- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.217
Друже изгледа дека не си ја читал дискусијава. Такви но-нејм клими се најлошиот избор што можеш да го направиш.
Накратко:
- не избрзувај, гарантирано ќе се заебеш, размисли и прочитај ден-два
- првите најевтини клими од 3.5кв кои вреди да се купувуваат почнуваат од 30.000
- 2,5кв се доволни за твојот простр, 16 до 20м2 ќе загрее било која клима, разликата е што тоа ѓубрето што си го линкал ќе работи лошо, често ќе влегува во дефрост - значи ќе запре да грее на 5-10мин, после ќе почне да дува непријатно јако и ладно, итн... додека подобра клима нема ни да ја приметиш дека работи
- дрва се купуваат најкасно во Јуни, не сега, плус скапи се упм.
Мој совет? Заборави на дрва, евентуално купи пола кубик да имаш за секој случај или за кеиф некогаш. Земи си клима, да видиш раат да не се замараш со цепење, палење, чистење, итн. Позајми пари, или подобро види кои од големиве продавници даваат на рати и без камата. Заборави на такви ѓубриња од клими. Ако баш мораш да се ограничиш на 20 илјади, Gree Lomo ECO е неспоредливо подобар избор од тој Фаворит.
Но подобро, види по продавниците за Gree Lomo LCLH од 9000BTU (2.5ка), јас лани летото таков земав на акција за 19 илјади за родителите на жена ми и супер ги служеше лани на најголемите студови. Сега немам поим колку кошта, ама колку и да доплатиш од 21те илјади за Фаворит, ќе вреди. Ќе имаш дома клима, а не ѓубре. И наместо да плачеш по форуми како греење со клима е глупост, ќе се фалиш како најевтино се грееш без ич замарање.
Lomo LCLH 3.5ка мислам дека е окулу 30 илјади, 2.5кв моделот по некоја логика не треба да биде над 25 илјади, веројатно помалку. Провери си.
дали ќе може линк од уредот (некоја нивна web страна ако има) или пак телефон од нивно претставништво?
во план сум на пролет да земам клима но единствена опција би ми била доколку ја плаќам на рати, па сакам да се информирам за такво нешто...
плус, ќе ми треба само во лето пошто во зима се греам на дрва, а за преодно време (како сега што е) мислам дека ќе ми задоволи потреби...
имам отворен простор кујна-дневна со некои 25m2 и во ќош имам вртена скала која води кон поткровје (таму две соби и иста површина). Планирам климата да ја поставам над скали ради тоа што во лето горе е пекол, а за ваков период се надевам дека барем малку од топлината би слегувала долу (ако се насочи надолу да дува) иако генерално се коси тоа со законите на физиката



[DOUBLEPOST=1509108039][/DOUBLEPOST]Затоа Daikin и Gree имаат ист изглед на надворешните единици - а со тоа и некои од старите Вивакс имаат ист изглед на надворешните единици. Зборуваме за времето кога Вивакс лепенките си ги лепеше на Gree наместо на Мидеа.