Не мора да ги зема од нас. Може да ги зема пак од верниците само да нема богатење од нивна страна. Може да си има членови црквата. Секој од тие членови можат да плаќаат месечно одредена сума наместо да оставаат пари на икони, наместо да даваат пари за венчавки, крштевки, пеење на гробови, благословување лепчиња и сл. Таа сума што ќе ја плаќаат да биде помала од овие трошкови што ги набројав. Можат таа сума да ја плаќаат на државата, а државата да им дели плата на поповите од тие пари или може сумата да се плаќа директно во црквата. Нека се поделат по епархии или како и да им оди таа поделба. Нека плаќаат на епархиите тие членови, нека видат после поповите како ќе си ја делат платата, колку ќе им биде. Мислам нешто имаше кај муслиманите така, фамилии што се зачленети во такви заедници плаќаат така месечно. Битно она што сакав да кажам е да престанат да го вртат народот со тоа што воведуваат се и сешто, некакви си давачки демек. Како она наплаќање за сликање. Нема смисла такви манипулации.
Sent from my SM-G318H using Tapatalk