Овој муабет го имам слушнато на повеќе наврати, но дали ќе можеш малку да елаборираш?
Како прво, нема зошто да не знаеш Англиски во 21-век каде дотичниот е де-факто јазик на планетата.
Понатаму компјутерските науки се екстремно динамична средина каде нови знаења има буквално секој час.
Доколку чекаш некој да го преведе треба во пензија да идеш, а прашање е и воопшто дали тоа некогаш ќе се случи.(Во превод немаш шанса да бидеш конкурентен на пазарот на работна сила)
Освен тоа било која фирма ќе ти бара знаење на англиски или за тимска работа или за комуникација со клиенти.
Ако сакаш нешто да пребараш на Гугл пак ти треба англиски пошто пак тој е јазикот на кој сите информации и научни трудови се објавуваат.
Во глобала овие причини и мал милион други кои се сведуваат на комуникација и прибирање информации.