Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво @Dexter26 те читам на темава и доста се разбираш од проблематикава, па сакам да те прашам нешто, кога ќе кажеш 800 метри, мислиш на таа должина по бакарна линија или воздушно? Друго, што во урбани средини кај што има поголемо растојание од централа, пример 1200-1500 метри и повеќе, ќе го даваат тој ZTE рутерот или тешко? Исто и да е поблиску до централа од 800 метри што ако е оштетен кабелот неколку кратно (немаме подземен катастар, па често од иста страна се кабли и цевки од водовод/канализација, па при некој дефект обавезно страдаат телефонски кабли). Баш би сакал да прочитам тцое мислење за ова.

Растојанието игра огромна улога, колку се подолги каблите, толку повеќе може да доцни сигналот, а уште полошо е ако каблите патуваат низ бандери, па сигналот се дели од една бандера на повеќе куќи, па потоа од таа бандера продолжува кабелот на некоја трета, четврта, петта бандера итн, па од таму повторно се дели на повеќе куќи, бидејќи низ колку повеќе бандери поминуваат каблите и колку повеќе продолжетоци има од една бандера кон друга, толку повеќе ќе доцни сигналот.

Во урбаните средини каблите се претежно под земја, повторно има загуба, но бидејќи се претежно под земја, загубата на сигналот е многу помала, поради што тие 1200 до 1500 метри нема да бидат некоја сериозна закана за сигналот. Јас кога користев 3 Max пакет од Македонски Телеком, имав стабилен Интернет и никогаш немав проблеми, со исклучок на рутерот кога прегоре еднаш - и тоа само еднаш во 2 години колку што траеше договорот пред да го раскинам и да се исклучам од тогашен Ти-Хоум, односно денешен Македонски Телеком. За волја на вистината, јас не знам каде е локалната централа на Македонски Телеком во мојата населба, бидејќи вообичаено централата е во истата зграда во која е локалната пошта, но тоа не е случајот со локалната пошта во мојата населба, која е оддалечена на отприлика половина километар од мојата зграда.

Ако мислиш на ZTE рутерот од кој објавив слика и линк во горниот дел од пост #10801, тој рутер многу слабо влече сигнал во руралните средини и во местата кои се на поголема оддалеченост од локалната централа, поради што повеќе практикуваат да ги даваат на користење кај корисниците кои живеат поблиску до локалната централа, особено во урбаните средини. Добрата вест за овој рутер е дека повеќе не им пристигнуваат вакви рутери на залиха, поради што се` поретко го даваат на користење.

А ако мислиш на новиот рутер Speedport Entry 2 од кој објавив слика и линк во горниот дел од пост #10797 две страници поназад, тој веќе го даваат на користење на новите корисници, како и на постоечките корисници кои ќе пријават проблем со сигналот или Интернетот или телевизијата - можеби не им го даваат на користење баш на сите постоечки корисници кои пријавиле технички проблем, но сепак им го даваат на повеќето постоечки корисници.

А кога сме кај оштетувањата од раскопувања, за жал тоа е проблем кој трае и ќе продолжи да трае и во иднина, се` додека не се направи потребниот подземен катастар.

Мене не ми е проблем да земам каков сакам рутер....и овој што го имам ми го заменија така..другарски, пошто првиот од време на време сецкаше што најмногу се чуствуваше слушајќи онлине радио. Откако ми го сменија рутерот..све е ОК.
Ми ја мереа линија..покажувала око 20 мб/с, од кои 8 на интернет, а другите на двата телевизори

Но сепак велиш дека кога се вклучени двата IPTV рисивера за MaxTV, Интернет брзината се намалува. Бидејќи велиш дека капачето ја успорува телевизијата, повеќе од очигледно е дека е потребно преработување на приклучокот или кај тебе дома, или на бандерата/изводната табла, или во централата.

И како што веќе спомнав, ако ти дале од старите ZTE рутери на користење, воопшто не ти направиле услуга, дури и да живееш во близина на локалната централа, ако сигналот го добиваш преку бандера, сигурно има барем 1 (ЕДЕН) продолжеток од твојот дом до централата, а секој продолжеток само му ја отежнува работата на ZTE рутерот за да се поврзи со централата.

Ако ти ставиле од старите Speedport W 503V или од новиот Speedport Entry 2, тогаш тој рутер одлично фаќа сигнал и преку продолжетоци, што значи дека проблемот дефинитивно не е во рутерот, туку или во телефонскиот кабел кај тебе дома - тој кој доаѓа од бандерата/изводната табла, или кај самата бандера/изводната табла, или во централата.
 
Имам од тие рутерите што имаат од долна страна држач....
кога ќе влезам во рутерот преку Ип адресата, го дава ова:
Speedport W 503V
 
Да не ви навлегувам во дискусиите , забележувам дека малце ги разбирате работите . Доколку рутерот ви е менуван и на него има налепница со (микротел ) да знаете дека е репариран и не се чудете ако имате проблеми .Има и други фактори за проблеми , како внатрешна лоша и несоодветна инсталација .Техничарот треба да го среди тоа (замени ) а не само колку да помине редот .Фактор (изводи) од каде што добивате сигнал , мн од изводите се во лоша состојба, се прикрпуваат за додека дојде оптиката на тој регион . 4г рутерите не ги ставаат секаде , треба корисникот да има 2мб линија за да добие (евентуално) таков рутер .На тој рутер неможе да работи мах тв ако е мн слаба телефонската линија .Тој рутер само добива интернет што работи независно од тел линија 4г а телефонската линија (дсл ) е потребно за да се закачи на плаформата од телеком за да работи воип от или иптв .Да сумирам, стари кабли , далечни места од центаралата ( мах 5км ) , лоша внатрешна инсалација , и лош техничар се фактор за лоша услуга .И немојте да мислите дека со оптиката е идеално , и таму има (сигнал или слабеење ) ... зависи техничарот како ке залепи (сплајсува ).За во ск можам да помогнам со совет околу проблем со бакар и оптика .
 
Ма какво сметање во дискусијата....дај вака кажувај за вакви проблеми. Сите сме на форумов за помош и дискусија, а не за докажување кој е кој...
 
Интензивно се работи на миграција бакар - оптика .За година дена централните подрачја на Скопје ке бидат сите префлени .Приоритетни се оние што имаат проблеми каде не се испорачува целосниот пакет . Но луѓево се тешки кога ке се спомене бушење , кабли ова она и си тераат по старо .Но има рок после тоа сами ке молат. Доколку ви се јават за миграција бакар- оптика не одбивајте (иста цена иста брзина но со мала доплата може да добиете и повеќе )
 
Имам од тие рутерите што имаат од долна страна држач....
кога ќе влезам во рутерот преку Ип адресата, го дава ова:
Speedport W 503V

Е па тогаш имаш еден од подобрите рутери, но @Име И Презиме во пост #10818 ме потсети за тоа со поправаните рутери.

Да, ако рутерот има налепница од Микротел, тогаш значи барем еднаш се расипал и бил поправан, а тоа воопшто не ја олеснува ситуацијата, многумина се жалат на послаб безжичен Интернет од поправаните рутери, а биди сигурен дека и послабо ќе фаќаат сигнал ако станува збор за поправан рутер.

Да не ви навлегувам во дискусиите , забележувам дека малце ги разбирате работите . Доколку рутерот ви е менуван и на него има налепница со (микротел ) да знаете дека е репариран и не се чудете ако имате проблеми .Има и други фактори за проблеми , како внатрешна лоша и несоодветна инсталација .Техничарот треба да го среди тоа (замени ) а не само колку да помине редот .Фактор (изводи) од каде што добивате сигнал , мн од изводите се во лоша состојба, се прикрпуваат за додека дојде оптиката на тој регион . 4г рутерите не ги ставаат секаде , треба корисникот да има 2мб линија за да добие (евентуално) таков рутер .На тој рутер неможе да работи мах тв ако е мн слаба телефонската линија .Тој рутер само добива интернет што работи независно од тел линија 4г а телефонската линија (дсл ) е потребно за да се закачи на плаформата од телеком за да работи воип от или иптв .Да сумирам, стари кабли , далечни места од центаралата ( мах 5км ) , лоша внатрешна инсалација , и лош техничар се фактор за лоша услуга .И немојте да мислите дека со оптиката е идеално , и таму има (сигнал или слабеење ) ... зависи техничарот како ке залепи (сплајсува ).За во ск можам да помогнам со совет околу проблем со бакар и оптика .

Потпис за се` што спомна !!!

Навистина заборавив на поправаните рутери, а клучен фактор се во проблемите со слабиот сигнал и слабиот безжичен Интернет.

И да, се што спомна за лошите кабли, лошата внатрешна инсталација и лошиот техничар, се чисти вистини, исто како и изводите кои се во катастрофална состојба во делови од Скопјево.

По сосема случајна игра на судбината, додека бев на гости во Мирковци - реон Чаир, на соседот на пријателот кај кого бев на гости му ја поправаа телефонската линија, само што не ја доправија - сите сандачиња на бандерите се без капаци, па кога ќе заврне дожд, отиде и сигналот и сите услуги кои доаѓаат од него, ова беше во ноември 2016 или декември 2016, можеби ги средиле во меѓувреме бандерите, ама не верувам.
 
Во Скопје оди побргу таа работа, конкретно во Охрид заглавена е оптиката на две-три улици и толку. Стандардно објаснување, те дозвола за копање, те поминал тендерот кој да е подизведувач... За жал ќе се изначекаме за та пуста оптика.
 
Злааатен Инфееел. :D
 
Злааатен Инфееел. :D
За ТВ да, за интернет не, ако не потпишиш договор на две години, ако не платиш до 5-ти во месецот, ојде интернетот. Алтрасат е порелаксиран во тој поглед, исто и Телекабел.
 
Телеком има ангажирано фирми (подизведувачи ) за копање и местење на оптиката ,правење на проектите и трасите .Но проблемите се кај луѓево што не прифаќаат нови работи така лесно , посебно каде што треба да се копа или буши . Затоа иде споро со оптиката некаде, но сигурен сум дека до 2020 бакарот ке биде историја .

Ги познавам монтерите од централата чаир , го знам и регионот мирковци .Не се виновни што некој пред нив не се грижел за мрежата ( само тоа ке прокоментирам ) .Телеком како што кажав прикрпува некаде со бакарот за да работи додека дојде оптиката . Немојте да подценувате места , да знаете има далечни места во ск каде што веќе има поставена пасивна оптика .Да се поврзе на базните и се активира за брзо време (петровец пример ) ....
 
Ааа да, заборавив на Телекабел, заборави на златен Инфел, со златен Телекабел си имаш и аналогна и дигитална кабелска телевизија за 450 денари и кабелски Интернет за уште 400 денари повеќе.

Не може да се споредува со оптичкиот Интернет или со VDSL Интернетот, но ќе имаш добар и стабилен Интернет.

Според тоа што на мене ми го имаат кажано момците од Ериксон, Македонски Телеком планира бакарната телекомуникациска мрежа да ја дава на користење на останатите телекомуникациски оператори и да им наплаќа за тоа, се разбира.

Можеби грешам, но тоа ми го имаат кажано од Ериксон.

Инаку, кога сме кај подизведувачите, имам пофалби само за Фибернет МК кои го држат реон Центар, најпрофесионално си ја вршат работата, а не работам за нив, да не ме разбере некој погрешно.
 
Ааа да, заборавив на Телекабел, заборави на златен Инфел, со златен Телекабел си имаш и аналогна и дигитална кабелска телевизија за 450 денари и кабелски Интернет за уште 400 денари повеќе.

Не може да се споредува со оптичкиот Интернет или со VDSL Интернетот, но ќе имаш добар и стабилен Интернет.

Според тоа што на мене ми го имаат кажано момците од Ериксон, Македонски Телеком планира бакарната телекомуникациска мрежа да ја дава на користење на останатите телекомуникациски оператори и да им наплаќа за тоа, се разбира.

Можеби грешам, но тоа ми го имаат кажано од Ериксон.

Имаа преговри со Оне но откога се споија со вип пропадна договорот .Сега нивните корисници на адсл си ги префрлаат на вип мрежата .
Други заинтересирани и нема и нема да има .Ериксон е потенцијален кандидат за воздушната и подземната мрежа да ја земе под концесија додека не се имплементира оптиката секаде .Бакарот е тежок за работа и одржување , си бара техничари што ја разбираат мрежата и централите .
Ова со кабловските и разно разни летечи провајдери јас не ги признавам ,
тапа се !
 
Ааа да, заборавив на Телекабел, заборави на златен Инфел, со златен Телекабел си имаш и аналогна и дигитална кабелска телевизија за 450 денари и кабелски Интернет за уште 400 денари повеќе.

Не може да се споредува со оптичкиот Интернет или со VDSL Интернетот, но ќе имаш добар и стабилен Интернет.

Во глобала сум задоволен од Телеком, веќе појќе од 10 години сум на нивни интернет и секогаш биле брзи и профи во однос на одстранвење проблеми, од Инфел ги знам појќето, не се за машала сем два-тројца :D Телекабел имат стабилен интернет, ама ТВ катастрофа, а Алтрасат е ко прв брачед од Телекабел. Ќе бидит поарно галиба мајку му стара.
Иначе рутер имам Спидпорт или како шо го викет тие AVM, многу убав за менаџирање, само многу осетлив на нестабилен напон.
 
AVM покажува за 20 % повеќе од квалитетот од линијата, затоа техничарите мерат и носат зте .Во суштина АВМ е добар рутер , германско производство но не е за Македонски услови .Нестабилна струја , громови во бандери по бакарот горат рутерите слаба заштита, и софтверски заглавуваат (некогаш ) . Доколку ти е нов рутерот терај си , ако се расипе никако менување таков (репариран )
 
Ево во каква состојба е линијата после дожд. Чим исушит се враќат во нормала све.Screenshot_2017-10-07-21-34-10.png Screenshot_2017-10-07-21-35-42.png[DOUBLEPOST=1507405203][/DOUBLEPOST]
AVM покажува за 20 % повеќе од квалитетот од линијата, затоа техничарите мерат и носат зте .Во суштина АВМ е добар рутер , германско производство но не е за Македонски услови .Нестабилна струја , громови во бандери по бакарот горат рутерите слаба заштита, и софтверски заглавуваат (некогаш ) . Доколку ти е нов рутерот терај си , ако се расипе никако менување таков (репариран )

Заради од оне.ВИП сум решен да се префрлам на Телеком/Магента, плус попуст ќе дает зш префрлам два мобилни, имам неколку познаници кој би ми завршиле работа за да го земам новиот Спидпорт рутер, галиба ќе е поарно со него. Иначе е првиот рутер од ко ми го дадоја, не е менат, не е репариран.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom