Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2013
Мислења
847
Поени од реакции
1.307
Утре играме на гости кај Рајн
Ке биде жустро
Слепците 3 утакмица по ред губат , и во Бундес сеа изгубија.Им паѓа газот.Мора да се искористи тоа
Циндрич веројатно ке игра што е предност за нас
Очекувам тешки 60 мин во Германија[DOUBLEPOST=1511577773][/DOUBLEPOST]
Страшен тим имаме, не сме за џабе шампиони, али не зезајте со ова „не гледаме кој би не спречил да освоиме титула“. ПСЖ се страшни во другата група, вчерашниот меч со Веспрем само го потврдува тоа. Тоа дрим-тимот им е уште посилен оваа година со Сагосен, плус се жедни за крв и освојување натитула после толку промашувања изминативе сезони. Реално они се фаворити број 1 за титулата и за нив моментално во Европа важи мислење „не гледаме кој би ги запрел оваа година“. Затоа и победа на Ф4 втора година по ред против нив, плус и сега кога знаеме дека ни го собираат Раул би било перверзии и јаготка на шлагот во целиот овој проект. Тоа би било нешто како комбинација од станување на европски шампион и победа во сред Автокоманда на Металург во екот на најјакото ривалство со нив. :)
ПСЖ ке го изгуби првото место у група од Флензбург
Јаки се ко земја , нз дали ги прател некој
 
Последно уредено:

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.921
Поени од реакции
9.528
ПСЖ ке го изгуби првото место у група од Флензбург
Јаки се ко земја , нз дали ги прател некој
Би се кладел дека нема
Само се во форма ЕП и бундес ке го земат данокот Швабите се фокусираат поке на Бундес од причина шо таму киксови се скоро недозволени а тука можат и 2-3 да завршат и да стегнат ко ке треба во март-април исто беше со РНЛ само се чекаше кога ке паднат а имаа далеку потежок распоред на 2-3 дена играа и шо се деси бум 3 со ред а очекувам и четврти утре едноставно ростерите не им се доволно големи за да издржат во темпото кое што играат исто и со Фленс ке се деси најлошо можат да бидат 3 шо и ке бидат по мене освен Веспрем ако не им дозволи 2ро да лапнат Киелце тешко да ги претркаат
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.208
Поени од реакции
8.012
Што ти значи да го имаш најдобриот голман у историја на ракомет. Вакви мечеви со последна акција за противникот на нерешено, пред Штербик стално сме ги губеле.
:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
847
Поени од реакции
1.307
Браво , одлично , бод вреден 1 место

Ова е карактеристика на шампион

Останува против НАНТ и БАРСА на гости и не ни бега 1 место
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.824
Спасивме гз. God bless Штербик :D

Циндриќ беше доста слаб денес. Кара имаше одлична партија минатата недела и заслужи денес да добие поголема минутажа на сметка на сеуште неопоравениот Циндриќ.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Огромен бод за Вардар. Кога ќе се стави и лошата игра у напад, можеби и најлоша од прошлата сезона па се до сега, бодов е рамен на победа.
Не знам само што му беше филмот на Раул што го играше Циндрич цела утакмица после 4 неделна пауза, требаше да ротираат со Карачич, кој одлично го водеше Вардар во тие неколку утакмици без Циндрич.
Одбраната, да го сведеш Р.Н.Л на само 21 гол на домашен терен, и тоа без стубови како Мораеш и Македа, е не знам.. :cuc::cuc:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Киксот (ваљда делумен кикс е ова?) е на грб на Раул. Не можеш против касапиве да го враќаш Циндриќ у форма, 7 пати му падна топката од раце, еден дриблинг не направи како што треба. Ако не е Карачиќ повреден (пошто тој знае секад да има некоја минорна) мораше да го игра второто полувреме. Ајде за Борозан се виде дека нема да му биде денот и можеби оправдано не го играше во напад, ама Карачиќ мораше.

Нападот изгледаше така шугаво затоа што практично играше без плејмејкер ради катастрофалниот меч на Циндриќ, но и покрај тоа се испуштија 2-3 прилики за победа. Марсениќ се врати на старо со промашувањето на зицерите. Исто и Шишкарев...

Празноглавнион Менсах им даде отворен пат кон победа со идиотското исклучување на крај, али не можеш тактиктата со 2 пикера да ја играш со Криштофанс и Канељас. Тука првпат сезонава директно се осети заминувањето на Алекс. И баш тука требаше Циндриќ да го форсира, можеби ќе му успееше финта. :D
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Не можам да гледам вакви мечеви, срцево у петици ми е ко по обичај. Многу битен бод и реален исход со оглед на целата игра денеска.

Дискутабилен е изборот на Раул толкава минутажа да добие Лука, кога беше очигледно дека не е со паметот таму. Шишкарев ко по обичај, два гола од мртов агол ги дава и прави да изгледаат како да е најлесната работа на светот, а наредните два од зицер ситуации го поебува.

Мики денеска очај во напад. Не сакам да звучам неблагодарно и размазено ама мислам дека неговиот врв беше минатата сезона и тешко и дека ќе му се повтори пак, за во одбрана знае да брка работа. Со оглед на тоа што му завршува договрот сезонава, има муабети дека има неколку понуди, а тука се и муабетите дека буџетот ќе биде намален следната сезона сметам дека треба да се пушти и да се бара друга опција за таа позиција. Арпад! :cuc:
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2013
Мислења
847
Поени од реакции
1.307
Караџич го носеше Вардар на грб многу време и против подобри екипи.Јбг Циндрич изигра страшна сезона и изгуби место Игор.Ама сеуште е класа.Му требаат неколку натпревари за да влезе у ритам.Какви продори правеше порано..
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Кара може и сега да го носи на грб Вардар, затоа и нема да биде голема загуба Циндрич, загуба е Штербик и Раул, за се друго има замена
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Караџич го носеше Вардар на грб многу време и против подобри екипи.Јбг Циндрич изигра страшна сезона и изгуби место Игор.Ама сеуште е класа.Му требаат неколку натпревари за да влезе у ритам.Какви продори правеше порано..
Премногу е склон на повреди инаку квалитетот секако дека е тука.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ваљда може да се каже дека денес изиграа лоша утакмица ако се земе во предвид стандардот на кој што веќе се навикнавме. Колку што денес грешеа ми се чини дека од нова година па наваму немаат направено толку грешки, а баш денешнава беше утакмица во која што секоја топка значи бодови. Промашивме ситуации кои обично ги решаваме со затворени очи, но ваљда нормално е некогаш и нашиве да имаат слаб ден, ако може да се смета за слаб ден нерешен резултат во Германија. Клучно за тоа што не победивме мислам дека е придонесот на Борозан кој што денес е чиста нула и тоа што Раул го префорсира Циндриќ на кој скоро ништо не му одеше, а на клупа цела утакмица ја преседе Карачиќ. Овие две работи да не беа ќе се вратевме со победа од Германија 100%, без разлика на тоа што две битни алки како Мораеш и Македа не беа во комбинација за утакмицава. Малку ме потсети утакмицава на гостувањето кај Сегед кога многу лесно можеше и да победиме и да изгубиме, а на крајот исто како и денес изигравме нерешено. Сега ни преостануваат уште две тешки гостувања кај Нанат и Барса и тука ќе мора да се изигра ептен машки т.е. ќе мора барем една од овие две утакмици да добиеме за сигурно прво место во група, а за останатите ќе биде чудо ако изгубиме бодови.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Одбраната не Штербик треба да е број еден, а него го нема ни у топ 5:tapp:.некако им дојде преку глава од чудава што ги прае
 

Kajgana Shop

На врв Bottom