Од 91 година наваму откако знам за себе мојата фамилија отсекогаш гласала за ВМРО-ДПМНЕ. Некогаш биле поактивни некогаш не, но секогаш гласале за нив, вклучително и јас. Дефинитивно овие локални избори го дозакопаа ВМРО-ДПМНЕ какво што го знаевме досега. Ако на парламентарните избори лани во Декември имаа предност од 100 илјади гласови, сега на овие локални таа предност се прелеа кај СДСМ, па дури и повеќе. Прв пат после толку години владеење на ВМРО гледам нивни членови толку разочарани и потиштени што не знаат од каде да ја фатат вратата да излезат од штабовите. Дури и самите членови коментираат дека оваа кампања била најслаба досега што ВМРО ја има направено, а политиките на Груевски дефинитивно го уништија духот и идеологијата на партијата, и според мое лично мислење барем во наредните 10 години тешко дека ќе успеат да издвојуваат победа на некои наредни избори. Треба да се направи комплетна реформација на партијата и нивната политика, а Груевски да замине во историјата исто како Љупчо Ѓоргиевски.
Од друга страна сакам да им честитам на СДСМ за победата, бидејќи со опозиција каква што е ВМРО сега очекувам и на наредните избори да издвојуваат победи. Тие барем знаат од искуство што значи да бидеш уништена опозиција и колку работа и време треба за да се издигнеш повторно и да дојдеш на власт. Можеби и тие не дојдоа на власт на најдобриот и најпаметниот можен начин, но за разлика од ВМРО доста попаметно одиграа многу работи. Се надевам дека ќе владеат многу подобро од ВМРО и ќе мислат на Македонскиот народ и на оваа напатена земја. За крај сакам да ги прашам дали планираат на ваков начин да владеат и тие? Бидејќи ако е ова нивниот модел на владеење, тогаш нека знаат и нека гледаат пример како ќе завршат после некое време. Ова што му го направиле вечерва на Стевчо Јакимовски, а гласовите уште не се целосно преброени и изборите не се завршени, фрла црна дамка врз нивното владеење уште од старт.