Баче ако сум се решил баш тој модел да го земам, и го има ремаркиран за 16К поевтино - па се разбира дека би го купил, па не Вивакс - Мимакс нека залепат на него.
Ама не е тоа муабетот, прво се сомневам дека навистина е цели 16К поевтин, и дека е истиот модел ако е навистина 16К поевтин. Пошто Вивакс одамна премина на Мидеа (и полоши, кај поевтините модели), но не велам дека не е можно во некоја од највисоките серии да бапнат и Гри.
Второ, во тој ценовен ранг јас лично повеќе би гледал Мицибуши и Тошиба.[DOUBLEPOST=1509102233][/DOUBLEPOST]А инаку не знам зошто те листав и тебе, изгледа сум те собрал заедно со другиве момци.
[DOUBLEPOST=1509102639][/DOUBLEPOST]
Немам контакти од Гримак, јас директно со мојот монтер преговарам па после тој си ја тера работата.
А ако сакаш на рати, тогаш човеков најверојатно нема да може да ти помогне.
Eве ти ги сајтовите, таму има контакти:
http://www.gree.com.mk/
https://www.facebook.com/Greemak-529192957167913/
Тогаш земи си обична он-оф сплит клима (ако не ти смета појако дување на воздух). Но ако веќе пазариш клима, зошто не инвертер - ќе баталиш и замарање со дрва и се, кога ќе видиш каков раат е греење со клима. Стиснеш копче и те грее, и тоа поевтино. Дрвца еден кубик, или пола, за кеиф (или зорт).