Добар е потегот со поскапување у Центар и со ограничување на паркинг во строг центар, со тек на време мора целосно да се исфрлат од сообраќај приватни возила во најстрогиот центар.
Менталитетот мора да го смениме, дека не треба дури и кога одиш некаде со автомобил тој да ти е паркиран буквално пред вратата на локацијата, особено ако одиш некаде за забава и разонода во кафана/кафиќ па мора на два метра од масата да ти е колата.
Eден потег на Шилегов ептен ме изнервира, стопирањето на сите фасади што се правеа. Прво, оние што се веќе почнати заврши ги, сега ќе личи ли градот на неваросана куќа полна со попунаправени ѕидови. Второ, онаму каде има веќе нови фасади и сега останале неколку измеѓу стари и окапани направи ги и нив, чисто од естетска логика, онаму каде во цел еден потег не е ништо почнато океј, не го ни почнувај, вака со ова решение ќе изгледа уште поочајно и од претходно.
Но во глобала, поголем дел од потезите и кадровските решенија се само груевизам во некоја помека фаза, нема разлика, не дека очекував.