Вака значи сега, еве да не биде дека правиме нешто зад затворени врати - јавно ќе ги повикам
@Strelec @Gree info &
@Sv B да ми објаснат зошто изминатава недела се логирани сите тројца од една иста IP адреса.
За второто, што се однесувале бановите, видов дека страна две поназад од куршлусот
@Branchez и двете страни ве опоменувал и казнувал и потоа Мистичен дошол и најкултурни пак ви рекол да прекинете. Значи немојте да измислувате дека ако Грее имале банер тука дека биле имуни од банирање. Пак ќе ве насочам да ја посетите темата за Телекабел во подфорумот за интернет, кои исто така се рекламираат на форумов и да видите што постови има таму па пак сите се „живи и здрави“.
Не се бановите од Мистичен поради одење контра климите од Грее во случајов, тоа туку затоа што ве замолил да прекинете со сељачкиот однос и со провокациите двете страни.
За во иднина, ако забележите навреди во темава, не враќајте па после да викате ме банираа за глупости. Пријавете лошо мислење и се ќе биде соодветно санкционирано во најбрз можен рок. И не се согласувам баш со тоа за огромен придонес дека некои имале во темава па требало да им се прогледува низ прсти. Критериумот за сите ќе биде еднаков барем додека сум јас администратор. Не ја следев темава досега зошто не се разбирам од овие работи и не ми се предмет на интерес ама еве за атер да видите дека нема своеволие, ќе санкционирам се што е несоодветно, без разлика дали се работело за фан клуб Грее или фан клуб останати клими