Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.959
1. Каква критика, пофалба е за успешниот претприемач, ете во време на режим, заробена држава, дисфунцкионален систем човекот создал огормен капитал, по некоја случајност ете има испреплетени интереси со Мијалков и Чавков, ама тоа нема врска, случајност.

2. Настрана шо ете, законот за енергетика се менува баш сега а примарно капиталот на дотичниот му е створен токму преку трговија со ел. енергија, и по некој спцеифични законо за ословодување од царина на уше поспецифични материјали...да е режимот би рекол судир на интереси а богами и злоупотреба на позиција, ама сега се е тоа граѓанска случајност.
Уште и посветен на науката.
Критика како шо глеаш нема.

ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

https://ener.gov.mk/
Пак си бладаш. Тоа што им продавал струја на фени нема апсолутно никаква врска со мијалков или чавков. Баш поради ваквите неосновани критики се губат и конструктивните кои ги наведе во вториот дел. Се разводнува дискусијата. Наместо да се дискутира за тоа што го наведе во вториот дел од постот (царините на акомулаторите, либерализацијата на струјата) од каде кочо ќе има директна заработка се прави дефокус.
Веројатно и ти сфати дека твитот е булшит, па затоа сеа се вадиш со новите моменти кои ги внесе со овој пост.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Пак си бладаш. Тоа што им продавал струја на фени нема апсолутно никаква врска со мијалков или чавков. Баш поради ваквите неосновани критики се губат и конструктивните кои ги наведе во вториот дел. Се разводнува дискусијата. Наместо да се дискутира за тоа што го наведе во вториот дел од постот (царините на акомулаторите, либерализацијата на струјата) од каде кочо ќе има директна заработка се прави дефокус.
Веројатно и ти сфати дека твитот е булшит, па затоа сеа се вадиш со новите моменти кои ги внесе со овој пост.
Еве гремлински крик, вообичаено почнува со навреда, бладаш и сл по дома, ок?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.831
Поени од реакции
36.864
Јакнана што ја носи е поскапа од затворот како градба. Е баш човекон со Лининг јакна позади, таман за да се долови одличната илустрација.
Оваа е боље.

gruevsjki-preskoknuva-kal-1068x713.jpg

Пази ципела и јакна на Груевски а пази искинати патики и пазарска тренерка на тој со знамето.

Добар опис на просечниот член на Дпмне.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Видете јакната каква марка му е, од тие скапите.
Ако не па, да го смениме Името, а?
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Видете јакната каква марка му е, од скапите.
Е заради ова мора да го смениме името и да се предадеме на НАТО.
Кој ќе го смени името бе глупчо? Сменето е во 1994 , сеуште се бориме за име.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Црни Вторници и Бели Лаги
Арсим Зеколи

Традиционално, големите бељи во Македонија редовно се случуваат кога Премиерот е вон земјата. Уште потрадиционално е кога и вториот по хиерархија, спикерот на Парламентот, онака – коинцидентално! - е на службен пат. Но за разлика од минатите режими кога хистеричната братија реформисти, денес комотно сместена под опашот на власта, умееше да врисне до небо „Грујо патува, црно ни се пише”, сега веќе никој не се потресува од чудната „случајност” на полит-татковските службено-патни отсатности во црни часови. И тоа не е единствената симптоматична коинциденција од „црниот вторник” во која се апсеа виновниците за „црниот четврток”. Но наместо да ви бидат сервирани готовански, интересните подударности од минатото и сегашноста побарајте ги сами преку поблиску набљудување на ликовите кои завршија зад решетки, домашни притвори, домашни претреси и потполно отсаство од било каква санкција на ревносната едноока полиција на дискредитираниот Спасовски Оли.

Гледано од страна, апсењата беа лекција во живо за хиерархиите и кастинските недопирливости во распоредот на улогите низ партиите. Па така, од апсењата дознавме дека Чавков е сепак ситно рипче-залаче во споредба со Гордана Јанкулоска или Владимир Пешевски. Исто како што на времето дознававме дека Љубе е пери-носи роба за еднократна-употреба, за разлика од Верушевски и Мијалков. Што севкупно води кон заклучокот за министерските профили и судбини во земјава базирани врз непишаното правило дека не си ербап министер, ако не си бајаги криминалец со сопствена клан-банда, медиумски загари(ци) и гарантирана евро-американска индулгенција. Доколку не, задоволи се со тоа да те нарекуваат Министре Билгим, Тевдовски, Адеми, Сугаревски. Трај си, знај си мукаетот, трулеј во фотеља, не се рчкај со газдите. И, побогу, не пипај копчета!

Изветреан кривично-правен наратив

Тоа е и поуката од вторничките настани. Наместо посакуваниот шок ефект врз јавноста, апсењата на опозициски сардини и гарнири ја принуди истата да се потсети на настаните од 27 април. Но сега од поурамнотежен, покритичен и здраво-циничен агол на согледување на нештата. Со дрската, безобразна, провидна вторничка акција на селективни апсења, Спасовски успеа да го изветрее кривично-правниот наратив за линчот во Собранието и ја сведе на политички процес во која допрва нема да може да се дестилира слепата правда од дневната политика. Бидејќи, колку и да ми се лично одвратни како појави и ликови типусите од сојот на Дамевски, Бетмени, Дурловски и слични бајати гарнири на минатата режим-мафија, единствено принципиелно е да се бара заштита на правата, правото и правдата се демонстрира токму кон таквите, за почит недостојни, ликови. За да утре правдата за обичните и немоќните биде сосема нормален, безмалку протоколарно очекуван свршен чин кој се подразбира сам по себе.

Малку пауза од теоријата и ред-два практични и јавни прашања до Спасовски, Заев и Бејли. Зошто изјавите на наведените ликови давани пред и за време на настаните од 27 април се сметаат како достаточни за нивно приведување, а притоа ја пренебрегнувате изјавата на Зијадин Села во која безмалку отворено се сомничи Али Ахмети за учество во настаните? Зошто таквата „по дојавен збор” информација не е доволна за да се преземат мерки, барем за сослушување во полициска станица? Дали часовникот на Фатиме Лукас за мерење минути и секунди за Груевски нема сказалки за годините и месеците на чекање на Ахмети? Зошто гестикулациите на ВМРО-вските тетки ги сметате за корпус деликти, но не и релаксираните клештења на пратеници на ДУИ додека бесната толпа околу нив линч-ликуваше низ собраниските простории? Зошто Чавков е ексклузивно таргетиран како виновен за неспречување на упадот во Собранието, а притоа Агим Нухиу е „разбира се” однапред амнестиран од секаква одговорност поради наводна „неинформираност”? Иако токму неговиот партиски лидер Ахмети бил навремено, со часови (или денови?) предупредуван од СДСМ и Заев да не присуствува на седницата поради безбедносна закана по неговиот живот? Зошто Заев, свесен за заканите по безбедноста, навреме не го предупредил Нухиу да биде на штрек во испраќање помош, познавајќи ја поставеноста и наклонетостите на Чавков? Зошто за сомнителни лица се сметаат само оние кои наводно комуницирале со домашните и странските лица вмешани во нападот, но нема ниту збор за јавните лица со блиски, семејни и бизнис врски со странските разузнавачи вмешани во инцидентот?

Бели лаги на естаблишментот

Овие, и барем дузина други прашања и дилеми за смислата на Спасовски, Јанева, Заев, Бејли за спроведување на правдата ќе останат да висат неодговорени. И по нивна, не наша вина, одговорот ќе го бараме во сомнежот дека сите наши „црни вторници, понеделници, четвртоци” се бели лаги на естаблишментот низ кој се менаџираат успоните, падовите и преживувањата на моќниците. Потсмевот на нивните платенички мегафони е веќе недоволен за да таквите сомнежи однапред се дисквалификуваат како шпекулации и „многу гледање филмови”. Посебно не доколку разбереме дека единствените добитници од оваа последна драмолетна епизода се Груевски, Заев, Ахмети, а најголем губитник – опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, како што редовно бива, нај љубопитната глетка од пост-апсаната не е прошетката на Груевски низ барикади, туку неочекуваната замолчаност на про-реформските гласови од водството на ВМРО-ДПМНЕ, пред се генералниот секретар Мицковски и грст пратеници наклонети кон суштинска реорганизација на партијата од самиот врв па надоле. Втората љубопитна коинциденција е што апс-нападот врз „командантското” крило се користи како полигон за востоличување на генералскиот статус на Груевски. Но и навремена сопка за обидите на новите сили на ДПМНЕ да низ претстојните се-партиски „цивилизирациски”дебати во Германија и Франција се обидат да ја претстават сопствената реформска и модерирана програма. Во која нема место за Груевски и хибридниот клан на ВМРО – Демократска Алтернатива за македонско национално единство во улога на опозиција по мерка на Заев и Ахмети. Всушност, ако е Заев македонски Ахмети, што пречи да Груевски биде македонски Мендух?

Каде е опасноста?

Така е можеби замислено. Но пресметките од дома не секогаш врват на пазарот. Посебно во парично тегобниот јануари во кој муабетите по европски меани ќе се паметат колку и пијанствата од новогодишни пречеци. Но затоа вторничките апсења на „стоката за потрошувачка” ќе остане запаметена како настан-меѓник помеѓу излитеноста на "Вистината за Македонија” и растечката љубопитност на јавноста за „Лагата за Македонија”. Половично сервираните вистини на СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ и кооперативното крим-крило на СДСМ веќе не предизвикуваат ниту внимание ниту емоции кај граѓаните, барем недоволни за да привлечат и одржат внимание подолго од едно деноноќие. Следствено и во склад со некогашната максима на СДСМ дека "цело е кога има се”, нејзината Вистина за Македонија ќе биде целосна единствено кога некој ќе ги објави и вистините за дружбата на Заев и Шеќеринска, начините низ кои ја приграбија власта и нивните frenemy односи со дружбата Груевски – Мијалков. Парадоксално до болка и според логиката на нештата, доколку Вистината за Македонија ни ја сервираа лажливци и измамници, неминовно е дека Лагата за Македонија останува линкот кој недостасува во целосно разбирање, разоткривање и отрезнување за реалноста во која не имаат сместено. Капитален пример и доказ за судирот помеѓу Лажната Вистина за Македонија и Вистината за Лагите во Македонија е какатоничниот молк на сите четири за улогата на Али Ахмети и ДУИ. Кои остануваат како традиционален литмус тест со кој се докажува ВМРО-СДСМ-овската споделена ментална, политичка и духовна матрица базирана врз криминал и корупција. Која ниту Моне, ниту Шуман нема да можат – ако воопшто сакаат – да ја изменат. Се додека не разберат и јавно признаат дека опасноста за Македонија и синдромот на нејзината пропаст не лежи во судирите помеѓу посточеките menage-a-troi партии. Туку напротив, во нивната соработка.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Видете јакната каква марка му е, од тие скапите.
Ако не па, да го смениме Името, а?
Види у суштина кога државен службеник носи Монклер јакна на просечна плата од 300 ЕУР и 40% незапосленост, не име него држава треба да се смени. Ама ти тоа не го сфаќаш така, ти си емотивно врзан за државата и животот би го дал за неа само никако да го дадеш да го ебам.

Ене го позади и Саше звани за секој случај :icon_lol:
Суљо е добро дете. Многу несреќна животна приказна ама нема покварено срце. Баш таквите беа најголем таргет на Монако патриотите. А како бекап имаа разни волци клинчиња иреали да ти релативизираат се во нивна сврха.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Grujo ima skapa jakna, a graganite nemaat. Kakva neprafda.
 
T

Terroir

Гостин
Никаков сенс за естетика да се немало, ај ова фасадиве да беа барем квалитетно направени ќе речеш ок ајде барем личат убаво.

Ама ова галииве и панорамското тркало им беше врв на кичот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom