За Рома не знам зошто во Серие А темата ви се општа мета на спрдња ама за Наполи не се согласувам, каде и да отвориш по форумов има пофални зборови и епитети дека Мертенс e играчиште, дека Сари супер го држел тимот на врвот, не знам што. Има помпа за Тотенхем во Англија затоа што никој не ги сфаќаше сериозно до пред сезона - две (како што и Фергусон им зборел на играчите кога ќе играле лошо против нив - Lads, it's Tottenham...) а сега не само што не трошат безврска како сезоната кога купија 7 метли, туку си градат и нов стадион, имаат менаџер што има систем во кој освен Кејн без разлика кој игра пак функционира како што пиша Џонтра и го приспособуваат фудбалот спрема противникот. Далеку се времињата кога беа неконстантни. Можеби уште немаат победнички менталитет меѓутоа победата врз Реал (слаб, неслаб, актуелен шампион е) им е секако голем подвиг.[DOUBLEPOST=1509653439][/DOUBLEPOST]Хаха

Доволно е да се отворат ги првите 5-6 страни од темава и видете во тие процентите и типовите за кој оди даље колку пати ќе го сретнете Тотенхем а колку пати Дортмунд.
@Peja989 од тогаш чекал
Луѓето посебно Џонтра и Пеџа треба да ги разграничат работите малце кога дискутиравме во врска со Дортмунд,Тотенхем и целовкупниот рејтинг на клубовите во Европа...целата дискусија произлезе од
@ElNinho кој постави топ 10 ранкинг на клубови во Европа во последните 3-5 години во негово видување односно стрикно од негова гледна точка како би изгледала табелата севкупно гледано од сите аспекти(амбиции,квалитет,постигнат успех,капацитет и организација)..е сега со оглед на тоа дека на одредени позиции неможеше лесно да се одлучи која екипа би било поприлагодно да ја стационира на одредена позиција, таму направи остапка и постави повеќе клубови поради неодлучност и целата збрка настана кога ги постави,Барселона/Јувентус и Дортмунд/Тотенхем на исто ниво на 10-тата или 11-тата позиција(не е битно).
Ќе објаснам напросто што можам.
Кога би ги зеле сите можни апскети во предвид на начинот на кој се направи таа листа Тотенхем ни по еден основ неможи да го дели истото место со Дортмунд..зошто?
Тотенхем во овој момент неспорно е поквалитетна екипа(тоа јас лично не го негирав) од Дортмунд,неспорно е дека е подобра во финансиски апскет(игра во Премиер лигата,Лондон) и е покадарна за поголем успех.
Но за да се наоѓа погоре на табелата односно да биди во Топ 10 или пред Дортмунд тогаш треба да покажат резултати во контиунитет и да постигнат некаков успех и надвор од Англија што немора секогаш да означува освојување на титула(со оглед на конкуренцијата) ама пак од друга страна мора да направи чекор понапред и да докажат дека се екипа и да ги поразат директните конкуренти во битката за титула (како тоа што го направи Дортмунд против Баерн во повеќе наврати минатите сезони)..Дортмунд како екипа редовно игра нокаут фаза додека Тотенхем е сеуште треба да се докажува.
Неможи од една ноќ или од два месеци каде Дортмунд се бламира со Апоел и Тотенхем игра рамноправен натпревар со шампионот Реал Мадрид да констатирате дека Тотенхем е пред Дортмунд како фудбалски брен или како клуб...полека малце.
Мене како индивидуа Тотенхем ми се многу симпатични и се надевам дека ќе постигнат успех и ќе освојат ПЛ бидејќи заслужуваат дечките ама се додека не извадат мадиња и не одат на победа на гостински терен кај некој конкурент тогаш тие ќе бидат исти како Арсенал.