Јас Косово како опасен преседан никогаш не сум го оправдал, напротив. Во Косово имаше граѓанска војна и еден куп срања.
Денешното модерно уредување на либерална демократија го познаваме од 20ти век после Втора Светска Војна. Пред тоа ретко каде имало избори и владееле кралеви и султани врз основа на верски книги. Тоа тогаш било друг свет и друго време, не може да се прави споредба со денес. Не ни постоеле многу од принципите што денес ги имаме како столбови на општественото уредување.
Само за споредба, Шпанскиот устав од 1978 е прифатен на референдум и во Каталонија со 2,7 милиони гласови ЗА од 4 и пол милиони гласачи. Со поголем број гласови и поголем одзив од овој сега на референдумот.
Не само што нема легалност, нема ниту легитимитет во бројки оваа Каталонска влада за глупостите што ги прави.
Не е битно дали ти го оправдуваш, битно е дали Западот, или во конкретниот случај земјите членки на ЕУ, го оправдале. Зошто такви контрадикторности се многу битни за тој меѓународен систем базиран на правила што САД го изгради после ВСВ за земјите во својата сфера на влијание и со медијација на ОН, неформално го усогласи со оној на СССР. Ако правилата селективно се почитуваат и ад хок во секој конкретен случај се одлучува дали ќе се применуваат, тогаш тој систем нема никакво значење, не се применува, не постои. Тоа го предупредуваа неколку “помудри“ луѓе кои не беа инфицирани со триумфализам во моментот кога се случи преседанот со Косово, а тоа го знаеа и Русија и Кина кои до ден денес тријат раце ради тие неколку случаи.
Излезот го најдоа во тоа што се повикуваа на цивилизациски вредности, човекови права и слободи, единственото нешто што даваше легитимитет на сите авантури, што и не беше лоша основа. Арно ама, и таа врата си ја затворија со она што се дешаваше во неделата. Работата е што ЕУ (конкретно) го губи целиот политички и морален легитимитет со вакви неконзистентни ставови, а тоа може да биде многу поопасно за нив од што првично звучи. Сад се друга приказна, они имаат реална сила што им е поткрепа на политиката, а очигледно и они полека го мењаат курсот.
Така да аргументот за легалитет е комплетно без врска. Ако има право Шпанија на сила да го одржува уставниот поредок, има и Србија а има и Асад во Сирија и Кина во Тибет. Исто додека сме на тоа нека се потапшаат по грб и руските тролови, за нелегалниот пад на Јанукович и бомбардирањето на Либија.
Исто чудно е како вината за целокупниот ситен национализам присутен во цела оваа ситуација му се префрла само на каталонското раководство. Цел овој проблем е инфициран од национализам, зошто целиот landscape е инфициран, на кое ниво и да гледаш. Не знам зошто не се критикува повеќе Маријано Рахој, кученцето на ланец на лејди Меркел, за ситните дневнополитички поени што сака да ги добие и што редовно ги добива на база на национализам и што ја донесе ситуацијата до тука. Оваа тема е стара повеќе од 7-8 години, не е од вчера. Сите тие години од Каталонија се повикуваше на дијалог за барањето за повеќе фискална автономија по пример на Баскија и сите тие години Рахој не сакаше ни да слушне за преговори и играше hardball за да добие поен плус кај неговото гласачко тело, подржан од Меркел зошто единствен он верно и до гроб им играше по нивните мерки за штедење, кои и самите се израз на германскиот економски национализам (што очигледно никој не смее да им го извади како аргумент на Германците). Оваа состојба можеше да се избегне многу пред овој чин, а поголемиот дел од вината зошто дојде до него не лежи кај каталонскиот национализам.
Тоа беше причината и низ сите претходни години зошто оваа дебата се избегнуваше и му се даваше поддршка на Рахој, зошто 20% од буџетските приходи доаѓаат од Каталонија, мењање на статус квото и поголема фискална автономија ќе значеше полоша фискална позиција на Шпанија, што е бед њуз за целиот пакет на мерки за штедење и за северноевропските банки, па дури можеше да се случи и Германија една година да не сруши рекорд за суфицит во трговската размена.
Мада сега дојдоа до ситуација со своја секира по своја глава, зошто многу интересни ќе бидат последиците врз финансиската состојба на еврозоната ако Каталонија прогласи независност и не биде оставена да биде дел од ЕУ. Во секој случај, вистински лидери не оставаат ситуацијата да дојде до ваков стадиум.
А и гледајќи ги економските показатели и имајќи го во предвид примерот со Баскија, ја комплетно ги разбирам Каталонците зошто сакаат независност. Како моментално е структурирана ЕУ треба да си будала само ти да не си ги буткаш ситните национални интереси преку нивните институции.