Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
концентрат + бца + глутамин не е еднакво на изолат, нема да навлегувам во теории, секој може да отвори интернет и да прочита што е точно изолат

сакав да слушнам реално практично искуство од земање на еден или друг и дали би одлучиле сепак за изолат и ако е поскап или би оделе со поефтин концентрат

еве конкретно ти што пиеш сега? што си пиел? резултати? сила/маса/рекавери/повеке енергија имаш на тренинг, значи нешто поради што би си одлучил за изолат
или потполно исти ти се гледат?

секако ова прашање за натурални ББ, тие што мават фарма, нормално се им е исто ако се на хормони ))

точно концетрат+бца+глутамине не е еднакво на исолат туку многу подобро

у изолат на 1 дозерка има одприлика 4.5 бцаа и 5 грама глутамин, 2 грама поише протеин од концетрат и 2 грама масти помалце

со концетрат у дозерка имаш 4 грама бца и 4.5 глутамин со тоа што ти остануваат пари да купиш накнадно бца и глутамин и ке имаш плус 5 грама бца и 5 грама глутамин, значи укупно 9 грама бца и 9.5 грама глутамин.

ти кажав предходно од концетрат и изолат не осетив никаква разлика , моментално пијам концетрат , глутамин , креатин , таурин и магнезиум , све освен глутаминот пиев , глутаминот скоро го додадов и остеив нешто подобар рекавери ,
 
Daily reminder that BCAA and Glutamine are a waste of money if you already drink whey protein.
 
неможе да е waste of money ако ми дава подобар рекавери
 
@Psyside Ти си поупатен во овие работи. Витамин К2 се наоѓа кај нас и каде?

Има и K2 MK7, не само K2, али доверливоста на брендот ми е сомнителна. Дури и со проверен бренд, к витаминот промовира коагулација, ако имаш проблеми од тој аспект може да направи голем проблем - така да не го препорачувам да се суплементира. Имав лошо искуство на 2 пати. Ако инсистираш и покрај тоа, остео к2 се викаат....или барај K2 MK4, напомена овој суплемент бара масен оброк за да работи како што треба. Само со вода ако го пиеш ништо не праиш.
 
Какви лоши искуства имаше? Нешто послаба циркулација или?
 
Какви лоши искуства имаше? Нешто послаба циркулација или?

Да, и полошо од тоа, осетив влошување на carpal tunnel syndrome. Зошто сакаш да го суплементираш? јади повеќе спанаќ, заедно со масти работи скоро исто.
 
Да, и полошо од тоа, осетив влошување на carpal tunnel syndrome. Зошто сакаш да го суплементираш? јади повеќе спанаќ, заедно со масти работи скоро исто.
Емајлот на некој од забите ми е истенчен, читав дека помагал во обнова и минерализација на коските.
 
Емајлот на некој од забите ми е истенчен, читав дека помагал во обнова и минерализација на коските.

Магнезиум, д3, и борон исто така помагаат осетно во синергијата и насочувањето на калицумот кон забите - наместо во ткивата/артериите.

Да не те лажат само да суплементираш калциум, ако веќе мора да зголемиш внес - додај сусам (интегрален) во исхраната и горенабројаните нутриенти.

D3 - масен раствор (најмалце 3.000 единици на ден)
Магнезиум цитрат Now Foods - (најмалце 300мг на ден)
Борон цитрат/глицинат (зависи што има кај нас - најмалце 3мг на ден - заедно со магнезиум)
Витамин ц - 3x1 грам на ден
Витамин А - ретинол (10.000 единици на ден - 3 недели)

Напомена, Д3 НЕ СМЕЕ да се пие без магнезиум, потенцијалот за проблем е голем ако суплементираш само D3.
 
Заедно или? Пошто јас имам навика да пијам магнезиум насабајле.
 
Не мора заедно, во текот на денот, иако најдобро е заедно. Магнезиум кога пиеш осеќаш буст на енергија, или те смирува?
 
Користам MyProtein Whey 2.5kg 2850ден. дали вреди да го менувам со Amix Whey Phusion 2.3kg 3000ден?
 
Користам MyProtein Whey 2.5kg 2850ден. дали вреди да го менувам со Amix Whey Phusion 2.3kg 3000ден?
А зошто би го менувал?
Слични се по растворливост, а на хартија повеќе протеин имаш во Myprotein.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom