Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.103
Поени од реакции
3.301
По пресот мислам дека ќе даде оставка, иако кажа дека имало нерегуларности, нерегуларностите не се причина за големиот пораз.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.194
Поени од реакции
85.811
Падот на ДПМНЕ почна пред 3 години, кога си ја потцени младината во државава. Кога сите студенти се сплотија и излегоа на улица, Курирци и компанија им цртаа кругчиња на главите. Можеби потоа се испостави дека СДСМ имаа вмешано прсти во тие протести, ама никој, ама баш НИКОЈ неможе да ме разубеди дека првите два протеста на студентите (оние најмасовните) биле партиски мотивирани. Тогаш цела младина во земјава се крена на нозе, а ДПМНЕ и ДУИ (тогаш беше Адеми за образование) пробаа да ги оцрнат протестите.

Еве после 3 години ги гледаме резултатите, дебакл и на ДПМНЕ и на ДУИ
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Од 91 година наваму откако знам за себе мојата фамилија отсекогаш гласала за ВМРО-ДПМНЕ. Некогаш биле поактивни некогаш не, но секогаш гласале за нив, вклучително и јас. Дефинитивно овие локални избори го дозакопаа ВМРО-ДПМНЕ какво што го знаевме досега. Ако на парламентарните избори лани во Декември имаа предност од 100 илјади гласови, сега на овие локални таа предност се прелеа кај СДСМ, па дури и повеќе. Прв пат после толку години владеење на ВМРО гледам нивни членови толку разочарани и потиштени што не знаат од каде да ја фатат вратата да излезат од штабовите. Дури и самите членови коментираат дека оваа кампања била најслаба досега што ВМРО ја има направено, а политиките на Груевски дефинитивно го уништија духот и идеологијата на партијата, и според мое лично мислење барем во наредните 10 години тешко дека ќе успеат да издвојуваат победа на некои наредни избори. Треба да се направи комплетна реформација на партијата и нивната политика, а Груевски да замине во историјата исто како Љупчо Ѓоргиевски.

Од друга страна сакам да им честитам на СДСМ за победата, бидејќи со опозиција каква што е ВМРО сега очекувам и на наредните избори да издвојуваат победи. Тие барем знаат од искуство што значи да бидеш уништена опозиција и колку работа и време треба за да се издигнеш повторно и да дојдеш на власт. Можеби и тие не дојдоа на власт на најдобриот и најпаметниот можен начин, но за разлика од ВМРО доста попаметно одиграа многу работи. Се надевам дека ќе владеат многу подобро од ВМРО и ќе мислат на Македонскиот народ и на оваа напатена земја. За крај сакам да ги прашам дали планираат на ваков начин да владеат и тие? Бидејќи ако е ова нивниот модел на владеење, тогаш нека знаат и нека гледаат пример како ќе завршат после некое време. Ова што му го направиле вечерва на Стевчо Јакимовски, а гласовите уште не се целосно преброени и изборите не се завршени, фрла црна дамка врз нивното владеење уште од старт.

 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.209
Поени од реакции
21.947
Да се повлече Груевски од вмро, да легнат затвор овие што ги слушавме по бомбите е супер старт. Тогаш и плавиве ќе се замислат што прават додека се на власт и дека Идризово ги чека во секој момент.
Пред една година Фринџ го напиша најнаивниот пост кога рече дека тогаш било моментот СДСМ и ВМРО да се здружеле или така нешто. Да не ме сфатиш погрешно ама овај твојот мислам дека е тука некаде по наивност а ќе имаш прилика да видиш и зошто.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.697
Падот на ДПМНЕ почна пред 3 години, кога си ја потцени младината во државава. Кога сите студенти се сплотија и излегоа на улица, Курирци и компанија им цртаа кругчиња на главите. Можеби потоа се испостави дека СДСМ имаа вмешано прсти во тие протести, ама никој, ама баш НИКОЈ неможе да ме разубеди дека првите два протеста на студентите (оние најмасовните) биле партиски мотивирани. Тогаш цела младина во земјава се крена на нозе, а ДПМНЕ и ДУИ (тогаш беше Адеми за образование) пробаа да ги оцрнат протестите.

Еве после 3 години ги гледаме резултатите, дебакл и на ДПМНЕ и на ДУИ
Пресудно за катаклизмата на ДПМНЕ беше ангажирањето на Бетмен Велит, од тогаш бел ден не видоа.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.014
Поени од реакции
3.757
Требаше новинарите да го задржат уште некоја секунда Грујо, да му поставеа уште едно прашање ке се истуреше од плачење. Оставката му е веке извесна. Единствен начин да останеше претседател на партијата му беше да ги добие овие локални избори, ке имаше алиби- зошто да поднесе оставка кога партијата под негово водство победува. Вака оставката му е неизбежна оти во спротивно ке следи тотален распад на вмро и негово сведување на партија од рангот на дом, гром, вмро вистинска....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Пред една година Фринџ го напиша најнаивниот пост кога рече дека тогаш било моментот СДСМ и ВМРО да се здружеле или така нешто. Да не ме сфатиш погрешно ама овај твојот мислам дека е тука некаде по наивност а ќе имаш прилика да видиш и зошто.
Владе никаде не реков дека тоа ќе се случи, туку дека треба да се случи ако сакаме да заличиме на држава. Ајде сега цитирај ме пак и прашај ме дали сум сериозна дека ќе сме заличеле на држава?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Гвујо се тресеше или мене така ми се виде? На човек повеќе не личи, бабуросан, со подочњаци, гласот трепери.

Како велеше, тече низ ногавици? На почетокот од 21 век се обиде да направи Белорусија од Македонија, се правеше мангуп на амбасадори, беше фатен со турнати гаќи и зборуваше за жолти комибиња.

Одамна некој вака не се преценил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom