Значи уште се лути на Левица, ако не беа тие, на изборите на 11 декември, СДСМ сигурно ќе имаше 60 пратеници, затоа шо на сите шо гласаа за дечките, сигурно им пишуваше на челото ако не е Левица ќе гласам за СДСМ, никој не ја зема воопшто во предвид варијантата дека ако влезеа во коалиција со СДСМ, голема е веројатноста добар дел од тие кои ги поддржаа како колку толку независна опција, да апстинираат од гласање.
Треба да се свесни за тоа.
Уште појако е оправдувањето за коалицијата СДСМ-ДУИ, расфрлање бројки, проценти, немало друг избор, реал политика, прагма била во прашање не требало филозофирање, ок.
Никој не вели дека не требаше да коалицира со ДУИ, исто како шо се искористија компромитирачките разговори за куп други неподобни бизнисмени, политчари и кој уше не за да се пацифизираат, рекет и сл, можеа да побараат повлекување на сите оние шо се компромитирани со корупција од ДУИ во тие разговори, вака сега се сведува на тоа дека е побитно да се имаат под контрола тие компромитирани функционери, слично на мениците од другата страна.
Или нема замена за командантите?
Не верувам дека нема чесни, образовани луѓе во ДУИ, додатно на проблемот е шо командантите се голема странска инвестиција.
Јасно е како ден сега дека МФ qr ги заболе за корупцијата и животниот стандард во МК, сосема други се целите, една од нив е анулирање на ВМРО како идеја, бришење од свеста, меморијата, ДПМНЕ е само почеток а корупцијата само изговор, основа за мобилизација против заеднички неријател на сите националности тука.
Крајна цел веројатно е решавање на т.н македонски синдром.
Најгласни во овој нов живот се тие шо беа заколнати комунисти а станаа најголеми капиталисти, тие шо го дефинираа врховизмот и албанскиот национализам како најголема закана за оваа земја, тие шо одобруваа и иницираа купишта оперативни обработки од службите по основ на истите, тие сеа ќе градат нешто, тоа се тие луѓе без никакви скрупули.
Уште да е вистина тоа дека се иницирани оперативни обработки по основ на македонски екстремизам, шо и да е тоа.
Модус операнди ист, целта иста, само средствата се засега нешто поразлични.