Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.333
Го најдов и јас тоа, плус нешто по вики... :)
За да го објасниш мора да го израмниш со куп други учења онака како некој разбрал од тие учења...

Бараш на нет „его“ и се што ќе најдеш за его си го толкуваш по твое, градиш став и го нарекуваш Лапласова Графика за Бесконечната Трансформација или ЛГБТ и тука градиш учење кое не бара истражувања... и во иднина некој што навистина не се заморува со ништо ЛГБТ заедницата ќе ја порамни со овие глупости од погоре и настануваат вакви проблеми какви што ги имаме по форумиве наши, а со тоа и во реалниот живот, бидејќи реални ликови ги носат во своите глави овие идеи што тука ги пишуваат...

Нели :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Го најдов и јас тоа, плус нешто по вики... :)
За да го објасниш мора да го израмниш со куп други учења онака како некој разбрал од тие учења...

Бараш на нет „его“ и се што ќе најдеш за его си го толкуваш по твое, градиш став и го нарекуваш Лапласова Графика за Бесконечната Трансформација или ЛГБТ и тука градиш учење кое не бара истражувања... и во иднина некој што навистина не се заморува со ништо ЛГБТ заедницата ќе ја порамни со овие глупости од погоре и настануваат вакви проблеми какви што ги имаме по форумиве наши, а со тоа и во реалниот живот, бидејќи реални ликови ги носат во своите глави овие идеи што тука ги пишуваат...

Нели :)
Нели...
Него ти да не славеше “Ноќ на вештерките“? :D
Пишува нешто за тоа на “Премин“?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Мене било која ноќ кога ќе намислам ми е Ноќ На Вештерките... :D
А за Премин не знам, тие се собираат на ноќни бдеења и слично... во црно... :)
Друг ми беше муабетот. За Halloween. Нели вчера беше. Се дигна деновиве голема галама кај нас (како и секоја година ова врме), како тоа кај нас може да се прославуваат вештерки, демони...итн. Клетиот запад што ни нудел, ќе се уништела “македонштината“ и други слични драпај-си-меот бесмислици.
А пази само од кај најдоа вештици. Сосем е друго и празникот и етимологијата. Ама пусто.... колку да се има што да се анатемисува.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Еготеизмот е глупост!

Твоето прашање се однесуваше за дел од Телемитска книга, но бидејќи не знаеше, затоа мислеше дека не се однесува прашањето за Телема и целата таа философија...

Тоа што велиш дека „за тебе ова или она значи тоа и тоа“ паѓа во вода бидејќи напиша:
„Еготеизам е обожување на себе си. Сам на себе бог (ego лат.- јас; theos грч.- бог). Тоа што го кажа и ти, нема бог освен човекот.“

Тоа не го кажа @Ipsissimus (обожување на себе си) и сигурно не го мислеше ова од погоре како што ти ги разбираш работите - но ти му го додаде тоа „твое разбирање“ и го израмни со твоето „како ти разбираш“.
За да го разбереш, мора да читаш Телема и да се запознаеш со основните концепти...

Затоа морав да додадам и да те потпрашам во врска со его и останато...

Мислам дека никој никаде не го гледа концептот на бог, божественост итн како „бесмртно суштество“... добро изградено его е дел од божественото и е божество само по себе... ја знаете онаа „храмот мора добро да биде уреден ако сакате во него да се всели бог“, но тоа се работи кои нема смисла да ги дискутираме вака, по форуми - премногу подпрашања излегуваат и патот станува премногу долг, залудно долг.

P.S.
Еготеизам е глупост од збор и идеја. Кај ги наоѓате овие кованици, не знам...
Ок можеби Ипси не го мислел баш тоа. Но јас со ,,сам на себе бог" мислев на личност што си ги превземала работите во свои раце. Некој кој сам си го крои животот. Во случајов ,,бог"се однесуваше како метафоричен израз.
Не е битно само ме интересираа мислења.


Друг ми беше муабетот. За Halloween. Нели вчера беше. Се дигна деновиве голема галама кај нас (како и секоја година ова врме), како тоа кај нас може да се прославуваат вештерки, демони...итн. Клетиот запад што ни нудел, ќе се уништела “македонштината“ и други слични драпај-си-меот бесмислици.
А пази само од кај најдоа вештици. Сосем е друго и празникот и етимологијата. Ама пусто.... колку да се има што да се анатемисува.
И јас сакав да го почнам истово.
А стварно не сфаќам шо им таа галама.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ова е во стилот: еве овде овие клечат а ти велиш дека не клечите... ќе морам да те потсетам на твоето прашање:

И ти реков дека не се молиме никому и не коленичиме , тоа е старо-еонска пракса да се моли...

Ова е дел од драмските Елевзински ритуали напишани од Кроули. Штета што не се гледаат нозете од одорите и како се клекнати луѓето за да знаете нешто за таа симболика. Но ако не ве мрзи, можете да најдете објаснувања за овие ритуали низ книгите на Кроули.
Има цели книги за драмските ритуали и како се конструирани... или се конструираат ако се заморувате со тоа... иако се сомневам дека некој од вас има барем некоја бледа идеја во однос на тоа...

Не си требало да се мачиш да бараш толку аргументи во однос на клекнувањето - само требаше да прашаш соодветно за да добиеш одговор. Ќе ти наброев многу слики вакви, со објаснувања... но ти не можеш да не си лигав и полн со презир кон се што мислиш дека е непристапно за тебе...

Со подбив и со детски наум не се прашуваат вакви работи :) Ќе почекам да видам дали ќе најдеш некоја симболика по нетов во однос на клекнувањето кој што го има во некои ритуали или ќе останеме на тоа пирамиди, врвови, кој владее со светот и останати секташки размисли... нормално, заедно со идејата дека некој се моли.
Заборави на молењето. Денес или со авторитет или ќе го јадеш ќотекот и ќе паднеш најниско што може.

Јас во ниту еден ритуал од Класа D не сум користел психотропни супстанции кои би влијаеле на мојот ум.
Го делам мислењето на Кроули во врска со дрогите.

Ти, какви дроги користиш при гледањето во сонцето кога изгрева? Со што добиваш инспирација дека си вреден да живееш и да имаш размисла дека си на врвот? Сигурно не е дишењето...
Е сега...лигав полн со презир.
Не сум таков секогаш, сега сум пивнат и полн со љубов :)
Јас немам ништо против ако се испостави дека тоа што го кажувате со Ипси е така, да се разбереме. И ако не е така тогаш пак не сум против(во смисла не ве сакам), туку као и остала Њу Ејџ багра сум за добро на сите....Love is the only law.
Она што го гледам по слики од ритуалите е клечење, а не сакам никој да клечи за она што веќе го има....ритуал неритуал не е битно. Објаснувања давај колку сакаш, за мене најбитно е достоинството. Од таа гледна точка не признавам никаков авторитет и никаква ситуација во која човекот е ставен во подредена ситуација.....имало или не хиерархија во универзумов јас сум за "неебавање жива сила".
Друго ме интересира, што си ти лигав и полн со презир кон моето уживање под сонцето?
Зошто мора да работиш нешто за да добиеш нешто?
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Halloween е празник за припомнување на починатите блиски.Се верува дека на тој ден или на таа вечер нивните духови „слегуваат“ на овој нашиов свет на живите за да бидат бар неколку часа блиску до нас(е,сега,со какви намери,дали добри или лоши не е јасно :icon_lol:).Некои луѓе велат дека на овој празник се присетуваат и на некои светци и маченици.Други луѓе пак,веруваат дека на овој празник вештерите и вештерките најмногу ја користат нивната сила да им прават изопачени работи на обичните луѓе.
Останатите луѓе веруваат во сето тоа.
Почнало како паганска прослава,па се преобразило во Христијански празник.
Мене ми е језиво.Да ти излезе дух пред очи или изопачени вештери и вештерки..... :brlav:
Но,ми се допаѓа делот со "trick or treat". Не е лошо да добиеш бесплатни слатки. :pos:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.333
Секоја година така... А не ги споменуваат нашите балкански "баби" кои знаат по нешто од "dark art" кај кои ги носиме децата ако имаат проблем со зборување, ако се исплашени итн итн...
Балканот има многу "вештерки" и цел куп правила кој ја наследува таа моќ (претежно најстарата внука, се скока ќерката) :)
Секогаш западот... А ние имаме поголеми тајни во врска со она што се крие во сенките на старите огништа :D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Еготеизам е обожување на себе си. Сам на себе бог (ego лат.- јас; theos грч.- бог). Тоа што го кажа и ти, нема бог освен човекот.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Знам што значи его и теос, нема потреба да ми објаснуваш мене, Телемит сум.
Не е баш адекватно да го поистоветуваш човекот со себе си, во Книгата на Рамнотежата стои и ова:
14. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.

Link
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Знам што значи его и теос, нема потреба да ми објаснуваш мене, Телемит сум.
Не е баш адекватно да го поистоветуваш човекот со себе си, во Книгата на Рамнотежата стои и ова:
14. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.

Link
Ми се допаѓа како звучи тоа од линкот. Интересна филозофија.

Само каде би можел да ги најдам печатени тие книги поврзани со телемата? Која издавачка куќа ги печати?

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ми се допаѓа како звучи тоа од линкот. Интересна филозофија.

Само каде би можел да ги најдам печатени тие книги поврзани со телемата? Која издавачка куќа ги печати?

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Побарај во Топер или на kupikniga.com Можеш и да ја контактираш Secret Fire оазата од скопје
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто во Св. Троица во Маџир Маало немаат ценовник за услугите и оставаат на поединецот да плати за "услугата" според своите можности и убедување?

Ова е многу подобар начин на функционирање, а не класичниот рекет што го прави МПЦ.
Не знам зашто не наплаќаат.
Ти, што велиш? Зашто?[DOUBLEPOST=1509659058][/DOUBLEPOST]
Не е одговорено, да беше ќе го видевме сите тој одговор, арно ама го нема од проста причина што неможеш да го дадеш, затоа што непостои начин обичниот верник да провери и да знае дали некој бил ,,достоен" или не, дали бил ,,богопогоден" или не и слично. Се што им останува е слепо да веруваат дека црното е бело, дека магаре лета и дека вие поседувате авторски права над вистината.
Ако не сум во право, се што треба да направиш е да приложиш цитат каде стои одговорот твој на тоа како обичен верник ќе провери и ќе знае дека оној што му се наметнува како авторитет за да му толкува е во право. Арно ама, такво нешто нема, освен твоите бесконечни трескања глупости, нема ништо друго.
Одговорено е и појќе од колку што треба. Неразбирањето останува твој проблем а не моето неодговарање.
Но, како реков, не е проблемот во моите одговори, туку во твојата ситуација.

Eм глумиш интерес за туѓи учења, поставувајќи прашања не за да дознаеш, туку за да не дознаеш, наоѓајќи начин и причина за самооправдување.

Не ми е познато дека на опрелестени ликови им пошло од рака да ја најдат вистината па ако знаеш таков случај, слободно посочи го, јавно, на форумов, за сите да дознаеме за случајот и за ликот.

Што се однесува до бараниот цитат, такви цитати барај од протестантите, оти тие се љубители на препишување цитати, извадени од контекст, кои (цитати) ѓоамити го поткрекуваат нивното моментално мислење.

Јас се потпирам на Црквата а не на препишувања.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како што веќе предходно кажав - Да имаше, ќе го видевме тој одговор, едноставно е, такво нешто нема. Прашањето беше како обичен верник ќе провери и ќе знае дека тој што му се наметнува како авторитет за да му кажува кое што значи е во право! Никаде нема одговор на ова. Освен упорното тролање и верглање на едни исти ретардирани изјави дека јас сум се држел до лага, нема никаков аргумент, никаков факт, ништо! Твоите постови се празни и лажни исто како и лагите на оние кои мислиш дека ги браниш овде.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како што веќе предходно кажав - Да имаше, ќе го видевме тој одговор, едноставно е, такво нешто нема. Прашањето беше како обичен верник ќе провери и ќе знае дека тој што му се наметнува како авторитет за да му кажува кое што значи е во право! Никаде нема одговор на ова.
Одговорот веќе ти е даден во склоп на мал миљон одговори, кои веќе сум ти ги напишал.

Ајде пак, за да не се расплачеш од моето неодговарање...

Објавената ни вистина е една и иста за сите во Црквата-иста е и за епископот, кого целата Црква во знае, а иста е и за најголемиот анонимус во Црквата, за кого ретко кој чул.

Авторитетот во Црквата се постигнува преку:
- Апостолското преемство, преку кое дел од Црковните членови стануваат свештеници и имаат ексклузивно право да бидат светотаинско свештенство и
- преку личниот духовен опит, кој се постигнува преку живеењето во и со објавената вистина.

Духовниот опит е ист и за „обичните„ верници и за подвижниците, а најизразен и најобемен е кај подвижниците во Црквата, кои, таложејќи знаење и искуство, стекнуваат позиција на Учители во рамките од Црквата и од таа позиција, можат и мораат да ги подучуваат понеуките и понеискусните од себе.

Просто кажано, хиерархиската поставеност во Црквата е од Бога зададена и е пресликана од небесната хиерархија.


[DOUBLEPOST=1509729378][/DOUBLEPOST]
Освен упорното тролање и верглање на едни исти ретардирани изјави дека јас сум се држел до лага, нема никаков аргумент, никаков факт, ништо! Твоите постови се празни и лажни исто како и лагите на оние кои мислиш дека ги браниш овде.
Аргументи и факти, кога е во прашање вистината, има(ш) само во рамките од Црквата, оти надвор од Црквата, владее кнезот на овој Свет и таткото на лагата.

Јасно е до очебијност дека на погрешно место бараш аргументи и факти, како што веќе ти укажав.[DOUBLEPOST=1509729988][/DOUBLEPOST]
Ми се допаѓа како звучи тоа од линкот. Интересна филозофија.

Само каде би можел да ги најдам печатени тие книги поврзани со телемата? Која издавачка куќа ги печати?

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Ма секако дена ти се допаѓа како звучи, а добри и‘ звучеше и на Ева па она ја оплеска работата.

Во Црквата, одамна е познато дека секој човек се води по својата огревовеност и во склад со огревовеноста, бара нешта од овој Свет, кои му се по мерак.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom