И јас се обидувам да рационализам, но не се глувци, мачки. Се слуша како да се преместуваат тешки предмети. Се осеќа вибрација по ѕидовите. Некогаш се слуша како некој да удира во ѕидот. Силни, тапи рамномерни удари. Се слуша понекогаш како некој да трча, со тешки чекори. Кога има луѓе преку ден, не се слуша кога се движат, нема никакви звуци.
Не сум ги чул само јас. И жена ми исто има слушнато, ама тоа два три пати се десило зашто обично рано заспива. Пред една недела бев сам дома и дое другарче, игравме сонка цела вечер. Јас од што сум навикнат, не му придавам веќе важност на ова. Ме прашува, абе чоек кој тропа горе на тераса во два саат ( по полноќ). Пред 12 не сум слушнал дека тропа. Преку ден исто не сум слушнал, само касно навечер. Синоќа баш глеав филм и почна да лупа. Глеам на саат, тачно 12,цагер. Се ежам кога пишувам. Еднаш викам, ај ќе се качам баш да видам што може да биде, кога тоа врата заклучена однадвор со катанец. Се симнав во стан, пак продужи тропањето.
Едино ми било глупо да го прашам комшијата од спрат дали они нешто приметиле.[DOUBLEPOST=1507664825][/DOUBLEPOST]
Дои на гости, слободно. Само кажи два три дена унапред, да менаџирам. Коа ќе прилупа, ете качи се види што е како е ќе ти бидам благодарен. Сериозен сум.