- Член од
- 6 декември 2011
- Мислења
- 2.027
- Поени од реакции
- 3.357
Денес ми го отруа кучето а и уште едно малечко друго од комшиите. Кучињата си беа пуштени во двор и си играа по цел ден, шетаа само во нивите позади меѓутоа тоа се затворени места и не излегуваат на пат. Многу беа мирни , не лаеја, не напаѓаа бидејќи беа мали и беа од мирни сорти. Тие едноставно си играа со сите луѓе и сите деца, беа среќни и секогаш кога ќе ме видеа буквално се мочаа од среќа. Кучето мое го чував дома , навечер спиеше со мене, јадеше со мене , живееше со мене ...беше исчистено и вакцинирано и редовно го носев на ветеринар. Не знам зошто некој бездушник тоа би го направил на вакви кучиња кои не претставуваа 0 опасност за околината и луѓето во неа.
Е сега претпоставувам дека се од едни малку подалечни комшии само не сум сигурен кој од нив.
Дали можам да пријавам некаде во оваа посрана држава, дали постои некаква институција која може да се ангажира за ваквиве моронски дејствија на психопативе што ќе ги казни и спречи за понатамошни нивни активности.
Моето не бил прв случај тука , пред недела дена и друго било отруено само што сега ја дознав таа информација.