, ќе си тацне сфе што треба да тацне затоа што е пред се' бизнисмен. Уште кога излегле боНбите, наводно барал од братучед му да предаде власт и да се изгубат ама овој дебилов одбивал секаков контакт и секаков „разумен компромис“, при што лицето СМ си се договорил со лицето ЗЗ, подпомогнати од лицето ЃИ.

Уште нешто, Нино е оној што е најгласен во врвот на партијата против паторот.

Пак ќе повторам, можеби се' е измишљотина и не би сакал да глумам Пеја Нострадамус, Пеја Ванѓа али тоа се муабетите :D
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
На Талат му гори под нозе. Сега не толку, ама како што ќе поминува времето, се повеќе и повеќе.
зашо мислиш дека му гори на човекот? па он можда највеќе користи у ситуацијава.... со дуи повеќе од 10 години владеат и сеуште се на власт.... јак функционер е беше министер за одбрана моментално ти е претседател на парламент... не гледам никаква логика да му гори на човекот..

п.с смешно ми е кога ке слушнам дека ке го апселе грујо и дека ке оди у затвор... смешно ми е од причина што уназад низ годините ако погледнеме еден мочан политичар нема да најдеме што не праел криминал... со изнесени докази обвинениа чуда и врагови ја еден незнам да го осудија..... бранко љубчо хари бучко..... ама баш никој не е осуден ниту 1 ден затвор :)
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
зашо мислиш дека му гори на човекот? па он можда највеќе користи у ситуацијава.... со дуи повеќе од 10 години владеат и сеуште се на власт.... јак функционер е беше министер за одбрана моментално ти е претседател на парламент... не гледам никаква логика да му гори на човекот..

п.с смешно ми е кога ке слушнам дека ке го апселе грујо и дека ке оди у затвор... смешно ми е од причина што уназад низ годините ако погледнеме еден мочан политичар нема да најдеме што не праел криминал... со изнесени докази обвинениа чуда и врагови ја еден незнам да го осудија..... бранко љубчо хари бучко..... ама баш никој не е осуден ниту 1 ден затвор :)
Па мора еднаш да пукне или нека не распаднат како држава.
Или ќе фунцкионира законот за сите, посебно за вакви крупни криминалци со докази или нека го прекинат правниот факултет па да не се замараме со право, а нека ја снема и ебената држава.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Добро бе дали има еден во ова гнојосано дпмне да потрошил нормални пари за нормално нешто ...

Екс градоначалникот на Крушево за 10 месеци потрошил 3700 евра за тоалетна хартија.

3700 ЕВРА ЗА ТОАЛЕТНА!!

Изгледа од бизоните и коњите многу често серел.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Добро бе дали има еден во ова гнојосано дпмне да потрошил нормални пари за нормално нешто ...

Екс градоначалникот на Крушево за 10 месеци потрошил 3700 евра за тоалетна хартија.

3700 ЕВРА ЗА ТОАЛЕТНА!!

Изгледа од бизоните и коњите многу често серел.
Затоа станавме најмизерна држава во Европа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Најново инфо кое секако може да се докаже дека е невистинито. Мијалков побратимот си се има договорено уште пред година дена, ќе си тацне сфе што треба да тацне затоа што е пред се' бизнисмен. Уште кога излегле боНбите, наводно барал од братучед му да предаде власт и да се изгубат ама овој дебилов одбивал секаков контакт и секаков „разумен компромис“, при што лицето СМ си се договорил со лицето ЗЗ, подпомогнати од лицето ЃИ.

Уште нешто, Нино е оној што е најгласен во врвот на партијата против паторот.

Пак ќе повторам, можеби се' е измишљотина и не би сакал да глумам Пеја Нострадамус, Пеја Ванѓа али тоа се муабетите :D
Па ова е и логичен ред на настаните.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Стефус рефус на апарати :vozbud:
Ептен се оштетил изгледа во некоја кафана па му одрила во глава народната патриотска музика.

Може место твит да ја образложиш критиката за анѓушев? Што има он врска со мијалков и чавков? Што треба он да направи во случајов со фени?
Не одам по кафани ни пијам ни слушам народна музика...туку постам за божиќни пости и слушам џез а сум и тазе бањат и немам здравствени проблеми. Треба сега да одам во црква на неделна богослужба. Фала за грижата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom