Јас за мојата Тошиба имам само една голема замерка - продавачите.
Даикинот инаку нема шанси повремено да не може да не се спушта до 200 вати потрошувачка, или и нешто испод. Тошибава најниско сум ја видел на 150-160, ама генерално нискиот мод е некаде окулу 200вати. Гри Чејнџ за споредба не се спушта под 400 вати.
Гледај има многу технички финеси, и има клими со подобри карактеристики и спецификации... Но има и реални искуства. Моите се добри. Има некои работи кои не се гледаат на спецификации, туку при реално користење.
Од тоа што не ми се допаѓа, е што е бучна надворешната единица кога работи на макс, од друга страна тоа се дешава прилично ретко, после луфтирање ако поставам агресивна температура, без еко сетинг, и на ауто фан. Кога имам гости, или гледам филм, ја ставам на слабо дување и не се ни чуствува дека работи клима (заеби СОР, важно мене да ми е ОК).
Секако постигнува да загрее како што треба.
Важна работа со било која клима, е да не дува директно каде што седат луѓе. Мене никој не ми се пожалил на ладно дување, или дека ми е ладно дома. Ако идат луѓе со деца на гости, местам и на над 26с.
Како и да е, гледај да си го научиш сега Даикинот, модови на работа, колку троши на кои сетинзи, да го програмираш ако можеш да работи на повисока температура од 2 до 4 попладне, па после да спушти малку, навечер кога спиеш на која веќе темп. сакаш да биде навечер. Итн, итн...