Ветар во магла е оваа држава. Сега ќе ви објаснам ако недај боже на некој истото му се случи вака било постапката.
Штом ќе го видиш дека е отруено кучето , одма треба да пријавиш во полиција да му земат бриз , да го дадат на испитување итн... Е сега ако пријавиш во полиција , ќе ти речат пријави во ветеринарна инспеција, ќе звониш таму ќе ти речат пријави во комунална инспекција, ко ќе ти речат имат здружение за заштита на животни пријави таму и така натаму до безконечно.
Јас бев кај матичниот, зедов документ дека сум имал симптоми на труење (повраќање , главоболка , отежнато дишење) и бев во полиција.
Чекав 2 сати пред врата зш таква е процедурата кај нас, кога влегов и кога му кажав дека се фрлаат отрови во населено место , дека имав симптоми на труење како и мојата девојка, дека 2 кучиња се отруени, и дека тој факт може да го потврди и некој од комшиите, дојде еден инспектор и ми рече анализа на крв да напрам, да донесам докази дека сум имал отрови во крвта, дека не сум смеел сам да ги закопувам , дека тие не биле надлежни за флање отров и ред други глупости.
Јас им викам , море луѓе јас не дојдов овде и не трчам лево десно како будала и чекам пред врата 2 сати без причина...дојдов само да ви кажам до знање дека некој во таа населба од тие куќи фрла отров, недај боже може и дете и човек да се отруе, и дека треба да превземете нешто, доволно е дури и да се појавите на некоја врата да ги заплашите тие психопатите за да имаат во предвит дека некој ги пријавил и некој ги набљудува.
Инспекториве само кимнаа со главите, запишаа на некој лист нешо кој претпоставувам дека во истата минута од кога си заминав заврши во канта, и тоа е тоа.
Немат начин како да дознам кој бил за да му ги искршам коските повеќето се понашаат како ништо да не знаеле и ништо да не се десило, ама немат да се откажам од потрагата и еден ден се надевам дека некој сам ќе се пофалит за стореното (зш повеќето се глупи ко точаци), а тој ден јас само ќе го чекам.[DOUBLEPOST=1510686788][/DOUBLEPOST]Овие две другарчиња ги отруа.
Ова беше моето