Атеист
Дежурен Шаман
- Член од
- 2 февруари 2010
- Мислења
- 7.682
- Поени од реакции
- 4.921
Aј не зезај.Според мене најлогично би било таа група на луѓе да се бира според строго научни криериуми а не според моменалното расположение на мнозинството. На пример за секоја област имаш експерт, докажан и признат и сите тие сочинуваат комисија која има легитимитет да бира и постаува луѓе што ќе раководат со општеството.
Или наместо комисија да има гласање, со таа разлика што секој глас ќе има коефициент зависно од тоа колку стручност има од областа за која гласа. На пример ако си лекар, ќе имаш коефициент поголем за областа од здравство, ако имаш завршено економски факулет, коефициентот за економија ќе ти биде поголем.
На тој начин, гласот на тој што има знаење и стручност ќе има далеку поголема валидност од останатите. Секој би гласал за секој ресор и за секој ресор коефициентите би биле различни зависно од знаењето и стручноста. Со преработката на податоците, би се добила влада со конкретни луѓе избрани од гласови на електорат што има стручност да ги бира.