Да особено си против у секој втор пост кај што го бришеш газето на твојот газда, кудејќи ги сите што го споменуваат. Тоа ти е исто како некој после Втора Светска да вика - абе доста со тој Хитлер више, као не е само до него бе луѓе.
Како и да е, прилично незграпно делува, кога тоа го правиш. Би требало да се помириш со фактот дека на сите им е јасно кој беше лично и персонално одговрен за сите (во некои категории - невидени досега) срања у овие десет години и кој е одговорен за сега последиците што ќе ги трпиме.
Никакво плачење од типот -доста го спомињате Груевски, нема тоа да го смени.
Јас сум свој газда од 2005 година, уште пред да се врати твојот газда на власт со неговата пвеводба во 2006 година. И сам си го бришам задникот, доволно сум возрасен и здрав за тоа.
Кога сме кај спомнувањето на твојот газда, ти си тој кој го спомнува и го одржува во живот на форумов, не ме гледаш мене да ги спомнувам јарецот претходник на твојот газда или папата претходник на зајко кукурајко, бидејќи припаѓаат во минатото.
На мене лично воопшто не ми пречи тоа што имаш фрустрации од твојот газда, тоа е твој проблем, но мислам дека не е во ред и останатите членови на форумот да бидат изложени на твоите лични фрустрации, бидејќи после тебе ќе дојдат и други со нивните лични фрустрации и форумов ќе ја изгуби својата смисла, бидејќи е место за дискусија, а не психијатриска ординација.
Кога сме кај Адолф Хитлер, тој заслужува да биде спомнат, исто како и било кој друг злосторник кој историски ќе остане запаметен по своите злосторства, додека ти колку и да го спомнуваш твојот газда, за 10 години од сега ретко некој ќе се сеќава кој бил, за разлика од Хитлер и таквите како него, кои имаат богато историско крвопролевачко наследство оставено на човештвото.
Но ако веќе толку сакаш да бидеш дежурниот фрустратор на форумов, земи објави нешто и за папата на плавите жолтици, или и за јарецот на пвеводбениците, бидејќи и тие едно време беа на власт и оставија траги исто како и твојот газда. Можеш да објавиш и нешто за зајко кукурајко, кој е првиот аболициран премиер на Македонија.
Или потруди се да бидеш објективен член кој ќе придонесува со факти, наместо секој пат кога ќе останеш без аргументи да се вадиш со "сендвич армија", "твојот газда" и слични детинести оправданија, или ако веќе си одлучен да бидеш дежурен фрустратор, земи истерај ја твојата фрустрација до крај, не ја ограничувај само на твојот газда, бидејќи имаше и други пред него, а еве ги има други и после него.
Он ти е типа - ги мрзам и двете партии, али ВМРО онака малце поише ми е наци-раси партија и тука се гаѓаме па така да поише влечам натака : )))
Противење и мразење се две различни работи.
Малкумина ги има на мојот список за мразење, а нема ниту една политичка партија или политичар на тој список, биди сигурен, треба многу да истера некој(а) за да го/ја замразам, а дежурните тролови на форумов не се ни блиску до тој список.