Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.906
- Поени од реакции
- 38.798
Општо познати факти се тоа. Вивакс нема свое производство, продава други клими под свое име. Како Фонко што правеа кај нас на времето.Извини, јас малку не сум упатен во овие поефтините клими, а гледам дека цело време ги спомнуваш Вивакс како ребрендирани Грее (на времето), а сега ребрендирани Мидеа. Има негде податок за ова? Вивакс немаат своја производна линија па сите нивни модели им се ребрендирани Грее или Мидеа? Дали Грее/Мидеа од ист ценовен ранг би била иста со Виваксот?
Ме мрзи сега да пребарувам, но имаш на многу места поназад на форумот зборувано за тоа, со покажувани фотографии, сервисни упатства, и многу други податоци. Потруди се и пребарај, ќе најдеш.
Имаше бајаги муабет за ова, со многу податоци. Јас сега можам само да го повторам линкот што го линкав на истава страница, од истава дискусија само неколку години порано:
https://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-278#post-6945681
Vivax GEEI претставува ремаркиран Gree Cozy, додека пак неговиот претходник Vivax GECI е ремаркиран Gree Change. Новите генерации на Gree Change (2013, 2014) ги нема во Vivax варијанта.
Еве ги интересните страни од сервисното упатство за Gree Cozy/Vivax GEEI :
Прегледај го приврзокот 106768 Прегледај го приврзокот 106769
Овие податоци се совпаѓаат со податоците од производителот.
Целото упатство за Cozy/GEEI. На страна 1 од упатството можат да се видат сите варијации на внатрешни единици кои се користат во сите ремаркирани Gree Cozy изданија. Петтата варијација е онаа што ја користи Vivax GEEI.
Исто така интересно е што може да се забелеши внатрешната единица на CRYPTON CSGBI12AA (четврта по ред на страна 1 од упатството), уред за кој постои веројатност исто така да претставува некоја ремаркирана варијанта на GREE Cozy. Димензиите на неговата надворешна единица иста така до милиметар се совпаѓаат со оние на Cozy/GEEI, а додатна коинциденција претставува и што производителот употребува потполно исти икони за опишување на карактеристиките (стр.10) на моделите со оние што се користат во Gree каталозите. Но сево ова може и да не е точно.
Она што не ми е јасно е зошто Gree во сите негови каталози од последниве неколку години го става Cozy над Chadge на скалилото на инвертери и според нив Change претставува влезен модел. Според сервисното упатство за Change тој изгледа посилен модел со Daikin компресор кој воедно има и поголем распон на топлински капацитет (0,6kw - 5,13kw) наспроти распонот на работа на Cozy (0,88kw - 4,4kw) (вредности за температура од +7C), а притоа троши помалку (има подобар COP фактор). На страна 13 е даден график кој го прикажува опаѓањето на топлинскиот капацитет зависно од надворешната температура, за Cozy/GEEI е на страна 10.
P.S. Каде може да се провери дали Change и GEEI имаат греач на компресор и/или кондензатор (секаде ги пишува со различни имиња: crankcase heater, deicer, electric heating interface) ?
