Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

D

dARK_ElementaL

Гостин
I mene me interesira ova.Aj,kje vidime dali i shto kje odgovori. :rolleyes:[DOUBLEPOST=1508942732][/DOUBLEPOST]
Жално,но реално ! Алчноста е всадена во секого.[DOUBLEPOST=1508943133][/DOUBLEPOST]
Знам дека така пишува. А,па,во исламот,положбата на жената е уште полоша.
Исламот не е ништо поарен

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, ако за да бидеш достоен верник е морално да ги простудираш сите книги и да ги поминеш сите салтанати, тогаш доследно си е да не земаат пари само владиците, попојте, клисарите туку и верниците. Од народ за народ, дај поделете тоа богатството по верниците.
Кеплер,

без твоето постоење, тркалото немаше да биде измислено...[DOUBLEPOST=1508964174][/DOUBLEPOST]
Posle prasanjva miki e na prinuden odmor izlea!

PS: Uprava...daj drugo dete,daj!
Суб,

поразнотијо немерлива и неограничена, грешко еволутивна, еве ти у‘ше еден „лајк„ од мене...[DOUBLEPOST=1508964287][/DOUBLEPOST]
Не постојат погрешни прашања, постојат само погрешни одговори. Како обичниот верник ќе знае дека оној што толкува наместо него е ,,достоен"? Како ќе провери дали бил достигнат вториот или третиот степен? Како ќе проверат дали тој што им толкува наместо нив бил ,,богопогоден" или не?
Ипси,

пиши сам кој одговор сакаш да го прочиташ па јас само ќе ги ископирам и ќе го вратам до тебе...

Веќе одговорив:

https://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-917#post-8213712

П.С:

Знам дека не знаеш што е вистината.

[DOUBLEPOST=1508964341][/DOUBLEPOST]
Зошто тогаш ја преведувате Библијата на македонски,ако никој не смее да ја чита ниту толкува?Ако смеат да ја толкуваат само црковните великодостојници,тие знаат старословенски и старогрчки и можат да си ја читаат и толкуваат,не им е потребна македонска Библија.На литургија тие ќе им преведат на мирјаните.
Пишува во Писмото „како и зашто„.
Изгледа не си прочитал.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси,

пиши сам кој одговор сакаш да го прочиташ па јас само ќе ги ископирам и ќе го вратам до тебе...

Веќе одговорив:

https://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-917#post-8213712

П.С:

Знам дека не знаеш што е вистината.
Не си одговорил, те прашав како обичен верник ќе знае дали тој што толкува наместо него е достоен или не, дали е богопогоден или не, дали достигнал втор и трет степен или не? На линков имаш пост каде кажуваш дека верниците треба да слушаат толкување од достојни, богопогодни итн, итн, јас те прашувам како обичниот верник ќе провери, дознае дали тој што толкува наместо него е достоен, богопогоден и слично?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Богоподобни се оние кои имаат лиценца за работа издадена од МПЦ.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
Кеплер,

без твоето постоење, тркалото немаше да биде измислено...[DOUBLEPOST=1508964174][/DOUBLEPOST]

Суб,

поразнотијо немерлива и неограничена, грешко еволутивна, еве ти у‘ше еден „лајк„ од мене...[DOUBLEPOST=1508964287][/DOUBLEPOST]

Ипси,

пиши сам кој одговор сакаш да го прочиташ па јас само ќе ги ископирам и ќе го вратам до тебе...

Веќе одговорив:

https://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-917#post-8213712

П.С:

Знам дека не знаеш што е вистината.

[DOUBLEPOST=1508964341][/DOUBLEPOST]

Пишува во Писмото „како и зашто„.
Изгледа не си прочитал.
Rende micko rende....! Plukaj si ti kolku sakas nisto ne menuva toa! Nego so ubo so arno da si projdes odmorot!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Rende micko rende....! Plukaj si ti kolku sakas nisto ne menuva toa! Nego so ubo so arno da si projdes odmorot!
Sub,

на постои лик на форумов, а и шире, кого сум га множил са „нула„ ама никако да му текне...:icon_lol:

Туку, ти фино-лепо продолжи си со своиве вакуумски празнотии, кои сами од себе говорат за нивниот автор и слободно живеј во заблудата дека некој ме „рендал„...ај барем ти да беше „рендачот„, ама ни за тоа не си дораснат.[DOUBLEPOST=1509037990][/DOUBLEPOST]
Не си одговорил, те прашав како обичен верник ќе знае дали тој што толкува наместо него е достоен или не, дали е богопогоден или не, дали достигнал втор и трет степен или не? На линков имаш пост каде кажуваш дека верниците треба да слушаат толкување од достојни, богопогодни итн, итн, јас те прашувам како обичниот верник ќе провери, дознае дали тој што толкува наместо него е достоен, богопогоден и слично?
Одговорено е.

Но не е проблемот во одговорот, туку во твоето невере и намера за бесконечно самооправдување на неверието.

Ако јас одговорам на секое твое наредно прашање, ти (лесно очекувано и предвидливо...) ќе прејдеш на наредното прашање, но не затоа што „као„ те занима одговорот, туку со друга намера и цел.

Како стојат нештата во Црквата, можат да (у)видат само ликови кои се дел од самата Црква, а не ликови кои поставуваат прашања, пасивно чекајќи одговор, седејќи пред мониторот, инстистирајќи и очекувајќи докази кои „као„ ќе бидат доволно јаки и кои ќе бидат и убедливи.
 
Последно уредено:

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Sub,

на постои лик на форумов, а и шире, кого сум га множил са „нула„ ама никако да му текне...:icon_lol:

Туку, ти фино-лепо продолжи си со своиве вакуумски празнотии, кои сами од себе говорат за нивниот автор и слободно живеј во заблудата дека некој ме „рендал„...ај барем ти да беше „рендачот„, ама ни за тоа не си дораснат.[DOUBLEPOST=1509037990][/DOUBLEPOST]

Одговорено е.

Но не е проблемот во одговорот, туку во твоето невере и намера за бесконечно самооправдување на неверието.

Ако јас одговорам на секое твое наредно прашање, ти (лесно очекувано и предвидливо...) ќе прејдеш на наредното прашање, но не затоа што „као„ те занима одговорот, туку со друга намера и цел.

Како стојат нештата во Црквата, можат да (у)видат само ликови кои се дел од самата Црква, а не ликови кои поставуваат прашања, пасивно чекајќи одговор, седејќи пред мониторот, инстистирајќи и очекувајќи докази кои „као„ ќе бидат доволно јаки и кои ќе бидат и убедливи.
Чекај бе, одговори ни зошто обичниот верник, еве, не секој, туку вистинскиот обичен верник кој живее правилно како што му наложува верата, нема можност и право да ја осознае правата природа на нештата? Само затоа што не е вработен во некоја црква? Или поради нешто друго не е достоен или подобен?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чекај бе, одговори ни зошто обичниот верник, еве, не секој, туку вистинскиот обичен верник кој живее правилно како што му наложува верата, нема можност и право да ја осознае правата природа на нештата? Само затоа што не е вработен во некоја црква? Или поради нешто друго не е достоен или подобен?
Aј ма...:icon_lol:...наведи го начинот на кој на обичниот верник му е ускратена можноста да верува во учења кои се поинакви од учењето од Црквата?

Патем кажано, постов ти пати од противречност па така, ако некој лик е верник па нека е и „обичен„ (што е тоа „обичен верник?...), штом решил да го прифати учењето од Црквата такво какво што е дадено, тогаш од каде му е потребата на истиот тој „обичен„ верник да прифаќа и да се приклонува и кон други учења, кои доаѓаат од други заедници?...

Секој има можност да стане достоен, но само ако се потруди, а не да чека со отворена уста, оти Црквата изобилува со ликови кои од багабонти станаа Светители.

На пример, прв во Рајот влезе разбојникот од крстот, во ден петок.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Не мора да си дел од црквата или од било што - само волја, време и помалку мрзливост и омраза да се изучуваат работите!
Затоа ги имаме овие проблеми денес од луѓе кои се христијани и имаат омраза и омаловажување кон се што не е христијанство, посебно православие - ние тука сеуште сме заглавени со некои догматски муабети и осудувања во името на божественото :)
Од ваша, православна страна - со надеж дека другата страна ќе молчи... Не повеќе :)

Црквата и ликови во нејзе сеуште се удираат во гради како да имаат било каков авторитет осудуваат цели учења постари и од нивните христијански идеи за светот и човекот, а истите немале никогаш намера, немаат и ниту ќе имаат да ги проучуваат истите тие учења?

Зошто мислиш ти дека јас постојано „те напаѓам“ за твојата вера? Мислиш дека ми е многу битно во што веруваш? Мислиш дека ми е грижа за христијанската догма или имам намера да ја исмевам? Не, воопшто не ми е грижа за сето тоа!

Мене ме загрижува што ликови како тебе се дрзнуваат заради своето верување и убедување на база на религија да осудуваат многу учења, со тоа и луѓе без да имаат прочитано, не пак разберено нешто од тие учења за кои дрдорат сешто! И тоа е пракса низ вековите... а денес не може така да помине! Посебно не од мирјани кои се најниското скалило во старо-еонските религии!
Ти го давам третманот што ти и твоите „духовни луѓе“ го делите по светот цел еон што помина!

Мора да се разоткрие и објасни убаво вашата политика на сатанизирање на сешто за да имате причина постојано да се повторувате! И тоа не може повеќе, се гледа во светот дека не оди тоа така...

Мирјанинот чека со отворена уста - да не чека, ќе мора да истражува и да бара директно искуство со божественото, не да оди преку „свети тајни“ кои мора да одат во присуство на нова каста - свештенство! Нели?

П.С.
Да, многу багабонти твојата црква ги прогласила за светци... зарем не е тоа земска политика? ;)
Од друга страна E.G.C. или Ecclesia Gnostica Catholica има сосема друга листа на светци и други аршини за да некој биде прогласен за светец!
Не верувам дека некој бил багабонт од таа листа на светци ... :)

П.П.С. Оние што стигнале до тука, можете да истражувате за разликата помеѓу EGC и католичката црква иако и во двете стои католичка, и во двете има црква збор! Мора да се научи етимологијата на зборовите за да не дозволите секој да ги присвојува тие зборови како да се некаков авторитет врз истите! :)
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
Ако јас одговорам на секое твое наредно прашање, ти (лесно очекувано и предвидливо...) ќе прејдеш на наредното прашање

Mind blowing miki....mind blowing!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одговорено е.

Но не е проблемот во одговорот, туку во твоето невере и намера за бесконечно самооправдување на неверието.

Ако јас одговорам на секое твое наредно прашање, ти (лесно очекувано и предвидливо...) ќе прејдеш на наредното прашање, но не затоа што „као„ те занима одговорот, туку со друга намера и цел.

Како стојат нештата во Црквата, можат да (у)видат само ликови кои се дел од самата Црква, а не ликови кои поставуваат прашања, пасивно чекајќи одговор, седејќи пред мониторот, инстистирајќи и очекувајќи докази кои „као„ ќе бидат доволно јаки и кои ќе бидат и убедливи.
Не е одговорено, да беше ќе го видевме сите тој одговор, арно ама го нема од проста причина што неможеш да го дадеш, затоа што непостои начин обичниот верник да провери и да знае дали некој бил ,,достоен" или не, дали бил ,,богопогоден" или не и слично. Се што им останува е слепо да веруваат дека црното е бело, дека магаре лета и дека вие поседувате авторски права над вистината.
Ако не сум во право, се што треба да направиш е да приложиш цитат каде стои одговорот твој на тоа како обичен верник ќе провери и ќе знае дека оној што му се наметнува како авторитет за да му толкува е во право. Арно ама, такво нешто нема, освен твоите бесконечни трескања глупости, нема ништо друго.[DOUBLEPOST=1509056495][/DOUBLEPOST]
Чекај бе, одговори ни зошто обичниот верник, еве, не секој, туку вистинскиот обичен верник кој живее правилно како што му наложува верата, нема можност и право да ја осознае правата природа на нештата? Само затоа што не е вработен во некоја црква? Или поради нешто друго не е достоен или подобен?
Затоа што тогаш поповите ќе неможат да му кажат на тој ист верник дека ,,бесплатно добивте, бесплатно давајте" всушност значи дека тој треба да плаќа за крштевки, венчавки, погреби итн, итн. Затоа што после ќе неможат да му кажат дека Матеј 6:19 не значи да не собираш богатства на земјата. Затоа истиот тој верник не треба да има доверба во сопственото мислење.
 
Последно уредено:

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Светот би бил многу поубаво место ако сите одлучиме да ја оставиме алчноста на страна.А,ова треба да почне од религиските организации,повеќе да ги учат луѓето за верата и нејзината значајност и помалку да наплаќаат за некои работи,а за некои и воопшто да не наплаќаат.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Светот би бил многу поубаво место ако сите одлучиме да ја оставиме алчноста на страна.А,ова треба да почне од религиските организации,повеќе да ги учат луѓето за верата и нејзината значајност и помалку да наплаќаат за некои работи,а за некои и воопшто да не наплаќаат.
Ако си дел од некоја организација и ти си самата стануваш дел од таа организација...
Не може некој постојано да те учи... подобро е да се разменуваат искуства во таа организација без разлика дали е религиозна или тајна или не знам каква... и да се види кој е најспособен од сите тие собрани во истата и тој нека биде водач на сите :)

Ако оргванизацијата одлучила да се плаќа чланарина, нека се плаќа - ти како доброволен член сам се обврзуваш да бидеш под тие закони и правила и тука нема ништо лошо... но глупо е и подло да се плаќа за нешто што е срж на истата таа организацјиа и лебди врз океанот наречен духовност!

Светот би бил поубаво место само ако секој си го знае местото во него: колку е способен, колку не е мрзлив, колку може максимум! Така ќе нема алчност, завист, подкупливост, курви за подобра работа или подобро место на живеење итн итн...

Човекот мора да го одучиме да го бара патот со најмал отпор како водата! Искушенијата не се за да го менувате правецот на движење во животот - туку да наоѓате решенија на истите и да станувате посилни!

Ако ви чини, ако не - умирајте вакви какви што сте и до сега... ништо страшно :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom