Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.967
Шилегов ќе ги забранува старите возила во услови на голема загаденост
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, планира да воведе систем на мапирање на возилата загадувачи за градската управа да забрани нивно движење во сообраќајот во услови на висока загаденост.

На денешниот состанок за аерозагадувањето во главниот град, Шилегов рече дека Градот ќе иницира законски измени со цел при технички преглед на возилата да можат еколошки да се мапираат и зависно од категоризацијата да добијат налепница.

-Потоа градските власти ќе можат административно да ги исклучуваат возилата што реално придонесуваат за загадување на воздухот – појасни тој.

Шилегов очекува законските промени да бидат донесени во Собранието до крајот на годинава. До крајот на следната година очекува сите возила на територија на цела држава да добијат налепница.

Тој појасни дека нема да има дополнителни финансиски импликации врз буџетот на граѓаните бидејќи и така секој граѓанин врши технички преглед во текот на годината. Разликата, како што рече, е што при мерење на издувните гасови, што некаде се спроведува, а некаде не, ќе може да се категоризира возилото, каква и колкава количина на издувни гасови има и согласно тоа да се мапира во еколошка смисла.

Шилегов потенцира дека ова е само идеја и оти треба да се доработи. Секое возило би требало да добие соодветна боја на налепница како постојните што ги имаме при регистрација на возилата.

-И потоа, како градоначалник, да можам административно да забранам движење на возила со црвена, жолта или зелена налепница, во зависност како ќе бидат категоризирани. Правиме анализа на категоризација на возилата по издувни гасови, согласно правилата на ЕУ – рече Шилегов.

Според него, мерката „пар-непар“ е неправична бидејќи има нови возила кои имаат парна регистрација и многу стари кои имаат непарна и кои како што рече, реално повеќе го загадуваат воздухот.

Шилегов повтори дека како ќе се зголемува загадувањето на воздухот ќе се воведе скалесто зголемување на цената на паркирање, а ќе има намалување на цената на јавниот градски превоз.

-Идејата е да ги стимулираме граѓаните да го користат јавниот превоз во тие денови повеќе за да не плаќаат поскап паркинг. За на крај да дојдеме до една апсолутно висока цена на паркирање во централното градско подрачје, во однос на бесплатен јавен превоз во деновите кога е критична загаденоста – истакна Шилегов и додаде дека ќе има пуштено зголемен број на автобуси.

Најави дека е подготвен и лично да го носи целокупниот правен ризик и да ги носи одлуките, независно од тоа дали некому му се допаѓале или не.

- мислења за мерката?
Лажго е.Уво не го боли што воздухот е загаден.Тој самиот има куп возила со што и тоа како допринесува за дополнително загадување на воздухот.Плус,глупакот заборава дека во градов има многу повеќе луѓе со стари отколку со нови возила бидејќи немаат сите дебели плати.
Меркава е само продавање магла.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Не ми е јасно зошто не воведат congestion fee за влез во строг центар на Скопје, пред се кај парламент, Рекорд, кај Влада, како што има во многу светски метрополи. Мислам 100 денари е сосема соодветна цена за некој што сака да влезе во оваа зона, исклучок нека бидат јавниот превоз и лиценцираните таксисти.
Еве како е во Лондон
The Congestion Charge is an £11.50 daily charge for driving a vehicle within the charging zone between 07:00 and 18:00, Monday to Friday.
ама ова и како еден вид казна им служи, и да немаш платено ќе те регистрираат CCTV и ќе ти стигне по пошта. Еден Англичанец што го знам само се жали дека му стига congestion fee :D мислам, не дека се жали во смисла ме јебе системот туку дека не пази самиот.
И овие комбињата што ги спомна @Bateman што вршат дотур на роба, треба да си имаат саати до кога смеат да го прават тоа, во цел свет на пример до 12 мораат да имаат завршено или па од 10-12 па после од 18-20, не може само кај нас нонстоп по улици да ги има.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.967
И што да правиме?
Лоша работа е и укинувањето на „Ден на Дрвото“. На Македонија `и се потребни повеќе дрвја токму поради загадувањето и пожарите.Конкретно,за Скопје е потребно специфично пренасочување на сообраќајот.Треба да се забрани движење на секаков вид возила(без разлика дали се стари или нови,да важи за сите),освен на автобуси(само новите) и да можат пешаците послободно да се движат,па и велосипедисти бидејќи велосипедите не загадуваат,на некои од улиците во Центар и Карпош.Треба да се стават филтри на сите фабрики.Наместо глупави измени на Законот за Пушење,треба да се воведе Закон со кој пушењето цигари насекаде ќе биде забрането затоа што димот од цигарите и загадува и загрозува човечки животи.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Некои улици да бидат комплет затворени за сообраќај?
Се сложувам и со тоа.
Но, во тој случај крнтиичето ќе си го вози преку наредната улица, ништо не сменето..
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.967
Некои улици да бидат комплет затворени за сообраќај?
Се сложувам и со тоа.
Но, во тој случај крнтиичето ќе си го вози преку наредната улица, ништо не сменето..
Па,наместо полицијата да брка партиски работи или да денгуби,треба да се воведе и закон со кој ќе мора подобро да го контролира почитувањето на законите.На тие што ќе возат по други улици да им се даде дозвола или пропусница со која ќе можат да возат само неколку часа дење и неколку часа ноќе.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Па,наместо полицијата да брка партиски работи или да денгуби,треба да се воведе и закон со кој ќе мора подобро да го контролира почитувањето на законите.На тие што ќе возат по други улици да им се даде дозвола или пропусница со која ќе можат да возат само неколку часа дење и неколку часа ноќе.
Сите? Значи комплет транспортот да се лимитира?[DOUBLEPOST=1510164349][/DOUBLEPOST]
ама ова и како еден вид казна им служи, и да немаш платено ќе те регистрираат CCTV и ќе ти стигне по пошта. Еден Англичанец што го знам само се жали дека му стига congestion fee :D мислам, не дека се жали во смисла ме јебе системот туку дека не пази самиот.
И овие комбињата што ги спомна @Bateman што вршат дотур на роба, треба да си имаат саати до кога смеат да го прават тоа, во цел свет на пример до 12 мораат да имаат завршено или па од 10-12 па после од 18-20, не може само кај нас нонстоп по улици да ги има.
Да стига по пошта. Не само тоа, има камери, на семафори, премини паркинзи итн.. те снима самата камера, фотографира таблици и било каков прекршок, и автоматски ти праќаат казна по пошта.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.967
Сите? Значи комплет транспортот да се лимитира?[DOUBLEPOST=1510164349][/DOUBLEPOST]
Да стига по пошта. Не само тоа, има камери, на семафори, премини паркинзи итн.. те снима самата камера, фотографира таблици и било каков прекршок, и автоматски ти праќаат казна по пошта.
Па,да.Само автобусите(само новите,а добро би било да се купат и електрични )да можат да се движат по најнормален ред.И секако не треба да се прави проблем за возила на Брза Помош.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Сите? Значи комплет транспортот да се лимитира?[DOUBLEPOST=1510164349][/DOUBLEPOST]
Да стига по пошта. Не само тоа, има камери, на семафори, премини паркинзи итн.. те снима самата камера, фотографира таблици и било каков прекршок, и автоматски ти праќаат казна по пошта.
Така супер би било, би се спасиле и од непотребното малтретирање од страна на грото полуписмени џандари и ќе се намалат и нивните возила по градовите + уште помалку загадување ама јбг, така ќе мора да се лета од работа...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.788
Поени од реакции
18.417
Треба да се намали и бројот на цигани, тоа ќе биде мерка кај која инстантно ќе се осетат резултати, барем 50% ќе се намали загадувањето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.727
Поени од реакции
12.159
Многу чудни мерки од повеќе причини. Прво, за дел од тие нови возила може да мижиме да заборавиме дека се случува транзиција. Сега со ова треба да се "наградат" оние кои се омрсија од нови градби, кои во суштина го затнаа Скопје. Тие сигурно ќе возат со зелена налепница. Понатаму-годината (ако добро разбрав според стандардите на еу) на производство нема секогаш врска со реалниот издув на гасови па можно е и 2008 да испушта повеќе од ист тип гориво 2002. Трето-треба да се земе предвид и видот на горивото. И четврто, добар дел од возилата се стари над 15 години. Што ќе се преземе за тракторите, моторчињата за пластика, приватните автобуси, пикапите и камионите кои се регистрирани на фирми и кои со нив вршат дејност?
За возниот парк. Во 2015 просечна старост на возилата била 18 години. Доколку претпоставиме дека возниот парк во Скопје стои нешто подобро, од 4 треба да се паркираат 2 возила. Во 2016, во Скопје има за 35% повеќе возила од 2002. Зголемувањето е кај дизелите, намалувањето кај бензинците и возилата на плин. Доколку 80% се приватни, доколку само 1/3 од нив се возат со по 1.5 лица, дали градот располага со толкав број нови автобуси? Скопје по некоја процена има над 700000 жители.
Скопје сеуште се гради.
Нешто екстра за Германија
Во Германија за секои сто кубни сантиметри јачина на моторот, возилата со бензински мотор плаќаат две евра, а дизел-моторите 9,5 евра. Во Германија се плаќа и такса за јаглероддиоксид, во висина од две евра за секој грам од штетниот гас, без разлика на еколошката норма или каков било друг параметар на автомобилот.

Нова Македонија
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.127
Поени од реакции
30.908
Според него, мерката „пар-непар“ е неправична бидејќи има нови возила кои имаат парна регистрација и многу стари кои имаат непарна и кои како што рече, реално повеќе го загадуваат воздухот.

- мислења за мерката?
Пази, некое возило може да биде ново, ама такси возено, продувано до ПМ и назад, локомотива. А може и постаро возило да биде во гаража чувано, мала километража, редовно сервисирано, паметно возено, чувано и негувано... Каква гаранција е староста? Никаква.
Само мерење на издувни гасови при технички прегледи, ама со нови правила, пошто сегашниве технички прегледи знаеме дека се само фарса - сите поминуваат.

Најпосле, сето ова е само мачкање очи. Главниот загадувач НЕ Е сообраќајот и автомобилите. Главните загадувачи се горењето ѓубре и греењето на дрва (и отпад). Повторно се игнорира тоа, и се одвлекува вниманието на рајата со споредни загадувачи.

Понатаму: ЗОШТО НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА ЗА ГАСИФИКАЦИЈА? :cautious:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
Главните загадувачи се горењето ѓубре и греењето на дрва (и отпад).
Греење на дрва викаш било главен загадувач а не издувните гасови. Брееј мајката. До вчера готвевте на дрва, скара на жар ( од дрва ) е неспоредливо подобро од било што друго и се прави во секоја можна прилика кога условите го дозволуваат тоа ама ете тоа да ти било тоа.
Ај да речиш ќумур, да речиш нафта и така и така. Дрва бе. Работата испаѓа дека чим не можеш да го видиш значи не штети па према тоа да чадот од дрвата испаѓа дека е поопасен дури и од радијација , одма после чадот од цигари.
А да еве и една панорама од мене за Битола во овие ладни есенски денови.

Тоа замагленото е Битола всушност ;)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.127
Поени од реакции
30.908
Владе, ти напишав тебе лично пред некоја недела пост (на кој патем не ми одговори). Таму објаснував како барав ама не можев да најдам камин со помала моќност. Истата ситуација ја видов и со печките и ќумбињата. Во продавниците се продаваат скоро па исклучиво камини и печки со ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ. Пошто луѓево се глупи а продавачите се бескрупулозни. Луѓево имаат некој глуп резон дека мора да купуваат големи печки, а продавачиве со задоволство им ги продаваат.

Што се случува во простор како на пример мојот простор, кој бара не повеќе од 4 киловати моќност на греење, кога ќе распалиш печка од 12 киловати??
- Се умира од топло, и се кука на домаќинот да „НАМАЛИ ГРЕЕЊЕ УМРЕВМЕ“ (а овој потоа го намалува дотокот на кислород во печката).

Што се случува кога се намалува дотокот на кислород во печката?
- Ефикасноста на согорување паѓа у ПМ ниско, често и под 10%.

Што се случува кога ефикасноста на согорување паѓа под 10% ?
- ОСТАНАТИТЕ 90% ДРВАТА СТАНУВААТ ЧАД, САЃИ И РАЗНИ ПМ10 И ПМ2.5 И РАЗНИ Пичке Материне ЧЕСТИЧКИ КОИ НЕ ТРУЈАТ ВО ОБЛИК НА СМОГ.

Се е јасно Владе, загадувањето рипа највисоко после 16ч кога се враќаат луѓето дома и ги распалуваат ќумбињата. Загадувањето е најмало во ситните саати кога на сите им се изгасиле ќумбињата (ако дал госпоТ ветер).

- Деновиве кога беше топло дење имаше најмало загадување. Автомобилите НЕ ЗАГАДУВААТ на сончево време?
- Ако е ладно, загадено е и за викенд. За викенд нели се вози значително помалку?
- Преку ден нели многу повеќе се вози, ама најзагадено е од 16ч до 01ч, кога сите се вратени дома и автомобилите се паркирани.

Греење на дрва викаш било главен загадувач а не издувните гасови.
И горење ѓубре. Во Карпош кај Момин Поток, и во циганското маало кај Канал 5, во тој реон има некои стоваришта, разни помали фирми, погони, каде се гори буквално се и сешто, од прегорено моторно уље за греење, иверки и намештај, до горење гуми за да се дојде до бандашите, па преку други индустриски срања од помали димензии, но кои комбинирано МНОГУ загадуваат, и тоа со МНОГУ ОТРОВНИ ХЕМИИ И ДРУГИ СРАЊА. Има и цигански шупи и шатор покрај Вардар на многу места, горат што стигнат ама најчесто гуми и ѓубре... Епа се собира, и ни ебава матер на Скопјани. Очигледно лошо е и во Тетово, освен што ѓубрето повеќе не го палат туку ни го утрапија на Дрисла.[DOUBLEPOST=1510184747][/DOUBLEPOST]Во Битола подобро е?
 
Имаш во Нептун , баш некни гледав. Мало каминче , снага не повеќе од 5 кв. цена мислам беше 7990 денари. Под мишка да си го земиш и да заминиш. И мислам на камин не на ќумбе.
Ти на ефикасноста гледаш поинаку од тоа што јас гледам. Јас на ефикасноста гледам на залудно фрлени пари , ти гледаш како на загадување.
Кога сме кај тоа види ја сликата која ја постирав. Го гледаш "чадот" како надвиснал на градот?
Ако ти кажам дека по половина час го снема ке ми веруваш ? Најверојатно дека нема ама за жал не сликав . Не е ни битно. Сакам да ти кажам дека прво има тука многу со температурата на воздухот, влажноста( на сликата гледаш дека врни или врнеше ). Така да има разлика дали е сончево или не е. Дали е воздухот топол или не е, дали е влажен или не е.
И на крај ако го гледаш и мирисаш чадот ( од дрва на пример) не значи дека е повеќе токсичен од оној што не го гледаш. Радијацијата ич не ја гледаш ама ај прошетај се половина час низ реакторот во Чернобил. Мислам дека ме сфаќаш што ми е поентата.
И да се разбериме, зборувам за чад од дрва. Не за чад од ќумур, нафта,масло, пластика, бензин и други хемиски отпадоци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom