Македонска берза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Сега за сега од окулу 10 фирми за 3кв само една го надминала ланскиот кв3 така да (n) за сега. Може покрупните риби ќе го оправат впечатокот. Сега за сега не мириса на добро.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Ej шо ми бил добар ников на кирилица :)

Здраво на сите! Нов сум на форумов, ама не и на МСЕ: бев доста активен на мојновац, па некои може ме памтат.

Тука ќе се обидам да споделам некои мои мислења и искуства. За почеток, колку за транспарентност, портфолиото по маркет вредност ми е ГРНТ, КМБ, ТЕЛ, ТНБ, ОКТА, СПАЗП

Иначе сум инвест физичко лице, пребивалиште Јунајтед Јуроп, отсек приватен бизнис.

Од политика поддржувам мал и ефикасен државен апарат, ниски даноци, и едноставна регулатива, со еден збор све што е про-бизнис.

Толку за сега, до скоро пишување!
Прв пост и веднаш 12 "лајкови". Љубоморен сум. :pistoldz:
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
"Aelius", лоцирана во Луксембург а поврзана со бразилската EMS SA, понудила 16 мил евра за 93,7% од Galenikа, плус преземање на долг од 25 мил евра. Проценетата вредност на капиталот кој се нудел на продажба е негативна, -152 мил евра.
Банките на кои Galenikа должела 71 мил евра биле согласни да следниот сопственик им исплати 25 мил евра, со што би го откупил вкупниот долг со дисконт.

http://www.b92.net/biz/vesti/srbija.php?yyyy=2017&mm=10&dd=26&nav_id=13184521

кој е маж сега да пресмета колку вистиски вредат во моментов Алкалоид и Реплек :)
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
А што ќе биде кога ќе излезат билансите на останатите фирми (Granit, Beton . . .) . . .
Гранит ќе биде добар, Бетон катастрофа!
Абе сето ова што го набројувате не може да се случи заради 5 месеци, од кои сеуште Грујо ги држи сегде работите преку разни блокади во собрание, судови, ... туку ова е резултат на катастрофално, криминално и расипничко водење на земјата години наназад.
Не бе не може, ја утнале трасата на 2,99 автопати, место да ишол кон Охрид овие кон Гостивар го правеле, овој па за Штип што е имал премногу нерешено имотно правни односи, а со закон можеш да градиш и да се судеш 100 години ако сакаш, оној па кај Демир Капија една бандера една година не можат да преместат... тоа...

Оваа се само покрупните работи, да не почнеме да ги набројуваме поситните.
Но не е се така црно . . . акцијата барем е ефтина . . . Ако падне уште малку можеби пак ќе се вратам .
На Бетон сигурен сум дека ќе падне, промената на власта лошо влијаеше, имаат земено проекти ама летово пола од работниците им избегаа.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Од ФЕНИ зависи 1,5% од БДП . . . И заради Фени и Југохром БДП е негативен . . .
Владата може да анализира и дебатира колку сака, но без овие два комбинати ТОЛКУ . . .
А колку банките ќе заглават ќе видиме . . .

http://makfax.com.mk/daily-news/пропадна-договорот-со-бугарите-фени/

http://newsroom.mk/ako-nema-dogovor-so-bankite-bugarite-se-povlekuvaat-vrabotenite-od-feni-utre-na-protest/

Уште минатата недела пишував дека бугарите се сумливи, не се во оваа индустрија туку се трговци со струја, а информациите велат дека французи, бивши газди Жак Мопа, се заинтересирани за Фени . . . И место да се даде на некој што е искусен Анѓушев и Хари Еб**** ги фаворизираат бугарските трговци со струја да станат „металурзи“ . . . . .
Дај замолете го Жак Мопа да ги избави Фени од гомна . . . . И побрзајте зошто струјата за печките сите ја плаќаме . . . .
Комерцијална глави близу 30 милиони ЕУР во Фени, а Стопанска Скопје 10 милиони . . . .

п.с.
За Фени сум заинтересиран поради КМБ и СТБ, таму сум акционер...
А како граѓанин неќам да плаќам за туѓа приватна пропала фирма...
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
На бетон и без грујо им се паднати приходите 20-30% последните неколку години исто и на гранит, за гранит нема зема оти прави градежни материјали и уште едно чудо погони има за производство на материјали железа, тротоари....додека беск е позната приказна немерлива категорија со гранит.
 
Член од
2 април 2017
Мислења
186
Поени од реакции
154
Beton spored segasnava cena od 11000 vredi samo 9 000 000 evra,smesna cena.Samo upravnata zgrada vredi poveke..
 
Член од
15 мај 2017
Мислења
17
Поени од реакции
3
@3D
treba da zemes predvid i:
- obvrski (posebno krediti kon banki)
- pobaruvanja (ova gledaj so rezerva - prasanje dali moze da se naplati del od niv)
- likvidnost i dr aspekti
ne e slucajno zosto BESK se trguva po taa "smesna cena"..
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
167
Поени од реакции
209
FAKT 1: Za zagrevanje na stan od 50 i kusur kvadrati Toplifikacija naplakjase 3000 denari, dodeka BEG mi napjakja 1500 denari.
FAKT 2: Otkako BEG go prevzema biznisot, stanot e mnogu podobro zatoplen.

Taka da ovie prikaski gi gledam kako podgotovka za uste edna bitka za prevzemanje na biznisot so toplinska energija.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom